Тоа ќе се случува понатаму, во четвртава сезона. tea4e, а што ќе биде со детето на Мелоди? Имам гледано само делови, ама ништо не разбрав за него.
Леле е фала богу разбрав сега. Значи,овој Нередито(како и да беше) е син на Тефи и Начо,Алаи на Јасмин и Тачо,Нина на Луз и Кристобал.
Нина е ќерка на Симон и Вале,а Луз ја посвоила,не знам како....ова го најдов на википедија,не е совршено објаснето,но помага. Spoiler Во третата сезона на Ангели се запознавме со значењето на нивното патување. Тие патуваа во иднината со мисија да ја спасат Пас, но и да го спасат мирот на светот, кој е пред уништување. Во крајот на третата сезона, Шефицата на Министрите која се дознава дека е Луз, помалата сестра на Сиело, заедно со нејзината корпорација фрли гас-бомби во разни околини. Некои беа фатени на денот на бомбите, но некои не. Фатените личности сега се дел од новиот свет НЕ (Нова Ера), а они кои успеале да избегаат од Владината корпорација на денот на бомбите го формираат Отпорот. Производителката на серијата, Крис Морена, одлучила на телевизија, преку нејзиниот талент, да го приказже она што се случува во светот. На фатените личности им се избришани претходните спомени и им се аплицирани нови. Така тие сега се сосема нови личности. Фатени се: Мар, Хасмин, Рама, Жека, Начо, Тео и Есперанса. Процесот на бришење на спомените на сите нив успеал освен на Есперанса. Таа ќе се поврзе со личностите од отпорот (Тиаго, Тачо, Симон, Лука, Џони, Вале, Тефи и Мелоди) и ќе им помогне на оние кои се жртви на Владината корпорација да си ги вратат своите спомени назад. Подоцна ќе бидат фатени, прво Симон, а потоа и Вале на кои исто така ќе им бидат избришани спомените. Уште една од мистериите на оваа сезона е тоа кои се вистинските родители на двете посвоени керќи на Луз. Алаи, се дознава дека всушност е ќерка на Хасмин и Тачо. Таа била киднапирана од Луз во 2018 година. За Нина можете да прочитате подолу, по објаснувањето за г-дин Џеј. Се дознава дека главниот на Владината корпорација и причината за уништувањето на светот е г-дин Џеј, чиј идентитет е главната мистерија на оваа сезона. На децата од Отпорот ќе им помага т.н. Професор, кој е Тиаго во иднината. Тој открива дека Џеј е Симон кој е дојден од уште подалечната иднина за да ѓи фрли бомбите низ целиот свет. Џеј т.е. Симон ја киднапирал Луз, но не и ги избришал спомените, едноставно и аплицирал дека Сиело и Нико ја исфрлиле на улица. Поради тоа Луз ги мрази нејзините чичковци и тетки. Нина е всушност клон на керката на Џеј т.е. на керката на Симон и Вале. Четвртата сезона претставува вториот дел од исполнувањето на мисијата на децата. Во третата сезона ја спасија Пас, а во четвртата треба да го спасат мирот на светот, но како? Мирот на светот нема да биде нарушен доколку не постои Џеј. Така Симон бидејки не сака да се претвори во Џеј се согласи кога неговите другари ќе се вратат во нивното време (2010) тој да отиде во некое друго време каде што нема никој да познава и нема да има причина да се претвори во Џеј. Така тој и Тиаго отидоа во 2068 за Симон да остане таму каде што светот е сосема уништен. Но бидејки тоа што младиот Симон го гледа се претвара во спомен на Џеј Тиаго направи план во кој тој глуми како го убива Симон. Така Џеј ги остави на мира Тиаго и Симон. Кога децата се вратија во 2010 година веќе никој на светот не може да патува низ времето, па така Симон, заедно со Вале која преку нејзиното пишување отиде во 2068ма година неможат да се вратат во 2010 и така Џеј никогаш нема да постои, и вториот дел од мисијата е исполнет. Паровите на крајот останаа како во втората сезона, освен тоа што Рама остана со Кика која отиде со нив во 2010, Мелоди остана со Тео со кој има и бебе Амадо, и да и Тео исто така отиде во 2010, и Симон и Вале, останатите парови се исти.
