Библија

Discussion in 'Религија' started by magic, Jan 27, 2010.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    1,674
    Likes Received:
    7,653
    Нема врска ова со верниците. Јас не сум верник, но имам прочитано добар дел од неа. Има многу мудрости. Библијата не е книга што брзо се чита. Треба да ја читаш со големо внимание, инаку ништо нема да ти биде јасно.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,270
    Likes Received:
    57,128
    Gender:
    Female
    Јас не реков дека тие што не се верници не треба да ја читаат, туку дека тие што се верници треба да ја прочитаат ;)
     
  3. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2010
    Messages:
    116
    Likes Received:
    87
    Тие што прочитале макар и мал дел од Библијата и се потрудиле да живеат така, се многу подобри личности!
     
    Bitter-Sweet likes this.
  4. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Joined:
    Jan 4, 2011
    Messages:
    50
    Likes Received:
    19
    тој што напиша дека библијата не е од ГОСПОД лажи оваа книга е лично од ГОСПОД
    ТОЈ преку неговите слуги пророците на кои му нареди да запишуваат а и некои кои сакаа пророштвата да останат да се паметат зборовите и делата БОЖЈИ ги записувале во книги
    книгата е пишувана од овчари до кралеви значи голем распон во социјални класи
    таа е составена од 66 книги и секој збор во неа е вистина и сите пророштва за кои е пишано се исполнуваат а другите веке се исполнети од зависнот кое е пророштвото и во кое време
    а за силата силата која ја дава е нешто невидено
    зборот во неа е толку силен посилен е од бран спроти карпи
    посилен е од гравитација посилен е од се
    осекјам оган тлее во мене а не ме гори
    столб голем во душата и не можи да се помести од мене
    чуството е како да леташ а стоиш на земја
    како да можам планина да поместам
    исполнетост место празнина
    лјубов место омраза добрина место зло
    саканје место лицемерие
    сила да претчам се сила да изодам се
    сила да се изборам со илјада луге
    сила да признам грешка
    сила да се покајам
    сила да плачам
    сила да се смеам
    зборот ме држи толку мн цврсто
    да сакам да го немам и да го избркам неможам
    оти е се вистина во него
    ова е псалм 23 од давид крал некогашен на израел и миленик на ГОСПОД дури и името му значи сакан
    еве:
    1 Давидов псалм. Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува,

    2 На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води.

    3 Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.

    4 Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.

    5 Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева.

    6 Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Го имам прочитано Новиот завет во целост, 5-те книги Мојсееви, и Псалмите.
    Еве дел од Псалмите што ми се допаѓа
    „Синови човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце, до кога ќе сакате суета и ќе барате лага?
    Не грешете гневејќи се, размислете во срцата свои и на постелите свои, и смирете се.
    Покази ни ја светлината на лицето Свое, Господи!
    А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку кога ќе се роди во изобилие пченица и вино.
    Затоа мирно легнувам и спијам, оти Ти, Господи, си ми влил надез да зивеам без опасност.„
     
    aerodrom likes this.
  6. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2011
    Messages:
    87
    Likes Received:
    54

    TAka e... многу си мудра
     
  7. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2011
    Messages:
    87
    Likes Received:
    54

    И проучување... Светото Писмо се проучува, не се чита... :)
     
