1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Андреј Пејиќ - машки или женски модел?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Artemission, 6 октомври 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Божичко кај отиде веков :o :tmi:

    А дека е убав /а тоа да , ми има специфични црти . Поженствен е од куп девојки што ги знам :lol:
     
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Мене ми е убав. И не ми е лигав. Ми се допаѓа како успева да се трансформира. И да, точно е дека има многу убави девојки низ светот кои би можеле да ја работат неговата работа, но тој е единствен и уникатен во тоа што го прави, затоа и го бараат креаторите. А манекенки и модели ги има еден куп. Браво за дечково!
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Негов живот негова одлука, но мислам дека нема да го стори тоа, вака одскокнува од сите, тогаш ќе биди само еден од многу. Ќе го почитувам, но вака е подобро. :)
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Јас изгледа од Марс сум паднала имам некој слика од него/неа во PC сега од вас дознавам дека е машко,ќе се заколнев да не прочитав од вас дека е женско- и тоа лепотица :o не ми се верува стварно, ова е утка на природата, прекрасна девојка е навистина.
     
  5. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Искрено мразам вакви суштества, ама ко за чудо детево не ми е одвратно. Си нашол начин да успее во животот и мислам дека пред него стои блескава кариера.
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Прв пат слушам за дотичниов, ама не е битно...
    Искрено, личи на жена. И ако ги видел сликите без да прочитам име презиме ќе си мислев дека е жена.
    Убав/а е, не можам да негирам...
    На нашиве простори не знам колку би просперирал: можеби како модел да, машки или женски зависи од него. Ама дека ќе има муабети и оговарања, како што има сега за Боки, ќе има и за него. Анти-реклами секогаш се прават кај нас за вакви луѓе...
    Немам ништо против него, реков прв слушам, ама нека си седи кај што си е, нека си ја гледа работата, овде моделите баш и немааат блескава иднина на повидок... :)
     
  7. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    лелеее не можев на ова да се воздржам ... па морам да прокоментирам Е*АТЕ ПЕ*ЕР Е*АТЕ : :puke:
     
  8. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Извини, имаш некој проблем со друга сексуална ориентација? Овде не се разговара за тоа, туку за неговиот изглед.
     
  9. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Само мене ми се проклето допаѓа?
    Прекрасен е, преубави црти, преубава боја на кожа и коса.
    Се гледа дека е вистински професионалец. Само штета што нашето општество е полно со предрасуди. Но секој си има право на сопствено мислење :)
     
    На Neytiri, Kristinna92 и danichap им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Уууууууу колку е храбар :D
    Патем, не сум оф топик, кунем се, погледнете ја епизодава многу работи ќе ви станат јасни, зошто секогаш им се восхитуваме на таквите створења :)
    http://www.southparkstudios.com/full-ep ... -tolerance
    ;)
    Јас имам проблем. И? Не треба да имам? :) Или можеби несмеам? :)
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.516
    Дечково го издава само широката вилица.
    И тоа што се трансформира не го прави геј,а од друга страна,природата така речи го осакатила( и покрај тоа што ако би бил жена,би бил премногу атрактивна жена),па зошто да не ја искористи предноста и да направи кариера?! Како е тоа тој виновен за својот изглед кој не е дело ко на Боки 13 рецимо?!
    И друго,според формата на телото,која приликува многу на женска,повеќе од сигурна сум дека се работи за нешто сосема трето,кое сепак,на крајот го претворил во своја предност.И да,браво,зошто не секој ја има способноста да се носи со такво нешто,па дури и да направи нешто со тоа.
     
    На Trendafilka, Rock-a-Fella, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Што е ова, уште еден пациент се појавил? :^)


    Се гледа дека е машко во рамениците најмногу, ми се повраќа, после долго време ми се преврти желудников кога го видов овој за првпат... Одвратен е, нејќам повеќе да го гледам и нема да го гледам. Лепотица жими
    г*зов
    Нека земат на некоја девојка со потенцијал нека поработат, сто пати поубава ќе биде од него. Не ја разбирам поентата на андрогенизмот... :puke:

    Ајде сега исплукајте ме зашто ми е крајно одвратен и имам предрасуди према некој што не знае ни дали е маж или жена, а собира милиончиња само затоа што на некои ексцентрични дизајнерчиња им притекнало да форсираат андрогени појави наместо убави жени. Јеп во балканштината е проблемот, во балканштината вечито...
     
