Атеизам

Discussion in 'Религија' started by Papillon.Papi, Mar 8, 2016.

  1. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2016
    Messages:
    283
    Likes Received:
    724
    шо знаеш, сеуште не е одкриено како сме направени ние луѓето, не пак на исус и господ да верувам :sweat:
     
    CameliaMiller likes this.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,528
    Likes Received:
    55,242
    Gender:
    Female
    Нели атеистите беа кул човечиња кои не наметнуваа ништо?
    Нели верниците беа тие кои слепо ја "наметнуваа" својата вера?
    А уствари,на големо гледам плукање од атеистите кон верниците и нивно одвраќање од верата.
    Е па,колку што не чини едното,не чини ни другото.
    Само што да си првото е Ок и најкул.
    А второто најзаостанат и најзатуцан :D
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Во Стариот завет на Библијата има пророштво дека Исус ќе биде роден од девица. Исус исполнил десетици старозаветни пророштва кои биле претскажени 700-800 години пред да се роди Исус. Библијата предвидела и многу други неверојатно детали за евреите, Израел, Ерусалим, Вавилон итн. и сето тоа се исполнило. Зошто тогаш да се сомневам дека тоа со девственото раѓање на Исус е лага?
     
    Vitaly and Rama like this.
  4. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2016
    Messages:
    283
    Likes Received:
    724
    но прашањето е колку од верниците, се вистински верници, и колку од нив ја имаат читано библијата или само на ветер кажуваат првославен сум и чао пушти бригу на весеље.
     
  5. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2016
    Messages:
    283
    Likes Received:
    724
    Да, но ни еден не е бил во тоа време нели? Па како може да се верува во пишувано? Обично сите веруваме кога ќе бидеме со свој очи, но чудно, ете вие што верувате во господ верувате и во една обична пишаница, не сакам пишувано, сакам докази, факти, да го видам, за да верувам. Не правам лошо, пробувам да е добро, затоа што да правиш добри работи е океј, додека лоши те прават да се осеќаш гнасно, барем мене, но тоа добро/лошо, самиот човек одлучува што да биде и што да прави, ниту нов ниту стар завет не помагаат. повеќето „верници“ се можно и најлошите луѓе, но ете, сепак се зацртано као атеистите се монструми а верниците свети.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,528
    Likes Received:
    55,242
    Gender:
    Female
    Не стануваш вистински верник само со читање на Библија.
    За себе знам да кажам дека сум верник голем,ама никако совршена,ниту безгрешна ;)
    Има тука разлика.
    Ако е до Библијата работата,двапати ми е прочитана,ама тоа не ме прави подобра личност од некој кој не ја прочитал :D
    Муабетот ми беше во смисла на се што напишав во првиот пост,натаму не би одела со објаснувања(оти ова е деликатна тема и секогаш завршува со повреда на нечии чувства или светогледи) :D :D :D
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,391
    Gender:
    Female
    Од денешно време нормално дека никој од нас не постоел тогаш кога се појавил Исус, ама затоа испратени се луѓе низ светот (денес во христијанството што ги викаме Светци) за да го раскажат тоа што се случило...Тие што верувале им го пренеле на своите потомства, па потомствата на своите потомства итн.
    Имаме само пишани сведоштва, а никој не може со сила да те тера да веруваш.

    Ако се молиш ради реда, ако одиш во црква зашто сите одат, ако со потсмев гледаш на нештата, тогаш никој не може да те убеди во спротивното и нормално нема да осетиш мир кога навистина ќе ти треба.
    Религијата и верувањето се нешто приватно и интимно, и навистина е глупаво да застанеме по социјалните мрежи да докажуваме кој колку верувал и во што верувал.

    Доколу човек си е атеист во ред е, нека не верува во такви работи, ама не е ок да се нарекуваат глупости нештата за кои многумина веруваат дека постојат.

    Ако за некого е глупост случката за Дева Марија, тогаш сите ние милиони и милиони верници што веруваме во неа и нејзиниот син, сме глупаци.
    Навредливо во секој случај.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,978
    Некој верува дека бајачка може да го излечи од урок.
    Да глупост е.
    Иако некој од срце и душа верува.
     
  10. Читател

    Читател Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2015
    Messages:
    738
    Likes Received:
    5,806
    Gender:
    Male
    Јас сум атеист. Ама верувам во Дедо Мраз.