  8. manasija

    manasija Истакнат член

    Joined:
    Feb 12, 2011
    Messages:
    19
    Likes Received:
    14
    здраво на сите :) ја видов темата за библијата и не мозев да се воздрзам а притоа да не прокоментирам во врска со тоа.ја сакам и ја цитам библијата.Има доста невистини и заблуди откриени во нејзе и е единствена книга чии автор е самиот Бог.(2тим.3/16,17)Во овој стих јасно казува дека е*ВДАХНОВЕНА* ОД БОГ,што знаци негови се мислите сто ги записувале авторите.Тоа мозе да се спореди со пример од секојдневниот зивот,за да мозе полесно да се свати.еве пример-Директорот на некоја фирма и се обрака на својата секретарка и и вели да напише писмо.Во тоа писмо секретарката ги запишува мислите и упатствата од директорот.Што значи писмото е НЕГОВО а не на секретарката.Самата библија го дава одговорот*лугето ги казуваа зборовите сто доагаат од Бог,така како што ги водеше светиот дух*(2петрово 1/21) Затоа мозе да се каже дека целата библија е*реч Божја*(1солунјаните 2 / 13).Библијата е составена од 66 книги и писма.тие се поделени на поглавја и стихови за да моземе полесно да се снаогаме.39 книги се написани на хебрејски јазик и се нарецени стар завет,кој поцнува од 1мојсеева до малахија.Во нив се зборува за создаванјето и за првите 3500 години од цовецката историја.Како Бог постапувал со израилците од нивното раганје како нација во 16 век пр.н.е. се до 5 век пр.н.е.(пред христа).Останатите 27 книги се напишани на грцки јазик,и се наречени грцки списи или нов завет,во кој се зборува за учењата и активностите на Исус и неговите ученици.Пишувана е во период од 16 века од 40 различни луге,кои живееле во различно време и потекнувале од разлицни општествени слоеви.Некои се прасуваат ЗОШТО различни луге ? Некои биле земјоделци ,рибари ,овцари. Други пророци судии цареви.Лука пак бил лекар.Секој од нив мозел да го долови и пренесе сето она сто е писано со цувство и емоција,секој од своја позиција.тоа е едната прицина. втората е дека Бог ги вклуцува сите,сто знаци не е пристрасен. и третата причина да докаже на овој народ дека тој е авторот на свето писмо,бидејки само под водство на светиот дух мозе целата библија од поцеток до крај да биде хармоницна (складна).Се состои од начела-дадени поуки преку примери и закони.не е научна книга но е науцно тоцна.пример кога сите мислеле дека земјата е плоца јов и исаја потврдиле со нивното пророство дека земјата е круг и дека е обесена на нисто.исаја 40 /22 јов 26 / 7.подоцна галилео галилеј во времето на инквизицијата го потврдил тоа сто го написале јов и исаја,мегутоа го костало зивот,му била одсецена главата.библијата е книга на пророства.најпреведувана на повеке од 2.300 јазици.таа е бестцелер,во просек секоја недела се раздаваат по повеке од милион библии.ја имаат над 90% од лугето во светот.Библијата е најстарата книга и преживеала понасилни спорови од која и да било друга книга.во средниот век многу луге биле изгорени на клада само затоа сто поседувале примерок од светото писмо.мегутоа и покрај нејзината старост ,таа секогас има современ совет.говорот на исус кој е познат како проповед на гората,а е записан во матеј поглавја од 5 до 7.во тој говор исус опфатил многу теми.на пример како да се пронајде вистинска срека,како да се ресаваат несогласувањата,како да се молиме,како да имаме исправно гледиште за матрејалните работи.сто знаци советите се подеднакво силни и практицни како сто биле и тогас.покрај тоа некои нацела се однесуваат на семејниот зивот,на работните навики и на мегуцовецките односи.исаја 48 /17- *јас сум твојот Бог кој те уци да го правис она сто е за твое добро.*НЕЈЗИНАТА ПОРАКА ИЛИ ТЕМА НА БИБЛИЈАТА е оправдуванјето на Бозјето право да владее со цовеството,како и остварувањето на неговата намера преку неговото царство.позз

    [mod-tekst:1f03w9sj][/mod-tekst:1f03w9sj]
     
    DeVoJkaTa999 likes this.
  9. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2011
    Messages:
    69
    Likes Received:
    10
    Да ја имам читано библијата многу пати и искреноп таа ми е омилена книга еве го мојот омилем псалм од неа....


    Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли.
    Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта.
    Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш.
    Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене.
    Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам.
    Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице?
    Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си.
    Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето,
    и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи.
    Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!”
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Се што ќе се прочита во Библијата е искуство повеќе кое ти помага низ животот. Секоја парабола, мудрост, псалм кои ги имам прочитано, вака или онака ми користеле во животот. Не смее ниту еден дел да се прескокне како небитен. Оние кои ја проичиле и разбрале и се водат според Библијата откриле живот на еден подобар начин. Едвај чекам конечно да завршам со сите мои обврски и целосно да и се посветам на целата Библија затоа што нејзиното проучување бара многу време и максимум посветеност. Засега гледам да се водам според она кое го имам прочитано.
     
  11. meredith

    meredith Истакнат член

    Joined:
    Jan 11, 2010
    Messages:
    363
    Likes Received:
    78
    Јас не сум ја прочитала Библијата , имам прочитано само делови од неа , ни беше за на училиште :)
     
  12. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2010
    Messages:
    116
    Likes Received:
    87
    Парадоксално е што лугето читаат се друго поврзано со Библиските вистини само Библијата НЕ.
    Гаволот ни ора ни копа туку гледа како да ги залаже лугето, да се подалеку од Вистината=ИСУС
     
    Triniti93 and Valentina.Vaki like this.
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Joined:
    Dec 5, 2010
    Messages:
    2,690
    Likes Received:
    4,485
    Не сум ја читала, ниту планирам. Може имав минус во прва за тоа, и го окркав после на испрашување, ама... :D Односно ги имам читано необјавените евангелија, ама тие не спаѓаат во сегашната Библија. :)
    Плус зошто Библијата ја читаме, а други религиозни книги не. Некои конзервативни муслимански фамилии на пример, што ако не му дозволат на детето за на училиште да ја чита Библијата. На крај краишта, па на него гајле му е за Исус.
     
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Го прочитав Евангелието по Јован бидејки ни беше лектира. Останатите евангелија и се друго во неа немам прочитано. И не верувам дека ќе прочитам ни Стар ни Нов Завет бидејки немам волја. Тоа не е само обична книга која се чита во еден здив, треба внатрешна желба за да се прочита Библјијата!
     