    На softqueen и Offspring им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не ми се повраќа. Не ми е одвратен. Не мислам дека е пациент, не мислам дека е болен.

    Андреј, нели е тоа оној кој беше избран како главна фаца на најновата колекција на Jean Paul Gaultier? Јеп, ексцентричност - токму тоа е вистинскиот збор кој го опишува моделов и не се ни чудам што токму Готие го избрал.
    Специфичен е, навистина. Дури до таков степен што мене лично ме фасцинира и постојано ме тера да му ја гледам фацата.
    Многу потешко искрено гледам пластични лепотици а не дај боже гради со силикони, па уште и голи кога ги загледувам негде. Ау одма некои грчеви ме стегаат и морам да си ги галам тие моите, затоа што замислувам секакви чуда а пред се замислувам болка.
    Ова овде - навистина ми е интересно. Го надбљудувам бре, еве и сега му ги гледам фотките и интересен ми е. Не знам што е, дали е жена или маж, затоа што многу повеќе ми наликува на жена, но од друга страна телото му е машко. Како и да е, кога еден ден би била професионален фотограф, многу повеќе со задоволство би го сликала него отколку еден куп кичести, певаљкасти а ла Бугарка стил такозвани односно самопрогласени манекенки.
    Обични фаци кои ги има на светов ко црви после дожд, не ме инспирираат 8)

    Мислам дека момаков ќе направи добра кариера.
     
    На 1209, Anthem, SexyLady и 5 други им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Без навреда ама убав би бил како девојка :drunk: :drunk: :drunk: И личи за таков/ва
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Уште еден доказ дека у мода е андроген, скоро па анорексичен изглед, без истакнати типично женски атрибути. Јас незнам каде отиде љубовта кон женствените лица, со округли јаболкници, не толку маженствена вилица, средно полни усни и крупни, округли очи? Боже...

    Шо сака тоа нека си прави, јас сум индиферентна на неговото постоење, едно пошто не пратам модни сцени, друго пошто е негов живот и негово право.

    Од одма познав дека е машко, се познаваат машки фаци, па не фотошоп, што сака нека биде не ги оправа.
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Офи Слаткичка сакаше да каже дека овде не се дискутира за сексуалната ориентација. За тоа има посебна тема мислам, а ако нема отвори, па таму можиме да дискутираме за тоа дали е п***р или не. Овде дебатираме за Андреј како модел.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123

    Па модната сцена воопшто не изобилува со " силиконски убавици " , за среќа , но , за уште поголема несреќа упорно и упорно се форсира анорексичноста , како на пример кај овој кој јавно призна дека се изгладнува себеси за да ја одржува линијата . Многу здрав пример , морам да признаам . Што се однесува до обичноста , овој е токму тоа - обичен . Голем број на млади момчиња на негови години би изгледале дури поженствено и од него само кога би ги посипале со тони пудра , скапи парчиња облека и кога професионалци би работеле на нив , само не секој е подготвен да прави циркуска атракција од себе . Ете и Боки го прави истото што и овој , па сите му се смееме . Не е Боки нешто помалку феминизиран и женствен од Андреј Пејиќ |( туку проблемот е во вишокот килограми ( што да бидеме реални лесно може да се среди ако применува одредени медицински непрепорачливи методи ) и во тоа што немал доволно среќа зад него да застане некој како Jean Paul Gaultier и компанија . Сега да не излезе дека го бранам Боки туку навистина друга разлика помеѓу нив двајца реално и не постои . Не е овој ништо посебно , само јавно се избламирал и сега обичниот современ човек му се восхитува и му аплаудира на " храброста " , само затоа што е префорсиран во некои западни држави , а по Бокица ќе плукаме затоа што е во Македонија ... а и Андрејчо е исклучително храбар , да , голема жртва принесува , борци од НОВ не му се рамни . :clap:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Охх мислите и разумот ми се тотално поделени во врска со типов.
    Ама ни на двете страни за неговата слика не можам да го осудам. Зашто сепак не е ни прв а нема богами да е последен. Плус тоа нели секој со свој живот, ова е негов живот и негово право.

    Мада се некако мислам дека треба да се има граница некоја, сепак според мене ова би било газење и на самата волја на природата што го направила машко. Но, доколку сето ова он го искористува за слава некоја и за пари а во приватен живот си води нормален живот како машко тогаш можам да го сместам во границите на нормала.

