А како тоа Тефи не знае дека има син?? како што знам јас таа го нема изгубено мислењето и сеуште памти
Spoiler Абе луѓе колку пати да се кажее!!!!!!!!!!!! Нередито е од ИДНИНАТА дојден.. Вака сега.. времето која Тефи го родила Нередито сеуште не е дојдено.. Односто по одредено време, тоа време ќе дојде, ќе се роди Нередито, ќе порасне и ќе дојде во сегашноста, и ете дојде, додека Сиело, Нико, Малвина - тие се во минатото.. Сега разбра ли? Исто и со Алај, Јасмин и Тачо.. Сега е времето пред Јасмин да ја роди Алаи, ама во иднината таа ја родила, ја пораснала и сега Алај се вратила тука како ќерка на Лус.. А зошто и како дошла до неа ќе ја прашате натич, јас не знам многу на оваа тема.. ОК? Инаку како што на сите ги викаат со „ито“ на крајот „Начито“, „Тачито“ итн., Нередито би се викал Неред.. (БИ се викал Неред)
ајдее каша попара ја направиле серијава интересна ми беше прва сезона, втора некаде до кај половината али претераа. се` измешаа, сегашност-иднина-минато-иднина-сегашност-минато-иднина.. ајдее. офф туку да не тропам многу, сакав само да кажам дека интересна ми е серијава за гледање, малку нејасна и испомешана, али многу и се радувам затоа што е и единствена шпанска серија што ја даваат на телевизиските канали. ми недостигаше некоја добра шпанска серија и се испорадував кога почна да се емитува.
Јас верувале или не ниту еднаш ја немам фатено на телевизија, можеби оти Сител не ја ни пуштам во последно време. Како и да е, немам ни некоја желба да ја гледам, премногу фантазија од тоа што читам. Јас додуша ни третата сезона не ја гледав. Кога ќе размислам подобро само првата ја имам изгледано цела, за втората не се сеќавам баш. А и помала бев тогаш, сега не сум баш за ваков тип на тинејџерски сериички . Исклучок Млади Бунтовници, таа и стопати би ја гледала. Арно кажале понапред сите што не сте ја гледале МБ може да мислите дека ова е нешто чудо од серија .
Нина ми стана многу мила и симпатична.Ќе му даде надеж да Тијаго со тоа што ќе му ја покаже сликата. Додека Љека трчаше по Але таа го откачуваше,но сега таа го бара а Љека ја откачува. Браво за него.Затоа ќе си е со Палома.
Што мати оваа Нина? А иначе како Нердито може да е син на Тефи и Начо,кога Начо на крај ќе биде со Каридад?
Со Тефи ќе е. Инаку,сличајно додека пуштав некоја песна од Ангели,сосем случајно наидов на видеото од 3 сезона,кога Рама ослепе,кога се обидуваа да го смират и кога сите плачеја.Го гледав и јас плачев. Колку ми падна жал.А се сеќавам дека и кога се емитуваше 3 сезона на тој дел заплакав.
а оваа тера која е? јас пропуштив неколку епизоди и сега не ми се јасни некои работи.. од кај се знааат со лука?
Се изнервирав еј .... Ич не ја сваќам оваа сезона .. Па се испомешаа. Минато-иднина-минато-иднина ! Тој син на тие , таа жена на тој.. Тефи колку деца има бе ? И дечковци ? Нема смисла оваа сезона...