Абе ајдее па јас више не гледам и плус заборавам да ја гледам,може од другата недела пак ќе почнам. Ама ништо не разбирам се ми се измеша незнам више кој со кој е,овие се изнапраиле деца и сеа тие си доаѓаат во иднината
дали некој знае од која песна е музиката која ја пуштија прееска на крај кога нина се приближуваше накај мар? ептен ми се допадна.
јас сите сезони ги гледав и се сеќавам на се ама оваа е многу замрсана бе треба да не трепнеш за да сватиш се
Пошто гледам дека се си сФатила, објасни ни за да сфатиме. Оваа Тера ми е крајно неподнослива. Сега за сега ми е јасно, малце " замрсено " ... ќе чекам да видам што ни носат следните епизоди, да не тапкаме во место. Се едно те исто, случувања, лаги, мистерија... Барем да бидиме задоволни што воопшто ни ја емитуваат, ги премолевме .
Нина всушност е клон од ќерката на Симон и Валерија,само е посвоена од Луз и Кристобал Spoiler Инаку Начо на крај останува со Каридад
Абе луѓе ај кажете ми,оваа министеркава Луз се викаше така па ме интересира која беше таа во претходниве сезони,ич не ми текнува,на кого беше ќерка...а Кристобал беше синот на Нико тој малиот,слако детенце со плава коса...сум заборавила
^Луз беше сестра и на Сиело( ако се сеќаваш во 1 сезона Хустина ја криеше во подрумот и ја лажеше) А Кристобал беше син на Нико ама се сакаа со Луз. Како беа слатки. Кристобал иначе беше син на Нико(вереникот на Сиело) Luz Cristobal
Ок,фала ти...и уште нешто сега ми текна,тој од трета сезона Хуан Круз-злобниот нели му беше татко на Камило-што ја сакаше Паз... е сега ме интересира каква врска имаше Хуан Круз со Менделај,дали некако со Нико беше во сродство или....абе се сум заборавила,а претходно сите сезони ги гледав ама одамна беше.
Да прашам јас..Нели Луз му беше сестра на Рама ? Или не му беше вистинска ? Нека ме просветли некој please
Хуан Круз му е вистинскиот татко на Тијаго.Тој бил избран од часовникот, т.е. бил клучот за Еудамон исто како и Сиело.Арно ама часовникот згрешил што го избрал него,бидејќи душата на Хуан не била чиста како онаа на Сиело и на Паз.Кога Хуан влегол во Еудамон требал да се претвори во ангел(како што се случувало со сите оние што се избрани за да влезат таму),но бидејќи немал добра душа се претворил во паднатиот ангел.Од тогаш па понатаму неговата душа бара тело во кое ќе може да влезе,но и тука се појавува проблем.Душата негова може да влезе само во телото на злобни луѓе и големи грешници,но таму не може да се задржи долго(телото на тој човек почнува да се распаѓа и умира). Хуан Круз се обидува да се врати во Еудамон за да го уништи,но тоа не може да го направи се додека не го убие клучот,што во трета сезона е Паз. Се надевам дека ме сфати нешто од нешто
Во вчерашната епизода Нина нели отиде во една мала куќичка за да се пресоблече,да се дотера.Е во таа куќичка ќе се кријат Spoiler Јасмин и Тачо со нивниот син,а истовремено Јасмин ќе биде бремена по 2 пат.
девојки, имам јас уште едно прашање. во прва сезона, не ми текнува дали беше крајот или средина, се појавува еден тип, исто со амнезија и цело време со себе си носеше тефтер кај шо си запишувал работи за да се потсетува. дали ви текнува како се викаше? морав вака. алекс се викаше, ми текна