обожавам балетанки и се дел од моето секојдневие,за на работа,за прошетка буквално за секаде,ова лето едвај двапати да облеков сандали,и се додка не почнат дождовите ке ги носам
Најмногу не го сакам овој никаков период за обувки. Најголем поборник сум против тоа носење чизми и изговори за истите уште крај на септември или октромври кога уште не фатил студ, туку само дождови. А балетанки, па нема да претерам ако кажам дека ги мразам од две причини. Ми потекуваат нозете од нив и ме боли грбот и стапалата, какви сака нека се, чие сака нека се производство, од најевтини до поскапи, без исклучок мене исто ми е.... Епа што носите бе девојки на вакво време, ако не се балетанки? Стоп за оксвордките.
^ па отекуваат нозете и не боли грбот зашто балетанката е рамна, а скрос рамна чевла не е препорачливо да се носи. Има балетанчиња со една штикличка од 1 сантим, сеа малце дава таа штикла потеткински изглед на балетанката т.е. посериозен изглед, ако ти е пример за на работа ќе е супер. Или купи си од чизмичињата до глужд, баш се за меѓусезона. Јес да реално до октомври е рано според мене за нив, зашто сеа носат и сандали, ама сум видела со чорапчиња и фармерчиња топ стојат. Како и да сабајле кога искочив за на работа ми доаѓаше чизми да облечам, дури видов во град луѓе со подебели јакни. А после 2 часа ти доаѓаше да облечеш сандали. Лудо време е, ниедна обувка не е совршена за времево.
Да,да, јасно ми е од каде доаѓаат болките, ни малку анатомски се. Просто не ги сакам воопшто. Имам вакви чизмички до глужд, ама превртена кожа за вакво време... значи никакво е. Плус не се толку сериозни... Алтернатива, 5 сантими штикла и ајт...и тоа е многу за трчање цел ден лево десно,ама поубаво и за око и за кичма, ваљда...
Јас чизма до малку над глужд си облеков, кожна, превртена кожа не доаѓа у обзир, ќе ми накисне цела нога. Стоп за балетанките и санадалите, па и штиклите со отворен прст на вакво време. Освен гумена и кожна чизма ништо друго не е решение. Одвратно изгледа накисната балетанка, или сандала, а ногата гола испрскана со кал и направена жива вода Ај на страна изгледот, ама удобноста, студот и гнасотијата од асфалтов што ти се собира на голата нога.... Топло ќе издржам, после 12 кога пука сонце после дождот, да, ми се јави ногата во чизмата и ми доаѓа да си одам по чорапи, али подобро така одколку каллива да седам цел ден. Евентуално решение е кожна салонка
Од мразењето на Лилит, има еден ќар - дечко и` ќе биде посреќен. Сите мажи ги мразат, а во најдобар случај, немаат став во однос на нив, ама ако најдете маж кој ќе рече „баш се слатки“ - гарант е геј. Мене ако ме прашате, одвратни се, во нив личите како малечки пингвинчиња кои не научиле да одат.
Јас имам 3-4 пара балетанки, практични ми се кога не сакам да одам на штикли, а гардеробата не одговара на патики. Сепак, ми ги прават нозете дебели, стапалата дебели, газот смкнат и што ли уште не. Поглупа чевла нема, ама па не ги сакам ни оние оксфоткине. Се убив од барање никси штикли за да можам да одам на работа, со 3-4 сантима штикла, ама никаде нема салам- се се со полна пета и ниту најмалку елегантни.