Мене воопшто не ми е јасно како може Бруно да е Тик-Так,кога ако се секавате тој во една од првите 20 епизоди се појави како возрасен за да им каже дека Паз повторно се врати во Еудамон(тоа мислам дека се случи во 5-та епизода), а во наредниве епизоди(ако може некој да ми каже во која) ке се појави како детенце. И ако може некој да ми објасни,оти ич не е сфатливо.
неможи да ја даваат прва сезона дури трае четвртата сезона бидејќи се ќе ни се испомеша. А и плус дејствијата се случуваат во различни времиња и се е поразлично. Во првата сезона поинаква атмосфера и поразлично го доживуваме филмот за разлика од четвртата сезона.
Бруно како дете ќе се појави во последните епизоди... http://www.youtube.com/watch?v=0avyo4IL ... =endscreen -Нова серија ,за која велат дека ќе е како продолжение на Ангели.исто и оваа е од Крис и во неа глумат Симон и Тијаго.
Епа се тоа се случува во различни временски линии!! Тик Так (Бруно) ја има таа моќ кога сака да оди во која било временска линија и да прави што сака! Затоа им се појави во нивната! А во втората сезона им се појавуваше и во нивната! (е сега дури ништо не ме разбра ) А како детенце го гледаме кога Мар и Тијаго ќе одат во трета временска линија кога тој уште е дете за да му кажат за неговата задача!! Искрено се надевам дека ме разба!! Иако не сум баш експерт во објаснување Aliados
Откога ќе заврши четвртата сезона , по една недела откога ќе заврши навистина би било убаво да ја дадат бидејќи имаме заборавено нешто
Ке може некој во кратки црти да му ги раскаже последните три епизоди (од среда,четврток и петок) ? Немора овде може и во ЛП
Премногу ја сакав оваа серија додека траеше на А1, но тоа беше одамна, да не знае некој дали ги има претходните 3 сезони со превод некаде? И ако ги нема ако сакате да се собереме повеќе и да им пишеме на сител да ја даваат одпочеток Ангели Оти не утепаа со овие турски и индиски серии, ич не мислат на младите
И да знаеш во право си. Ако сакаш нешто да те потсетам прашај на се се сеќавам од претходните сезони btw пред малку ја видов рекламата на сител следуват бомба епизоди
И јас сум за да ја даваат повторно ангели,наместо тие турски и индиски глупости Ангели е најпаметното шо го имаат на програмата
Во средата: Мар испраќа извештај на професорот, а тој за прв пат, одговара, прашувајќи дали некој се грижи за часовникот. На телевизија прикажуваат кратки еротски сцени, во кои е Хоуп, таа избегнува детали. Подоцна, се емитува уште една сцена, во главните улоги со Лука и Јасмин. Рама и Ветена Земја се во куќата што ги одведе кај Кика, ја гледаат девојката што живее таму и сфаќаат дека е грешка. Ветена Земја одлучува да влезе. Вале бара од Симон да и кажува за нејзината приказна. Луз вели на Алаи дека сето тоа што Критобал го кажува е лага. Рене признава на Рама што значи протоколот 187, односно тоа е метод со кој се вадат информации од мозокот, па бидејќи Кика е од иднината, содржи многу важни информации. Тео сака да направи документи за Амадо, Мелоди смета дека давањето на неговото презиме е само за да има моќ над детето, двајцата разговараат, Тео сака Мелоди да го гледа како маж, а не како татко на детето. Во четвртокот Тијаго ќе го види Тачо од 40 години, а Хоуп Јасмин. Рама стапува во контакт со Кика. Луз ги ослободува родителите на Алаи. Во петокот: Нердито е на остров, обидувајќи се да избега. Тачо и Јасмин се облекуваат како Црвениот Ангел и Зеленкапа. Тачо, Леон и Начо организираат круг на пријателите, исто како што девојките прават кога имаат проблеми. Пред неколку епизоди, дечките се обидоа да излезат од "НЕ" за да однесат храна на гладните, но Симон и војните ги стопираа и почнаа да пукат, но не им успеа. Рама започна со потрагата по Кика, а ќе дојде до фотографија на која ќе ја види Кика на стаклото од возилото со кое пренесуваа храна. Дознавме дека Алаи е ќерка на Тачо и Јасмин, односно тие во 2018 ја добиле својата прва ќерка. Според тоа, Мар доаѓа до заклучок дека и Тијаго и таа имаат ќерка која е сега веќе порасната, односно Нина.