Божиќ

Discussion in 'Религија' started by cvet957, Dec 22, 2009.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,007
    Gender:
    Female
    Божиќ ми е омилен празник.
    Богата трпеза, пријатно расположение и топла атмосфера. Ги сакам ваквите празници кога сме сите фамилијарно собрани. За жал, годинава за прв пат тато ќе ја испушти божиќната трпеза, бидејќи ќе мора да биде на работа :worried:
    Традиција ни е на мене и сестра ми на тој ден да го гледаме A Christmas Carol :)
    [​IMG]
     
    atala and CoverGirl10 like this.
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2010
    Messages:
    1,650
    Likes Received:
    2,279
    Gender:
    Female
    Ние секоја година Божиќ си го прославуваме на гости кај тетка ми бидејќи она чека име :) сите собрани на куп,полна трпеза,музика,играње...баш весело поминуваме :)
     
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Joined:
    Jun 18, 2011
    Messages:
    3,224
    Likes Received:
    25,832
    Gender:
    Female
    незнам зошто ги мешате Божик и нова година :( нова година не е ни празник,и мислам дека само кај нас на Балканот и се дава многу значење на новата год.на секаде во светот е еден нај обичен ден.а Божик е еден од нај убавите празници заедно со Велигден.Прекрасен ден,пре убава атмосфера сите собрани на куп и богата трпеза.Срекни Божикни Празници :)
     
    Snow-Queen likes this.
  4. Page

    Page Истакнат член

    Joined:
    Jan 2, 2012
    Messages:
    149
    Likes Received:
    359
    ШТО Е БОЖИЌ




    Божиќ е кога во себе откриваш едно недоречено форестгамповско движење, и почнуваш да трчаш од дното на срцето до крајот на светот, каде што наместо „цел“ пишува „почеток“Нултата година на новата ера почна на 25 декември во 754 година од основањето на градот Рим, кога во една мала пештера близу гратчето Витлеем се роди Исус Христос. Годините пред неговото раѓање се сметаат како години пред Христа - бефоре Цхрист, а годините потоа како години по Христа - афтер Цхрист. Овој начин на мерење на времето е влезен во општа употреба во втората половина на седумнаесеттиот век (по Христа), а денес со него се служи речиси целата планета Земја. Христовиот роденден е почетокот на новата ера

    Боже.
    Среќата е среќавањето на малата вистина и големата радост заради љубовта каква што ја доживува детето: безусловна. Скришна средба помеѓу божественото и човечкото. Средба е еднакво на среќа. Затоа се случува во пештера, затоа што надворешните околности не се важни.

    Божиќ е кога точно на полноќ си насамо со Господ: и покрај колективната свест, и покрај феноменот на стаклена бавча и глобалното „што и да е“, насамо со Него значи дека од миг во миг се креира просторот на твојата среќа.

    Божиќ е кога сочувствуваш со малите деца од Африка и гледаш дека ги има на сите континенти, но најпрво, самиот Ти си вечно гладното дете, растрчано наоколу во неуморна потрага по својот дел од „печеното“ на новогодишната трпеза, и сфаќаш дека ЦЕЛО е кога има за сите, а „сите“ е точка во срцето каде што Бог станува Човек.

    Божиќ е вавилонската приказна за мешањето на јазиците, кои во хор замолчуваат пред големата тајна на Љубовта, повторно станувајќи Еден.

    Божиќ е кога си едно со Него. Кога во средиштето на воените немири наоѓаш засолниште во еден напуштен бункер и по извесно време сфаќаш дека бункерот бил твоето сопствено срце, а неговиот мир катанецот на влезот, кој се отвора единствено со клучот на прифаќањето на себеси...

    Божиќ е кога ќе погледнеш наоколу и ќе видиш дека сé е исто како и таа ноќ пред 2012 години, само што денес во добро чуваните лаборатории низ светот, освен божјата честица, се измислуваат уште и нови вируси во прилог на современата технологија за масовно уништување. И додека во каталогот на најновите модели на атомски бомби не наоѓаш ништо по своја мера, во длабочините на својата душа го слушаш синхронизираниот глас на преводот – „Јас го победив светот...“. И во истиот миг – се случува преобразување на рационалниот дискурс на умот. Златното клуче со кое ги отвораш скапоцените, иако малку невидливи - подароци од Горе.

