Оф бе..... Денеска си реков -сигурно ќе има на Сител 3 во 4 часот,ама ете го пропуштиввввв.... Ај некој ако ја најде денешната епизода нека ја прикачи со превод !
^ Иcто мислев можеби ке има ама пропуштив Епизодата никаде ја нема ама еве што се сучило Spoiler Симон му вели на Тијаго "38 со девојките", фраза што беше код што го користеа на натпреварите по рагби и му ветува дека ќе му помогне да избега после изборите, но треба да си одат далеку. Џеј ќе се обиде да ги елиминира сите. Некои се враќаат во скривницата, некои остануваат во "НЕ", не ја разбираат постапката на Симон. Тео планира да ја помине ноќта во бункерот со Мелоди и Амадо, Тачо се спротивставува. Леон гледа фотографии од неговото минато. Рене, Тачо, Вале и Џони ги анализираат визиите на Јасмин. Симон му јавува на Тијаго дека ќе го префрлат, и за време на префрлувањето треба да избега. Мар, Тачо, Рама и Лука преку тунелите се упатуваат кон "НЕ", но пристигнуваа до лажна врата, и дознаваат дека влезот е блокиран. Јасмин повторно е бесна, поради визиите, Тачо ја убедува дека е за нејзино добро. Начо признава на Тефи дека Нердито починал, додека тој во меѓувреме продолжува да планира бегство од островот. Леон сака да влезе во градот, војниците го гледаат чудно и тргнуваат по него. Доаѓа Торито коњ и го спасува Леон, двајцата бегаат, војниците ги следат. "НЕ" е полно со непознати луѓе, сите се уплашени, мислат дека Симон им прави замка, тој им вели дека им помага. Хоуп разговара со Нико, нејзиниот татко, а потоа го дава телефонот на Леон, кој потресено го слуша. Тијаго, Јасмин, Мар, Рама и Тачо се збогуваат со Симон, кој се преправа дека соработува со нив.
Ни јас не ја најдов денешната епизода па ја гледав на јутјуб без превод(и ја ја испуштив во 4 на сител 3) и даваа шо ке се случи во наредните епизоди.Ај сега ја да не откривам туку сакав да ве прашам: Ке ги ресетираат Тијаго,Мар,Рама,Тачо и Хас,оти нели за да проработи часовникот треба они петмина да бидат заедно?
Ве прашав за тоа бидејќи разгледувајќи го Ју Туб го најдов ова : http://www.youtube.com/watch?v=A9R-4_1M6lg
Таа беше многу паметна и образована жена. Работеше за Хуан Круз, но тој на крајот ја уби и таа пред да умре рече дека се кае за се. Така некако беше мислам