    И да има убави црти, и како за женско и за машко, а и искрено криво ми е што барем не прави некој баланс, кога веќе стварно не сака да си го промени полот а сака да биде успешен. Сепак за тоа он сам си знае, нели.

    Од една страна пак, нели не треба да судиме според изгледот ? Има и многу други што од себе прават мајмуни, па повише можеме ’’да ги смислиме ’’ одколку типов. Да би го знаела лично и доколку ми се допаѓа неговиот карактер ни под разно не би можела да помислам дури да го осудам за ова што го прави. Сепак битен ми е карактерот, не стилот.

    Патем имаме и женски што се облекуваат и понашаат ко машки а пак како личности се сосема во ред.
    И една единствена работа што ми е грозна кога му ги гледам сликите каде е разголен а гради нема ... Автоматски ми се урива слика која секундарно се создава за едно убаво женско, кое е всушност машко.

    Сепак негов живот негово право ...
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Кога ја отворив темава не ни претпоставував дека ќе се развие толкава дискусија околу дечково. Да, го именувам како дечко (во машки род) затоа што он тоа и е всушност без разлика на шминката и облеката. Неговата сексуална ориентација ми е крајно неважна, но професијата за која се определил тотално му одговара. Некаде имам прочитано дека андрогените лица се всушност оние кои се предодредени да бидат модели затоа што трпат секакви трансформации и од таа причина сметам дека Андреј е познат и успешен. Чиста среќа (барем за него) што не живее повеќе на овие простори бидејќи не верувам дека ќе успееше затоа што народов тука сеуште не е спремен за вакви експерименти.

    За оние што негодуваат околу неговиот изглед, ме интересира дали имаат исто гледиште кога станува збор за женски лик кој е трансформиран во машки?
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Phyramide и Neytiri им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Softqueen нема потреба да ми реплицираш бидејќи се работи за вкус а и се сомневам дека ме разбра што точно сакав да речам судејќи по она што го кажа ;)

    Од кај знаеш дали плукам по Бокица? А? Или дека плукам по нешто што е наше? :) Кој го спомнува Бокица и дали е Бокица сега тема на разговор? Не е - Андреј Пејиќ - машки или женски модел е темата на разговор. Модел и неговата специфичност.
    Плус прашање на вкус е. Тебе Андреј не ти се допаѓа - мене ме фасцинира неговиот лик на некој специфичен начин кој не можам ниту да го опишам. Знаеш како кога ќе фатиш на ТВ некој независен узбекистански минималистички филм - немаш поим од почеток за што се работи но те фасцинира. Ете да ти појаснам малку.
    И верувај ако мислиш дека она горе е анорексија, тогаш вистински не си видела анорексични девојки. Една таква ми беше колешка на факс - Андреј е дебел во однос на тоа.
    Или не знам таму за кого точно зборуваше ама - ирелевантно.
    Знаеш јас имам некој сенс за нешто што е убаво, нескромно но мислам дека е така. Мене силиконски лепоти не ме инспирираат а Боки воопшто пак не затоа што Бокица ми е симбол на кич и wannabe ексцентричност, ако веќе сме тргнале да споредуваме.

    На крајот на краиштата, јас само си кажав свое мислење, како и секој на темава и немам намера да се препирам со нечии вкусови. Ниту да му реплицирам на некого.

    Многу од изведените теории ти беа ирелевантни и невистинити, тврдам бидејќи звучеше како цитирајќи ме мене, да ги даваш за мене и моето мислење. Не ти држи вода. А ако грешам - извини :)
    Исто како што не ти држи вода дека Андреј е женствен само со помош на некоја си пудра. Тука не можам да се согласам. А веројатно и немаме подеднаков вкус за убави нешта. Така да - de gustibus non est disputandum - можам само да почитувам. Што друго ми преостанува?! Бујрум на инспирација :)

    п.с. За силиконите зборував од причина што мене ми е болно да гледам нечии силиконски гради или напумпани усни од здравствени причини и целата сум во грчеви затоа што замислувам мене како ме боли сето тоа. А кога го гледам Андреј не сум во грчеви ерго не ми е непријатен. Само сакав да го опишам чуството, дека кај Андреј немам чуство на нешто болно ниту изопачено...ерго, реков јас дека сум погрешно разбрана ;)
     
    На green.eyes и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.