Базени во Скопје Оди по куќи пикни им се разлади се ахахахахаах се зезам ама во Скопје базените се 0 штета инаку јас си имам роднини имаат куќа со базен огромен и секогаш идам таму скоро секој ден сум таму т.е во куќата на мојата прва братучетка од вујко ми
Базени во Скопје Блазесити...некни на групер баш прочитав имаше една интересна понуда као 300ден за цел ден на базен + коктелче по избор со лежалка , чадор, пешкири капацитет 20 луге...перфекција... кај Сопиште негде...ама дур се договоримве се имаше распродадено...лошо...а ти уживај си лади се на базенот на вујко ти
Базени во Скопје Слушнав дека во сабота(утре)се отвара воен..незнам колку е точно. Инаку најверојатно ќе биде готов летово и аква паркот кај борис трајковски,така да и тоа би било добро местенце за водени лудории(малку незнам да пливам ама нема врска) Тука е и базенот Карпош,од како е реновиран не сум била,али кажуваат дека хигиената е апсолутно на повисоко ниво..е сеа влезницата е поскапа мислам. Само нека се стопли времево..другото ќе го наредиме,доста веќе се лигави. Ауу какоможев да го заборавам .Еден од поубавите базени е тој во Неготино..влез 30 ден,пијачки по 30,40 ден..живо џабе,и плус бенд ви свири во позадина со латино музиче мх мх мх
Базени во Скопје Има во припор приватен базен. Треба да се јавиш и да резервираш, ама од што имам слушнато бил многу скап. Не пуштаат многу луѓе ограничен е бројот. Така да ако отидеш само така нема да ти отворат да влезеш. А за повеќе информации појма немам.
Базени во Скопје Дај снајди се со број плс....ја тој и јас имам слушнато ептен било коолирање...ај ако можеш набави ми бројче
Во мојот град има само еден базен, одам често... само штета што тонам таму. Водата е прилично чиста и сега оваа година влезот е поскап (80ден.) и не влегуваат цигани. Фала богу Има два базенти уствари, само на исто место се. Едниот е мал, за такви како мене што незнаат да пливат. Тој ми е до рамења а богами и јас не сум ниска, околу 173 сум. Големиот мислам дека е за 2 метри подлабок од малиот. Таму е страшно...
Не сум била на базен од пред многу години и не планирам да одам. Лично мене не ми се допаѓаат базените во нашата држава. Особено не во мојот град. Од една и единствена причина, тоа што не се хигиенски. Од таа причина не го посетувам базенот никогаш. Одам поретко, само на кафе во кафичот кој е сместен во базенот и тоа е се. Додека пак, базените надвор од нашата држава ги обожавам. Посебно оние адреналински лизганици, скокални, топогани
Пред некој ден бев, Охрид во склоп на хотелот "Силекс". Ептен убаво си поминав. Базенот чист, водата нормално хлорирана, гужва немаше скоро ич. Милина. Таму би одела пак со сигурност.
Tука во близина има базен сум го видела од околу и ми се допадна,најчесто би сакала да идам на мирни базени
Во базенот во Охрид кај СЦ Билјанини Извори и оваа година (како и минатата) почна со работа летната пливачка школа. Ајде нека им стане традиција
бевме на базенот Нју Стар во Визбегово...многу беше убаво...ако сака некој од скопјево да се разлади од горештините што следат...слободно нека отиде таму..прекрасно е нема да зажали
На Воен никогаш не сум била, а најверојатно нема ни да одам. Летово сакам да отидам на оној во Визбегово и во Сопиште. Планирам да направам по една целодневна екскурзија - таму да ручаме, да се посончаме и да попливаме. Не практикувам бањање во базенти, особено затоа што јас си имам проблем со инфекции. Кога сум на одмор, ако има базен во склоп на хотелот обавезно го испробувам - затоа што најчесто е потопол од морето, а освен тоа таквите базенти имаат добри филтри, па водата е доста чиста. За летно разладување го користам домашниот, а сега за на планина татко ми купил ваков Прилично е голем, има и филтер за прочистување на водата. Планираме да го намонтираме во ливадата, каде што нема сенки, ама сепак не знам колку ќе може водата да се стопли на планина