1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебешка соба

Дискусија во 'Бебе' започната од Micika80, 3 октомври 2012.

  1. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Феминки, доколку има ваква тема слободно може да се префрли на друго место :)
    Овој мецес сакаме да почнеме со подготовките на собата, па ме интересираат и вашите подготовки.
    Не сакам да биде цела бела боја, би сакала да има жолта нијанса, белата и сината ми се некако ладни бои за машка соба. Дали жолта боја е соодветна за машко бебе?
    Дали ќе цртате нешто во собата, јас во емисијата Ајде дома често пати гледав како лепат готови тапети со ликови од цртани и слични мотиви. Јас како дете го имав Бамби со зајачето на цел ѕид, би сакала и моето дете да има нешто интересно во собата. Дали знаете каде се продаваат убави слики и украси за бебешка соба и слично.
    Слободно можете да постирате слики од бебешки соби и елементи што би сакале да ги има во собата на вашето бебе :)
    http://www.hometone.com/baby-room-decorating-ideas.html
     
  2. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    [​IMG]
    Ова е интересно за машка соба :)
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    [​IMG]

    Ова е многу весело и мислам дека секој може сам да си го нацрта и да го смисли со бои, без да се инвестира во тапети и специјална подготовка :)
    [​IMG]
    И ова е многу едноставно, со одбрани зелени украси е смислена цела соба

    [​IMG]
    И ова мислам дека може со малку воља да помине со Уради сам :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Kaj една приајтелка имам видено многу убава соба за машко дете. Сами ја правеа со маж и , преовладува плавата боја, со тоа што еден зид е во риги(поголеми и помали) , светло плаво, тегет, жолто и зелено, ептен добро изгледа.
    Јас сум за соба со целосна приказна. Пример ако биде со Бамби да биде цела во тој стил, или пак со коли(мада мислам дека за бебе не се соодветни, туку за поголемо дете).
    Можете цела со морски свет, рипчиња, подморници, алги, водени меури... ќе најдеш и некое такво килимче , стикери, играчки па супер би излегло.
    Ние кај креветчето ставивме стикери со животинки од џунглата и морски животни. Не сакав да биде стрикно за девојче , нека биде детско.
     
  5. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    И јас планирам сама да си ја активирам малку креативната страна и да смислам цел концепт со бои, налепници и украси.
    Собата секако ќе ја варосуваме овој месец, плакар и креветче ќе се купи ново, а се останато ќе му смисли мајка откако ќе ги прошета сите можни продавници и ќе ги разгледа сите сајтови на интернет.
     
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Oваа ми се допаѓа премногу и може да си ја уредите сами
    [​IMG]
    А,пак овие со малку "поголем џеб" што се вели...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Oваа ми се допаѓа премногу и може да си ја уредите сами
    [​IMG]
    Мислам дека ваков тип на пеперутки има во Џамбо, дури мислам и цветови како тие на претходните слики дека имам гледано на истото место.
     
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    [​IMG]
    Со вакво нешто би можела да се занимавам кога ќе ми започне породилното, нема никаква филозофија, а изгледа интересно.
     
  9. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Идејата е супер, ги гледаме овие прекрасно средени соби и си го замислуваме бебушот како мирно и слатко спие во креветчето или па си уживка во амбиентот. Арно ама во реална ситуација и не е баш така. Значи детски соби да, aма бебешки хмм - само не можи да спие, само не знае да игра па и од таму потребата за негова соба( дури е бебе) ми е малку излишна. Во мојот пример, на почеток ми требаше бебешко креветче до спалната, па пред некој ден увидов дека и од него немам потреба затоа што брачниот кревет се претвори во бебешки лежај :)
    Сеуште на пауза стои средувањето на собата на мојот син, имавме скроз празни две соби но итноста на ситуацијата налагаше да ставиме плакари па сега планирам некое теписонче да ставам оти е во фаза на одење и му е потребен збришан простор.
    А голем мерак имав и јас по една ваква соба, гледав на интернет, посетував салони :)
    Како и да е, ако се одлучите бебчето да си го пречекате со негова соба ви посакувам тоа да е најубавата и најбајковитата бебешка соба :angel:
     