    Скоро сите што се религиозни верници. не веруваат во него и сметаат дека е глупост иако за мене не е.


    Се чувствувам навреден и не е убаво тоа...
     
  11. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2016
    Messages:
    283
    Likes Received:
    724
    Te подржувам во ова, иста сум. :^)
     
    daylight and Читател like this.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Луѓе атеист или верник не е битно, битно е да е добар. Ова е лична работа и не треба да се мешаме. Незнам што вас атеистите на форумов толку ви е трн во око религијата. Упорно пробувате да ја негирате, де Исус не постоел де Богородица вака де светците онака. Луѓе, просто е, не сте присилени и не верувајте, ваш избор, но туѓиот живот не е ваша работа. Од една страна одредени кажувате како сте против расизмот а тука се најлошо за верниците демек слепо веруваат, закоравени, заоставени и ред други работи, па ова е полошо и од расизам.
     
    Scott Weiland and Rama like this.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Дали тоа значи дека не веруваш во ништо од историјата? Не веруваш ни во Гоце Делчев, Даме Груев, Наполеон Бонапарта, Александар Велики, Сократ, Платон, во ниту една историска личност?
    Пророштвата кои се исполниле 700 години подоцна се историски документирани, од повеќе историски извори. Историјата е наука и има методи со кои се проверува нејзината веродостојност.
    Што очекуваш да видиш за да го видиш Господ? Некаков човек седнат на престол на небото? Тој што не верува, и да му се појави такво нешто, ќе рече дека тоа е некаков експеримент на вонземјаните. Во се ќе поверува, во секакви анимирани филмови, освен во Господ.
    Иначе во многу работи што не ги гледаме веруваме. Веруваме во љубовта, веруваме во електронот, со вера влегуваме во авионот иако не сме го виделе пилотот и дали тој е психички здрав во моментот. Утре ќе имаш маж кој што нема да го гледаш 24/7, ама ќе веруваш дека кога не е со тебе, дека сепак ти е верен и не те вара :) Во спротивно, ако не веруваш, нема да можеш да уживаш во љубовта и бракот.
    Ама иако не го гледаме Господ, во неговите созданија можеме да го видиме отисокот од Неговиот акт на создавање. Во созданијата гледаме дизајн и целисходност, што гласно ни укажува дека некој интелигентен супериорен ум ги создавал.

    Тоа дали човек е добар или лош, не зависи нужно од тоа дали е верник или неверник. А плус и мнозинството „верници“ не се верници (убаво што ги пишуваш со наводници), туку само суеверни луѓе кои две збора не знаат од Библијата, не се молат редовно, не ги веруваат и не ги практикуваат Исусовите совети и заповеди.
    Сепак Исус не дојде за да ги направи лошите луѓе болни, туку за да ги направи духовно мртвите луѓе - живи. Исус рекол дека никој не е добар, освен Бог. Па така нема добри и лоши луѓе, туку покајани и непокајани грешници.
     
    blonde_supergirl, Rama and Vitaly like this.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    Секогаш, без исклучок, кога ќе се активира тема за атеизам, се вели како е во ред секој да (не) си верува во што сака, ама не е во ред тоа да се наметнува на форум и да се разубедува.

    Да ве потсетам, се наоѓаме на форум, кој постои токму за дискутирање и разубедување. Да не зборувам пак колку е апсурдно да се коментира дека атеистите се наметливи... на тема што се вика Атеизам. :D

    Патем, она што често се нарекува ненаметливост, во повеќето случаи е еднакво на немање аргументи, и ова важи и за двете страни, атеисти и верници. Често кога некој не знае како да го поткрепи своето (не)верување се повлекува кажувајќи дека таа работа е лично негова и не сака да влегува во дискусија за тоа.

    Звучи fair enough, но да бидеме реални, такви луѓе практично не постојат, природна реакција на некој кој е повикан е да се брани, а исто така типична реакција на некој кој не знае како да одговори е секој со своето, не коментирам. Исто како што може ли следниот час е автоматска реакција на некој кој нема научено. :D
    Тоа е причината поради која луѓето што се по бајачки не сакаат да објаснат зошто. Не е бидејќи им е приватна работа, туку едноставно не знаат.