    Божиќ е за деца. И возрасните се деца, само што нивните играчки не се вистински.

    Божиќ е кога во муслите од твојот појадок се сретнуваат една сушена и една свежа банана и почнуваат разговор со измисленото прасе од градскиот плоштад. Божиќ е празник на добро нахранетите (=воспитани) вегетаријанци, кои живеат во надеж дека ќе осамне ден кога „сите“ ќе сфатат кој за кого е создаден и кој кого треба да јаде.

    Ова е празник на осмислување на трпезата. Ден кога станува јасно дека ништите се најбогатите.
    Божиќ е ден кога Небото и Земјата се смешуваат и од нивниот микс се раѓа Новиот Човек. Со ова раѓање почнале еоните на нов живот.

    Божиќ е кога во просјаците на улица ја препознаваш нитката на божественоста бидејќи не се срамат да бидат тоа што се, туку едноставно – се. Вистинските просјаци не просат за да добијат нешто, туку за да ја искушат човечката милост. Како инаку да ја протолкуваме евангелската порака дека „силата Моја во вашата слабост се покажува...“? Тие се тука да нé потсетат дека ништо не е наше и дека посесивноста и врзувањето се ќор-сокак од кој час поскоро треба да најдеме излез. Што имаш што не си добил?

    Божиќ е кога на сите корисници на овој живот, особено во неговата перспектива на вечност, преку бранот на мислите во новогодишното пакетче им пакуваш мирна пловидба и спокојно дишење, а во најубавата честитка им посакуваш среќа зашто тоа е единствениот начин да бидеш целосно присутен сега и овде по кратка и неодложна постапка...

    Божиќ е кога во себе откриваш едно недоречено форестгамповско движење, и почнуваш да трчаш од дното на срцето до крајот на светот, каде што наместо „цел“ пишува „почеток“.

    Божиќ е кога се будиш со сонцето и појадуваш светлина. Заспиваш со месечината и вечерата им ја оставаш на кучињата-бездомници.

    Божиќ е кога твојот живот станува исполнување на Христовите зборови кога вели „бидете како деца“ и кога наместо да вкусиш од јаболкото, се качуваш по дрвото на знаењето, ја збунуваш змијата и остануваш во кругот на рајот и покрај сите програми за бегство и евентуален прогон. По што ќе препознаеш дали си во рајот? Во рајот сé е Едно, а надвор од рајот почнува одбројувањето, дуализмот те носи директно во канџите на поларитетот, каде што Внатре станува надвор, добредојде во светот на предметите...

    Божиќ е Рајот суптилно вткаен во пејзажите на оваа планета преточен во мистика недостапна за зборовите на разумот, но достапна за јазикот на Тишината... Значи: Молчи!

    Божиќ е кога од својата утроба правиш јасли во кои ќе се вдоми несместливиот, а потоа се однесуваш како Крстителот велејќи – јас да се смалувам, а Он да расте... Ова „јас“ и смалувањето всушност значи да исчезне стравот, а љубовта да се зголеми толку што да нема ништо друго освен тоа што е...

    Ова е ден кога на стравот од смртта му се става надгробниот натпис почивај во мир. Од гасеницата се испилува прекрасната пеперутка, која влетува директно во срцето на ураганот ширејќи мирис на спокој и конечно остварување...

    Божиќ е кога Е „постојано“ и „засекогаш“, а не само дента кога суштината се облекува во рувото на фразите. Ако нема закон за тоа дека секој ден не е Божиќ, славата може да продолжи сите 365 дена колку што ги има една сончева година. Не во смисла на покачен холестерол, туку да се одржува фреквенцијата на радоста. Вистината и Љубовта.



    Се чини дека развојот на современата научна мисла на западниот свет со акцент на теоријата за релативност е најблиску до чувството што би го имал еден „обичен смртник“ соочен со палетата од различни системи на мерење на времето, кај различните цивилизации и култури.

