Дa, јас сум била на свадба каде невестата имаше со сончогледи Аааа, па не го сфатив така, зошто секако мислам дека секаде бидермаерите одат по нарачка, не стојат готови изложени во продавница
Мислам дека зависи и кога е свадбата. Ги нема сите цветови во секој период од годината. Најдобро да си прашаш во некоја цвеќара
Убаво ти пишала членката подоле, зависи кога е свадбата и дали ќе има баш тој период, инаку супер ти е замислава со сончогледиве.
Препорака за цвеќара за бидермаер во Скопје или во Куманово? Сакам мал за на регистрација со ружи или гербери, ако воопшто има гербери на пролет.
Женски каде има бидермаери во Скопје до кај 3000? Постои ли оваа цена негде? Значи на две три места прашав, 4500-6000 се, што ми е некако безвезе скроз.
Се зависност од тоа колку ружи сакаш да има. Не е претерано од 4500-6000 за бидермаер? Не продаваат злато.
Во Гевгелија ружата е 150мкд, така да за мојот бидермаер имам 11 ружи и со се китека е околу 1800мкд. Не знам што е со ова претерување на цените.
На тезга кај цвеќарите во зелено пазарче. Генерално зависи од какви цвеќиња сакаш, ама 6000 е стварно премногу. За ориентација бела роза е околу 200 денари. Јас платив 1700 за бидермаер со 7 бели рози, плус додатоци бела мрежа и лента-панделка, и некои дополнителни зелени ливчиња за да не изгледа шуто. Беше едноставен ама цената ми одговараше, плус жената го "скоцка" за нецели 10 минути, во 5 до 12 го зедов. Отприлика ваков беше - сликиве од интернет им ги покажав за пример: (ќе проверам после на компјутер ако најдам слика и од мојот каков испадна)
леле преубаво! Ај просветли ме, за да не банкротирам хахаха, кај поточно на зелен пазар, позади автобуската на патот накај пазарот ли?
Да, позади постојката што е спроти градска, влегуваш во пазарот ги поминуваш тезгите со алишта, и ги бараш тезгите со цвеќиња. Сега немам ориентација баш, пошто јас од другата страна влегував од кај паркингот на градски ѕид, ама лесно се наоѓаат.
Слушам сите викаат дека невестата си има два бидермаери. Зошто е тоа така ако може некој да ми објасни, чудно ми е, што ќе ти се два?! Едниот од кумата природен и еден сама што си го зимала вештачки. Знам го фрлаш тој што е од кумата, во црква што се носи.
Обично земаат 2 бидермаери и демек оригиналниот да си остане кај невестата а вештачкиот го фрлаат. Јас само еден имав, ми немаше поента да носам 2...