Spoiler На интернет имам гледано дека ќе ја фатат и Тефи, ама таа ќе се сеќава на сите, т.е. ќе се израдува кога ќе ги види Мар, Јасмин, Рама и другите. Зар нејзе нема да и ја избришат меморијата ?
Spoiler јас гледав еден дел од потамошните епизоди и симон ќе го фатат, и заедно со мар, рама, јасмин и тео ќе формираат група која исто така ќе се вика тин ангелии ќе пејат една песна од трета сезона. а во меѓувреме дечките од отпорот ќе изведуваат една акција со хеликоптерот за да можат да го преминат ѕидот и мислам дека ќе успеат. а хоуп ќе се поврзи со дечките од отпорот и гледав една сцена кога таа ќе го однесе тиаго преку тунелите во НЕ и тој таму ќе се сретни со рама.
Spoiler па да де,али нели како што бришењето на меморијата не успеала кај хоуп/еперанса така изглеа нема и кај нејзе да успее
Spoiler Не е точно дека нема да успее,туку тогаш докторот Кант ќе биде од нивна страна и нема да и ја избрише меморијата колку што се сеќавам
Девојки,се ќе ви објаснам,но ќе ставам во спојлер. Еве вака: Spoiler Нина го знае излезот што води до Н.Е. Кога ја бараа Тефи нели таа отиде во една мала куќичка и таму нели се дотера...Во таа куќичка ќе се кријат Јасмин и Тачо со нивниот син,но истовремено Јасмин ќе биде бремана по втор пат.Ќе се кријат од Луз,бидејќи таа ќе им и зема децата.Синот ќе успејат да го скријат.Но,кога Јасмин ќе добие болки ќе се породи но ќе дојдат луѓето на Луз да им го земат бебето.Бебето ќе им го земат а на Тачо и Јасмин ќе ги затворат. Всушност бебето е Алаи.Алаи е ќерка на Јасмин и Тачо. Но,и Тијааго и Мар ќе имаат син.Ова се ќе се случува во 2018 година.И на крај ќе дојде Паз.И крај на цела приказна,крај на серијава. Инаку за тие што ги интересира што ќе се случува од Понеделник па натаму ќе ставам исто во спојлер. Spoiler Вале и Симон направија венчавка,а Луз тој момент го чекаше за да ги фати.Но,сите ќе се разбегаат освен Вале и Симон,кој ќе останат покрај едно езерче за да прослават.Тео,кој ќе биде пратен од Луз,ќе ги фати на Вале и Симон ,но патот ќе му го препречи Тијаго.Тогаш Тео ќе го онесвести Тијаго и ќе го земе Симон.Луз ќе му ја избрише меморијата и на Симон и ќе го однесе во Н.Е.Бидејќи Мар е единствена која нема партнер ,ќе се заљуби во Симон а и тој во неа.Така тие ќе станат пар. Во истовреме Вале на еден балон ќе напише порака до Симон за да се врати и ќе го пушти преку ѕидот.Рама ќе го најде балонот и ќе сфати дека “дивјаците“ всушност не се такви како што им ги опишуваат.
А да ве прашам нешто - Оваа Луз да не е случајно сестрата на Сиело, зошто мислам дека и таа се викаше така?
Зоштоооооо?? Ама не,не ,не и не! Претерааа! Сега ќе им пишам на сајтот на Сител! А...па претерааа веќе...
а како може да е ќерка на лука и тефи кога таа е колку нив скоро.. и како тие не се сеќаваат дека имаат ќерка ?
како може палома да е ќерка на тефи и лука а тие да не се сеќаваат исто така и за останатите ?? а каде е кристобал ? алаи нели е ќерка на луз како ке испадне да е на тачо и јаз а тие да не се сеќаваат ? леле луѓе почнав да се нервирам ништо не сваќам
Значи погоре имам објаснето. Во 2018 година Јасмин ја има родено Алаи но Луз и ја има земено и присвоено како нејзина ќерка. Нина е вистинска ќерка на Луз. А Палома е ќерка на Тефи и Лука ,но во иднината.