Divinebutterfly, еве ги другите 3, од кој тој десно беше втор бидермаер за фрлање и ич не ми прави мерак, а првиот беше расчупан целиот тие листовите од страна
Ми се допаѓа да биде од живо цвеќе ама не знам како додржуваат за цела свадба па ај пишете по нешто од искуство , баш не би носела вештачки бидермаер,освен ако не изгледа премногу живо Ме интересира Сноу Квин ако може да ми пишеш во ЛП за која цвеќарница се работи , дали е од СК пред се ?! Затоа што ми се допаѓаат бидермаерите! тенкс
Издржува цвеќето не се секирај, освен ако не е многу топло. Порано во фишеци со вода се правеа бидермаери од свежо цвеќе, и беа многу тешки, башка и не се фрлаа на крајот. Тогаш и повеќе се правеа бидермаери од вештачко цвеќе, ретко која имаше од свежо. Како и да е, пластичните цвеќиња не изгледаат убаво, барем јас не ги сакам, а свежото е далеку поубаво и поприродно.
Јас ти ја предлагам Алстромерија во Аеродром. Иако верувам дека ретки се цвеќарите кои направиле утка.
Јас толку се радувам што свадбата ни е во Мај, затоа што има божури... Неможам да замислам поубаво цвеќе, заљубена сум во него. Ќе одам на пазар, ќе се изнакупувам еден куп божури, ќе го направам бидермаерот, и неколку орхидеи ќе ставам затоа што од секогаш сум сакала жива орхидеа во косата, па да одговараат, нели, и сите цветни аранжмани ќе бидат само и само од божури. Среќа малку гости, малку маси, инаку најскапо цвеќето ќе ми се фатеше, хахахаха!
Lady97, тоа е тоа! Шарени божури, од сите нијанси по еден, и неколку орхидеи, и ќе биде огрооооомен, ама и јас не сум мала... Фала ти за сликите, ми припомогна, признавам!