    Заклучок: Религијата не е табу и не треба да биде. Треба да биде отворена за дискусија како и сè друго. Муабетот за наметливост и ненаметливост од некоја причина се среќава само во оваа категорија, иако и во другите има жестоки дискусии.
    Замислете да одам јас во Актуелни политички настани и да кажам: Не си наметнувајте политички идеали едни на други, секој ќе ја следи онаа партија што сака да ја следи, не пробувајте да се убедите, не треба да се мешаме во политичката определба на другиот. :D
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    4,311
    Или можеби затоа што ги мрзи да објаснуваат, или можеби затоа што знаат но не умеат да се изјаснат разбирливо за дадената тема бидејќи им недостасуваат зборови за тоа што го доживеале. Тука не мислам толку на самите бајачки, туку повеќе во поглед на оние кои се бават со духовност.
    А зошто па да не? Па тоа би било најкоректно така да се каже во сите области на животот! Да им се остави слобода на другите е идеал на сите поголеми религии - друга приказна е дали и како тоа се спроведувало и спроведува во пракса.
    Одлично прашање, и мислам дека повеќето се само декларативно верници. Понекогаш имам впечаток дека дел од атеистите се повеќе информирани токму бидејќи ја прочитале не само Библијата, туку и Куранот, и Багавад Гита и... а верникот обично ја нема прочитано светата книга на сопствената вера, камо ли па списите на другите религии. Од тоа настануваат многу заблуди, предрасуди но и омраза и нетрпеливост кон другите луѓе.

    Голем број на тнр. христијани и муслимани би се изненадиле кога би дознале дека некои практики до кои црвсто се држат, воопшто не се спомнати во Библијата(верувањето во светци, крштевањето бебиња и тн.) или Куранот(забулувањето, обрежувањето...).

    @Rama погоре кажа дека само со читањето Библија не се станува подобар верник и со тоа се согласувам, дури според моето верување воопшто и не е неопходно да се има прочитано Библијата за да се биде добар христијански верник(иако со ова повеќето христијански заедници не би се согласиле) - Но! - ако некој вели дека е верник на одредена религија тогаш фер е да биде запознаен со основите на истата и барем генерално да ги разбира и биде согласен со тие основи. А не: „Јас верувам!„ Зошто? „Па и баба ми така веруваше, па ај и јас!„
    Те разбирам што сакаш да кажеш, но вака формулирано може да се постави прашањето и во друга насока. На пр. има толку многу милиони атеисти, што се сега тие, глупаци ли се?! Или еве јас не сум атеист, но не верувам во таа приказна за натприроднто зачнување на Исус преку Св.Дух и Марија а со тоа не верувам ни дека била девица. Зошто Бог наеднаш би го реметел природниот начин на зачнување? Мене тоа ми е глупост.

    И тука ние верниците треба да бидеме свесни: тоа што некому некое верување е глупост, тоа не би требало да нè навредува. Зарем нечиа навреда би можела да ја смени вистината?
     
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,391
    Gender:
    Female
    Зошто атеистите да се глупаци? Некој рече такво нешто?
    Може рекол, ама јас сигурно немам речено ни за атеисти, ни за други религии дека се глупости, додека на претходната страна јасно е пишано дека приказната за Дева Марија е глупост што значи ние што веруваме во тоа сме глупаци.

    Ти викаш не си атеист, ама и тебе ти е глупост.
    Според тебе постои Исус? Како е зачнат? Зошто Дева Марија ја нарекуваме Дева?
    По природен пат се зачнуваат обични луѓе, а Исус не е обичен човек за да биде зачнат на таков начин.
    Доколку Марија имала односи со некој, тогаш Исус немаше да биде Исус, туку ќе беше обичен човек, зашто и Марија била обична жена, ама ете таа е избраната за на таков начин да го роди синот.

    Никакви навреди не можат да ми ја променат вербата, ама не е ок за читање кога некој иронично се потсмева на религија.
    Таман работа сите да застанеме да пишуваме тоа што го мислиме, притоа навредувајќи ги останатите.
     
    Rama likes this.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    Тогаш би кажале „ме мрзи да објаснувам“, а не „ако (не) сакам (не) ќе верувам, што ми можеш?“
    Ако зборуваме за натприродни искуства, тие се субјективни во 99% од случаите, па затоа луѓето не можејќи да објаснат велат „го почувствував во душата“. Ова не е аргумент, бидејќи е во целост субјективен.
    Од друга страна, ако дискусантот не може да најде збор да се изрази, не значи дека неговата идеја е погрешна, но уште помалку значи дека е точна.