  10. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Па добро и бебешката соба е всушност детска соба, само првите 2 години е полна со бебешки работи и реквизити, инаку е исто. :)
    Јас кога веќе имам празна соба и ќе купувам креветче и плакар за бебето, логично е дека собата ми е скоро готова и затоа сакав да си споделуваме креативни идеи и информации за самоуредување на собата, да видиме како од ништо да направиме нешто.
    Искрено повеќе би сакала да функционира собата, отколку да се стесниме во спална и од неа да правиме 2 во 1 ,со тек на време да стане главно вртилиште и за бебето и за мене и за бабите и за жени помошнички по потреба, преполна со пелени, бебешка козметика и останати работи да не можам нога да ставам во спална, а истовремено сите останати бебешки работи да се шетаат низ целиот стан како да е една голема бебешка соба.
    Јас сепак од старт би направила бебешко катче, па со текот на времето ќе биде полесно да го менуваме и приспособуваме на возраста на детето.
    Сум видела примери со двете варијанти, мене оваа со посебна соба повеќе ми се допаѓа, ќе видам во мојот случај праксата како ќе се покаже и ќе ви кажам дали има потреба или нема ;)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Нема врска... Додуша зависи кој како гледа на тоа. Некој одобруваат некој воопшто
    Моите две внуки од братучед ми, спијат сами во соба од денот од кога се дојдени од болница.
    Јас, здравје и живот прво, кога ќе имам свои деца ќе гледам да го применам истово. Мене ми се допаѓа :D
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Dzevelekova и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Сноу, ептен ме погоди со сликава...

    [​IMG]

    :inlove:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Повеќето брачни двојки избегнуваат да спремаат детски соби, а и неможат зошто живеат со родители. Прекрасна идеја е за оној кој има можност и вишок соба, бидејќи секое бебе и дете има право на свое катче, посебно ако собата се уреди со стил. Но, овие соби не се искористуваат максимум, се користат краток времен период. За да ја уредиш вака за наш стандард треба да потрошиш најмалку 500-1000 евра. А погоре на онаа слика што е со Вини Пу, цената би била отприлика едно 2000-3000 евра, ја гледав во Солун во еден дуќан, само ормарот беше околу 500 евра можеби и повеќе.
    Е, сега за практично не е, по мене си знам зошто првото дете го пораснав на принцип спиење до мама. Сега и за второто исто, оти ми е така најлесно, ќе се разбуди и до него си, го залулаш си заспие, ќе го надоиш и заспие, ако дојде ред да го креваш толку и ќе спие, а и нон-стоп треба да си дежурна во собата, да не поврне, да не се открие, да не се обрне итн. итн.
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Бебешка соба не знам колку е корисно да се има. Бебето има потреба од близина на родителите, особено мајката. Ние имаме слободна соба но во ниеден случај не помислив таму да го ставам креветчето и да спиеме во различни соби. Нема шанса. Детска соба да, но бебешка не... не е ни практично а не е ни толку добро мислам за детето додека е сеуште бебе. Инаку сето тоа вака на слики изгледа супер.
     
    На Belabelinakinder и jana31 им се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.351
    Пол:
    Женски
    И ние исто имаме детска соба , ама седи празна :|
    креветчето е кај нас во спална од причина што не ми се остава детето само во соба :)
    Навечер треба да се шетам по собите ,кога ке се буди |(

    Кога ке потпорасне секако ке си спие сама во соба , ама додека е уште мало бебе ке си е со нас .
    Нејзината соба не е целосно средена , треба да ја исфарбаме .. да се докупат уште некои ситници .
    Треба да позајмам некои идеи од овие слики кои ги постиравте :lol: :lol:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.353
    :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Бебешката соба е всушност истата детска соба што му следува на детето, нормално доколку имам на располаѓање слободна соба.
    Како тоа не е практична, кога разликата е единствено во времето кога ќе се спрема собата, дали ќе ја спремаме за новороденче или после 7-8 месеци или после една година. Истата соба што ќе ја направам сега, ќе ја имам и догодина и две, а за понатаму ќе треба само да ја надградувам и менувам во согласност со возраста. Тоа нема да порасне преку ноќ и да вика друштво за играње, за да не се исплати. Муабетот за непрактичност е како изговор за одложување на нешто што може да се направи подоцна.
    Факт дека е практично да биде бебето со мама првите неколку месеци и тоа најмногу за ноќното спиење, меѓутоа е многу пологично и похигиенски да си има негова соба, со негово плакарче само за неговите облеки, наткасна со неговата козметика и пелените, душече за пресоблекување, играчки и подароци од роднините, транспортери и сите останати бебешки дрангулии. Зарем сето ова ви го собира во спалната соба? Јас во мојата спална соба имам место само за креветчето, а за се останато ќе му спремам сама пристојна соба. Никој не вика дека треба да најмам архитект за соба од филмовите и да плаќам илјадници евра, туку затоа отворив тема за да си видиме креативни идеи и совети, како сами да направиме нешто интересно за сите оние што имаат мерак да направат нешто од собата на своето дете, а муабетот да го чувам и растам во мојата спална со години не ми беше темата на муабетов ;) Како што се гледа по сликите, само креветчето и наткасната се неопходни за собата, се останато е креативност и желба.
     
    На La.Reina.Del.Sur и bittersweet им се допаѓа ова.