Леле колку ја гледав серијава. Епизода не пропуштав. И коооолку само бев заљубена во Тијаго Добро, уште ми е убав, не викам не
Причините суеште не се познати, ама најверојатно како што читав и како што сите кажуваат, Еухениа сама, доброволно го напуштила бендот, зошто сакала да создава соло-кариера.
Мене серијава интересна ми беше ! Покрај целата научна фантастика и сето тоа, серијата изобилуваше со комични ситуации Омилени ликови ми беа/се Мар и Тијаго, Нико, Малвича, Барто, Хустина, Тефии
Уф, епизода не испуштав. И да, имаше мноогу фантазија, ама ако знаете да го протолкувате нејзиното реално значење - сте ја сфатиле поентата. Жал ми е што не продолжија со четвртата сезона.
Толку ми беше глупава серијава уфффф, мислам сега ми се превртува желудецот од тие нивни случувања,времеплови....итд Првите 2-3 емисии ги гледав со надеж дека е убава, ама кога видов како се игра орото, не фала-престанав да ја гледам
Сега Кузнајт кога ке ја даваат послдната сезона кај нас http://www.facebook.com/#!/groups/208620662494808/
Првата сезона не ја гледав редовно па како последица од тоа втората не ми беше многу јасна и ми беше глупава ама кога се ми стана јасно па од 2 и 3 сезона ни една епизода не пропуштив.Во летото имав седено до 2 сато за да ги гледам репризите.Детски памет И баш ми е криво што не ја дадоа 4 сезона но отприлика видов на нет што ке се случува
Ај нека ја даваат Ангели 4 на некој канал!! Дефинитивно ќе им се зголеми гледаноста ! Еве пример на Сител да ја даваат, ќе бидеме среќни и ние, а нив ќе им се зголеми гледаноста. Така Сител ќе биде телевизија за сите. А за серијава, можам да кажам дека е употребена премногу фантазија, ама сепак е интересна И ликовите се убави, скоро сите и знаат да глумат.
Првата сезона не ја гледав цела,втората цела со пропуштање епизоди,а третата само почетокот,ми се виде многу глупа и престанав да гледам.Како во секоја серија тие што се сакаат не можат да бидат заедно,се е против нив,они патат,ќе бидат некое време со некој што нив ги сака,ама не е тоа тоа :'( :'( Ама тоа ќе биде се до самиот крај на серијата кога се ќе се среди и тие ќе можат да бидат заедно Spoiler Примери Сиело и Нико,Тијаго и Мар,Тачо и хасмин..........
Серијава ја обожавав... Толку бевме опседнати со другарките што дури правевме и кореографии на сите песни.. Но кога престанаа да ја даваат на А1 не сакав да ја гледам на нет на шпански. Една другарка ја изгледа и 4 сезона така.
На видеово Мар од Ангели зборува дека скаат да дојдат во Македонија. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... P2JOyNIi7Q
Го имам гледано видеово. + вика дека не е само до нив туку треба да се покаже заинтересираност и од страна на нашиве продукции.
бев на гости кај братучетка ми која е помала од мене и нонстоп ја гледаше и јас мислев детцка глупост но постепено зш незнаев што да правам тоа време и јас почнав да ја гледам и стварно беше интересна и поучна и потоа сите сезони ги изгледав и јас сакам да продолжи