Сега видов дека има тема за оваа серија. Мене сеуште не ми е јасно како Лиам е син на Моника и Френк а е црн... а овие сите се белци.. Имаше во една епизода случка околу тоа но не сфатив..
Гледај ја.. Мене ми е изгледана.. Не е нешто Wow али сепак е добра. Мислам дека завршиле со снимање и на третата сезона а кога ќе излезе незнам..
Мене Shanola Hampton ми е страшно секси. Другото е навистина шкарт. И башка многу време трае една епизода затоа не ми е ни догледана.
Иан најличен, оти актерот и во друга серија ми беше симпатија. Ама морам да признам ко ќе е малку психо посладок ми е, така да ко Џером ми е посекси упс. Инаку Лип, ќе бевме одличен long term, long distance, low commitment, casual couple. И во едно мислење пишав дека ме бендисват два age appropriate мажи и то би рекла е ... напредок. I feel u. Сега ја почнувам та сезона кај шо почнува да ја нема и се туркам да продолжам да гледам оти за две не ми се остава. Ама ќе ти кажам за некој ден дал е издржливо ако сакаш.
@Tomasa не е лошо и без Фиона ама мислам дека е како секогаш ко ќе фали некој главен лик оти е во поправен/затвор/работи во друго место итн. Као знајш дека постои, ја спомнуват ама скроз ја нема ни на важни настани шо е малку глупо оти не е в затвор пример. Ама во глобала јас сум среќна и со остатокот од епизодите. Сега морам да се препрограмирам со поќе различни приказни (серии) оти мме 11 сезони не се малку. Се соживеав со white trash.
Вака ко ќе читам тука многу имат свој најнеомилен лик, или лик шо ги нервира ама искрено - јас многу сакам imperfect ликови, од таму сите многу ги сакам. Освен можда Лиам, ама то не е вина на карактерот шо е бебе/тодлер најголем % од времето. Фиона и Лип ми се како истата паричка, само од башка страна. Апсолутно ги сакам нивните недостатоци. И разбирам дека сум поќе врзана за нив зошто се први (скоро) возрасни ликови кои ги имаме и кои веќе поминале низ се и сега се тие кои носат во домот и се грижат за децата. Секогаш велат ''they can't make me hate her'' (за Фиона) и то е точно за мене. Нема шанси да напрај некој да ја неќам Фиона. Или да го неќам Лип. Нивните ups and downs ми се омилени. Особено ко ќе беа во меѓусебен конфликт. Иан, како шо имам споделено, ме привлеква, така да можда сум малку пристрасна со љубовта кон него тука. Ама мислам дека како лик беше интересен од старт, и на почеток поќе. Покасно е интересен само во контекст на Мики и се осеќам Иан пред војска и после војска како да е башка лик. Па можеби Иан би ми бил најнеомилен? Деби од друга страна - да сфаќам зошто, и мене многу ме нервирала, многу, ама исто така не гледам да нема конзистентност, шо е чест аргумент за неа. Уште од S1 се гледа дека ќе биди хаотична, само шо уште е дете со емпатија шо расти во дисфункционално семејство и нормално, средината победва во нејзиниот раст. Се ова шо зборам, не е оправдување. Туку како шо реков, многу сакам ликови кои не се перфектни, шо ми дават да видам зошто се какви шо се. И ќе ме изнервират, нема да ги оправдам, ама ќе разберам дека ова шо реагираат е природна реакција на околностите во кои се нашле и растеле. Сакам да кажам, мислам дека Деби добива многу поќе хејт од било кој друг од сите деца, а мислам дека сите се тука негде во fucked upness. Сем Лиам. Мислам дека приватното образование ептен му се најде. Карл го обожавам. Карл ми е можеби и омилен лик. Во првите сезони нормално не иди до израст зошто е дете пред се, и е пишан како хаотичен соципат in the making. И на крај го добиваш најмилото (да, најмилото!) дете од сите, најполното со емпатија, можда не најбистрото ама дефинитивно е street smart. Би рекла има најдобар arc и воедно е најдобар лик со сите негови предности и недостатоци. И Лиам да е здрав и жив, како шо реков, не е крив зошто беше бебе и тодлер најголем % од времето. Исто како да коментирам тука за децата на Ви и Кев кога буквално се само позадински ликови. Лиам е дефинитивно многу поќе од позадински лик ама во споредба со сите останатите деца од семејството - е најпозадинскиот лик од сите.