Aбе и мене ми текна вечерва на тој филм,незнам од каде (можи дека за боја на коса читав ) и еве го најдов Баба Хола се вика Изгледа е германски А твојот пост на гугл ми излезе,дека баш такви зборчиња барав http://www.youtube.com/watch?v=4aREFkoO ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=scB4h689 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=m6wKJ99i ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=ieM5RadQ ... re=related
Филмов беше нешто за тоа дека запрело да се движи јадрото на Земјата и ради тоа почна Земјата да привлекува астероиди кон себе. Мораа да најдат начин како да стигнат до центарот на Земјата и измислија некоја машина што кога ќе се насочи кон некоја земја прави таа да исчезне и прави дупка. И тие неколку научници мислам дека се симнаа таму доле и фрлаа некои бомби ли, што ти ја знам, за да почне се да функционира нормално... :geek: Толку ми текнува од филмот
Се работи за едно девојче и момче имаат односи во када и она останува трудна од првиот пат и знам и двајцата збореа дека се инспирирани од марс..арно ама дечково ке направи сообракајќа и ке умре а она ке остане трудна и нема да успее да му казе..и ке реши да го чува детето а зивее само со татко и знам он има една сцена кога ке и казе мн ти е пораснато мешето мозе од со јадеш цело време компири а он глупчо нема да примети првите неколку месеци се додека она не му казе па ке ја тера да абортира ама она ке го сака детето и ке го роди и марс ке го крсти.. го знае некој?
Девојка околу 25 годишна возраст со виткана долга светла коса прави сообраќајка. Наидува на човек кој ја познава но не и мисли најдобро. Потоа тој ќе се обиде да и помогне бидејќи таа во сообраќајката ја изгубила меморијата. Тој ќе сака да и помогне но ќе се надева дека таа нема да се сети на се. Таа има свршеник но и на него не се сеќава. Потоа тој што ја сретнал решава да и направи хипноза. Со хипнозата таа ќе кажува настани и личности што живеале во друго време и биле многу познати. И мислам дека таа предходно имала двојничка. Ама не сум сигурна. Има и друга како неа омажена за пијанист. Незнам сега дали таа и беше двојничката. Натрупани информации но толку се сеќавам. Ако го има некој гледано нека го постира, зошто би сакала пак да го гледам.
Филмот е фантазија, нешто во стилот на The apprentice, прочитав дека една форумџика во темата "последн филм што го гледав е и кратка рецензија" го имаше исфалено дека некој и го препорачал, но никако не можам да ја најдам. Мислам дека името му беше само од еден збор..
Не го имам јас гледано, туку ми имаат дека кажувано дека е многу убав ама незнаеја да ми кажат како се вика. Се работи за момче и девојка кои многу ќе се сакаат но ќе ги разделат поради тоа што тој сиромашен ќе биди, таа писателка ќе биди, и по долго време тој со неговата ќерка ќе отиде на некоја промоција на нејзината книга и така нешто.
Девојки барам еден филм кој одамна го даваа на МТВ и се работи за едно девојче кое тренира уметничко лизгање и е многу добра во тоа.Таа продолжува да тренира со поранешен првак и после и умира мајка е и таа живее со нејзината баба, а на крајот и баба е умира......Толку ми текнува од филмов.Ако го знае некој нека ми прати линк.Фала однапред
Девојки јас неможам да најдам еден филм, не знам како е насловот, а се работеше за едни деца на кои не знам што им беше ама им светеа очите и кога го правеа тоа ги тераа (буквално без зборови) ги тераа луѓето да си наштетуваат себеси, дури и да се убијат мислам. Се сеќавам една жена си ги брцна рацете во вриечка вода. Така нешто беше. И овие децава сите имаа бело-сива коса. Сакам да го симнам од некаде. Ако некоја го знае, пишете. Благодарам
Девојки,филмов ми е гледан од многу,мноогу одамна и случајно ми текна пред некоја недела. Amy Smart е глумицата и нешто како фамилијарен филм,во кој таа станува наркоман и сите во фамилијата се обидуваат да и помогнат... Многу убава приказна беше,дали некоја знае нешто..? Во случај некоја да не знае која е Amy Smart,еве слико.
Да не мислиш на Butterfly effect? Таму има еден дел кај што е нешто келнерка па несреќна бла бла..во друг филм така со утепана улога не ја памтам..
^^ Не,не е тој... Ја имаше една сцена ја паметам,неа ја заклучуваат во соба нејзините дома за да неможе да дојде до дрога,па доаѓа доктор кој вели дека неа и нема спас и тогаш влегува татко и и си го препознава детето во неа пред да стане наркоман.. Лее,како не ми текнува на некои друг глумец,ама сигурна сум дека беше Amy Smart.. Фала сепак.
Без нервози http://www.imdb.com/name/nm0005442/ Подоле имаш листа на сите филмови во кои глумела, сигурно ќе го најдеш