    Прво, да им се остави слобода на другите не само што не е основен идеал на сите поголеми религии, туку во некои случаи е сосема спортивното. Не планирам да вадам цитати, ама мислам сите ќе се согласиме дека религиите не се најлиберални.

    Друга работа, коректно е кога ќе сретнеш некој на улица да не почнеш да го натегаш со прашања за неговата религија или атеизам. Ама, нели, на форум, тоа е целата поента. Замисли во правилата да пишуваше „океј вака, бидејќи верата е интимна работа, никој не треба да прашува за нечија вера, исто така никој не смее да праша за нечија политичка определба, брак, сексуален живот, вкус за литература, фотографија и омилен спортски тим, ниту пак за тоа какви пелени користи бебето или кој кармин го носи некоја на слика.“
    Што мислиш, што ќе остане од форумот, кои ќе бидат најактивните теми? Јас ќе ти кажам, Што јадете во моментов и Цитати од светите отци. :D

    Имаше ситуација во една друга тема каде еден член рече дека Бог си играл со светот како со кутриња во печка (don't ask). Имаше друга ситуација каде друг член кажа дека православната црква прогласува умоболни луѓе за светци. Имаше десетина ситуации каде конкретна деноминација е наречена секта.
    Ниедна од овие работи не се бришат, затоа што не навредуваат член директно, не навредуваат група верници директно и не навредуваат една религија директно“.

    Потенцирам, директно. Не негирам дека верниците емоционално се погодени од првата ситуација, православните од втората итн.
    Но останува фактот дека навредата не е упатена кон нив, туку кон надворешен субјект. Сфаќам дека се идентификуваат со него, лоши зборови за некоја религија ги сфаќаат како навреда кон нив самите, ама тоа е личен проблем, а не проблем на членот што го напишал или на модераторот. Јас можам да се идентификувам со Боки 13 или Мелита и навреда кон нив во МЈФ да ме боли како мене да ми ја кажале, ама тоа е мој проблем.
    Решението би било, ако сте чувствителни на одредена тема, најдобро би било да не посетувате места каде таа е изложена на секакви коментари.
     
    daylight likes this.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    4,311
    Постои и постоел Христос кој се инкарнирал меѓу луѓето како Исус пред околу 2000 години.
    Како и сите други материјални луѓе по природен пат - преку полов однос помеѓу маж и жена, преку неговите телесни родители. И во тоа немало и нема ништо лошо ниту срамно, ниту нечисто.
    Поради сфаќањето дека таа била девица кога го родила Исус, но тоа е заблуда. Марија била честита жена која живеела според Божјите закони и била водена од Светиот Дух за да може да ја исполни својата мисија за време на престојот на планетава. Исто било и со Јосиф, телесниот татко на Исус.
    Бититето кое било отелотворено во Исус е тоа кое не било обично во однос на душите на другите луѓе а кои помалку или повеќе биле оптоварени со своите гревови уште од Падот. Но телесно гледано Исус бил обичен човек и токму во тоа се огледа Божјата Величина - тој стапнал меѓу луѓето сосема рамноправно иако како Христос е првороден син Божји и ко-регент на Небесата. А по жртвата на крстот станал спасител и избавител на сите луѓе и души. Никој не се враќа во вечната Татковина, Небесното царство, освен преку Него - Христос. Во таа смисла Тој воопшто не е обичен во однос на другите телесни и бестелесни битија.
     
    Last edited: Feb 16, 2018
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,528
    Likes Received:
    55,242
    Gender:
    Female
    Ама до кај отидовте,ви се молам :D
    Значи едно да биде јасно,не секој атеист е најлош на свет,и не секој верник е најдобар на свет.
    Не знам што мора толку влечење и должење,точно е дека е форумов наменет за дискутирање,ама ова нашето,секогаш оди од една во друга крајност и пак не сме на чисто,затоа обично се повлекувам од ваквите теми,па нека остане на она"срцето така ми кажува"ако ви е полесно :D

    @daylight Чекај малку,ти сакаш да кажеш дека Исус бил зачнат преку нормален сексуален однос и дека негов татко бил Јосиф,а Богородица не е вечна Дева?
     
    LegallyBlonde13 and Vitaly like this.
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Joined:
    Feb 6, 2018
    Messages:
    1,576
    Likes Received:
    10,984
    Gender:
    Male
    Според мене кој во што сака може да верува или да не верува. Тоа е индивидуално право.
     
    daylight and Vitaly like this.