Не ги сакам ама ич! На човек ко мене балетанки не му стојат, или јас така мислам. Како што рече Лакримоса, опинок во понова варијанта... Можда има убави модели, но мене не ми одговараат нити па можам да ги замислам на нозе. А и што си имам мака со стапалото, тоа уште толку ми ги прави одбивни. И секогаш кога мора да се има нешто ниско, а не е врме од сандала бирам старки, по шик ми се и со се ми одговараат - барем мене
Убави ми се, ама ретко наоѓам удобни. Си имам јас комплицирани стапала и сите ефтини балетанки не се за мене. Моментално имам едно кожни, кои околу 1000 (што според мене е многу за балетанки) ама добро се покажуваат. А оние апла ниските, не сфаќам како ги носат луѓе. Па ако боса да газиш, мене ѓон ми треба колку толку.
Имам 2-3 пара и ги имам облечено 2-3 пати. Не можам да одам со нив. Како прво многу ми се ниски, исто ко на земја да газам, второ нема соодветен модел за мене, јас со тесно долго стопало секогаш ми се широки од страните и буквално не можам да одам со нив. И трето толку ми се разранува петата позади, веднаш ми излегуваат плускавци, е тогаш па ич не можам да одам. Не знам како на другите девојки не им излегуваат Како и да е, симпатични стојат на нога, но не се за мене.
Ги сакам , но речиси никогаш не наоѓам соодветни со оглед на мојата мала нога (35 носам) имам неколку пара кои се дотрајани и уште од сега сум во потрага по нови
Ги сакам балетанкиве, ама не и да ги носам. Еднаш ги носев на училиште и паднав и си ја свиткав ногата. # bad luck Имам еден пар портокалови, еден пар црни што се многу груби за носење и едни виолетови и тие се груби за носење. Се на се, имам 1 пар згодни.