  15. bibip

    bibip Истакнат член

    Joined:
    Mar 21, 2011
    Messages:
    191
    Likes Received:
    101
    Сум ја цитала библијата, стариот завет ми е посебно интересен.
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Joined:
    Jun 7, 2010
    Messages:
    1,919
    Likes Received:
    674
    ја имам прочитано Библијата и стар и нов завет, секогаш кога нешто ми е тешко јас ја читам Библијата и секогаш ме смирува.
     
  17. Dadi4ka43

    Dadi4ka43 Истакнат член

    Joined:
    Jun 13, 2011
    Messages:
    10
    Likes Received:
    11
    Да,да и јас така ја читам и никогаш не барам која содржина ке ја читам туку едноставно ја отворам и секогаш ги наогам вистинските зборови кои ме смируваат.Понекогаш мислам дека само мене ми се упатени тие зборови..А почнав да ја читам во многу тежок период од мојот живот кога мислев дека никој неможе да ми помогне. Тогаш се сетив дека баба ми која исто така имала тежок живот а секогаш беше добро расположена постојано ја читаше Библијата и ни раскажуваше за Исус за Бог.Одеднаш добив желба да видам што има во неа што и даваше сила на баба ми смеејки се да оди низ животот. Сега знам дека таа никогаш не била сама и не била уплашена зошто со неа бил Бог,а тоа е најголемата сила. Сега библијата има почесно место во мојот живот и мојот дом,а јас сум секогаш насмеана зошто сите грижи му ги предадов на мојот создател. А тој досега никого не изневерил,затоа многу му благодарам. :bow:
     
    tanja6 likes this.
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Joined:
    May 1, 2011
    Messages:
    1,508
    Likes Received:
    3,880
    Ја имам прочитано Библијата.


    иначе Сепхора, ако ти сакаш ќе прочиташ други религиозни книги, ако не сакаш нема да ги прочиташ....Пример јас пред неколку месеци го прочитав Куранот, едноставно ме интересираше како е напишан, какво е муслиманството...така да ако сакаш ќе читаш а ако не сакаш нема :)
     
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Ќе пренесам само едно чудо од многуте чуда кои се поврзани со Библијата.

    Еден офицер додека бил млад се оддал на пиење. Како и секој млад човек со своето друштво започнал да пие и на крај се тоа резултирало со отстранување од офицерското место. Кутриот човек и од најмало количество на алкохол легнувал како болен и по неколку недели.
    Еден ден додека седел со друштвото во собата пристигнал еден монах кој барал милостина за некоја црква. Бидејќи бил премногу загрижен, монахот го видел се тоа, а и офицеров му објаснал. На крај монахот извадил Евангелие и му го подарил. Му рекол секогаш кога ќе ти дојде мислата да пиеш, земи го Евангелието и читај. Офицеров се насмеал и му рекол дека ништо не му помага. Кога не можеле и најсилните таблети да помогнат, зар тоа ќе го може Евангелието. Се жалел дека ништо не разбира и колку и да чита, а монахов му одговорил дека можеби тој ништо не разбира, но тој што е до него и го тера да пие, тој и тоа како разбира. Офицеров не разбирал дека пијанството е страст која е од ѓаволот, па затоа и така реагирал.
    (Појаснување: Доколку некој човек почине во пијана состојба, според светите отци, нему нема да му се суди туку веднаш оди во пеколот. Затоа што тоа е грев на неконтролирање на телото и се смета како самоубиство.)
    Монахот уште еднаш му кажал и си заминал.
    По извесно време (поминале и месеци), човеков пак по старо. Во една прилика се сетил на Евангелието и си рекол, да се обиде барем еднаш. Започнал да чита и не забележал дека се поминало и дека мислата за пиење ја нема. Другиот ден повторно читал за на крај за мал период таа страст на пијанство потполно исчезнала.
    Од тој период секојдневно го читал Евагелието, а кога не можел тоа го правеле неговите блиски, жена му, децата.

    Уште еден пример и совет со кој би се посоветувале идните мајки.

    Ако бебето плаче непрекинато, еден светител советува, мајката да му чита од Светото Писмо. Така бебето ќе се смири. Зашто молитвата е најубавата прегратка и утешителка.
     
  20. kerber

    kerber Истакнат член

    Joined:
    Nov 25, 2010
    Messages:
    21
    Likes Received:
    9
    Почнав да ја читам но уште на почетокот наидов на АПСУРД на нешто што нема логика и престанав да ја читам бидејки мислам дека е искривена или можеби менувана. Се работи за убиството на Авел од страна на неговиот брат Каин. Имено Каин го убива Авел и Бог го проколнува Каин и го протерува од таа територија, а Каин оди во друга територија (земја) и таму се жени ??????????????????????????????????????? Се прашувам од каде е таа жена од каде потекнува кога Адам и Ева имале само два сина така барем пишува во Библијата. Чекам одговор и објаснување за ова кој знае нека повели да ми одговори но само со доказ не признавам бабини деветини повторувам само со доказззззззззззззз!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!