    Имено, она што во христијанскиот календар се означува со „пред нашата ера“, кај Евреите е прецизно пресметано, така што годината на Христовото раѓање, која во календарот на христијанската цивилизација е нулта, кај нив е 5508 година од создавањето на светот, со напомена дека тоа е така според пресметките на часовничарите од Источното Римско Царство. Со други зборови, Евреите денес си ја честитаат 5772 година, и тоа од создавањето на светот - Анно Мунди, а муслиманите би рекле среќна Нова - 1420 година! На зајачето од кинеската нова година не му останува ништо друго освен да се трка со тигарот во 4708! За тоа време желката на Архимед ќе мора да почека раѓање на некој НОВ систем...

    Како и да е, бидејќи се посакува СРЕЌА, не е лошо да се спомне дека среќата е феномен, кој е МОЖЕН единствено во сегашноста! На овој МИГ, кој вечно трае, не му треба календар. Единственото место во времето на кое може да се искуси среќата. Сега.

    Во секој случај, сé е подобро од малите експлозии на уличните петарди од ерата на пубертетот, можеби затоа што насилно се обидуваат да ги потсетат заспаните славеници на Големата експлозија (Биг бенг), за која Маите би рекле дека се паѓа точно на полноќ, во виртуелната нова 2012!
    Е па, со среќа, т.е. с е г а!

    Автор: Сестра Макрина

    Извор:http://preminportal.com.mk/content/view/9296/54/
     
    atala and Deemy like this.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Joined:
    Dec 20, 2009
    Messages:
    4,220
    Likes Received:
    3,854
    Gender:
    Female
    Божиќ има магија! А снегов ја надополни и ја заблеска :inlove: Бато е дома, покрај нас и ништо повеќе не ми треба. Здравје и добра мисла, Божиќ да ни донесе :)
     
    danniela5, Gordana10 and crazylady like this.
  6. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Joined:
    Aug 7, 2010
    Messages:
    714
    Likes Received:
    618
    [СДК] Сакам да кажам...

    Прво да ви го честитам Божиќ на ситем бидете здрави и секогаш насмеани :) Ова утро станав прилично рано околу 7 ама ако не се жалам баш ми е убаво.Снегот ни го окупира цел град.Уште од сабалје со братми излеговме како некогаш кога бевме мали да шетаме и да слушаме како ни крцка снегот под чизмите, ааа го обожавам тој звук.И да ви се пофалам го имаме најубавиот снешко :) кога бевм емали правевме малецки ама сега гледам сите возрасни се ангажирале од улицава и го направиле највисокиот снешко што сум го видела досега-4 метри е висок :)

    еве го :D
     

    Attached Files:

  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,834
    Likes Received:
    101,309
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Некако мисливе не можам да си ги фатам....од синоќешната забоболка,која ме измачи цела ноќ,еве уште траговите од болката се тука...не можам да одам на забар нели празник е а во итна не ми се оди,ќе издржам ли до понеделник??

    Паричката се падна кај мајка ми,колку се радуваше сирота,вика дека не се сеќава кога последен пат и се паднала :) А маж ми рече на кого ќе му се падне добива од мене 1000 денари :D И мораше човекот да си стои на зборот,одамна мајка ми не сум ја видела толку насмеана :D Децата и се обесија да ја избакнат и честитаат.Ако, нека ми е жива и здрава уште многу години :)

    Надвор студено време без снег,колку мразам што е такво,зар не е убаво сега да одиш а снегот да шкрипи под нозете,не чини Божик без снег не чини... :!:

    Христос се роди драги мои,нека ни е за многу години празников :hug:
     
    Serafima and Divinebutterfly like this.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Joined:
    Aug 23, 2010
    Messages:
    3,912
    Likes Received:
    31,672
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди. Среќен Божиќ феминки уште многу години да си го празнуваме.

    Паричката не се падна во мене, ко по обичај пак се падна кај сестра ми :) . Да ви кажам право не се ни надевав дека ќе ми се падне, не ми се има паднато од времето кога ми ја местеле :) Али нема врска, на било кој од моето семејство да му се падне се радувам ко да ми паднала мене, зошто среќата на сестра ми, мајка ми и татко ми ме прави посреќна од сопствената среќа :)
    Обично за Бадник по вечерата седам дома и гледам некои филмчиња. Оваа година излегов малку до еден кафич и таму делеа лепчиња со паричка :) Јас убедена дека во мене нема да се падне, пред да почнат да делат викам на кој му се падне паричката да ги части сите :D И ми се падна мене. Оу јееееееее :D Значи тоа било финтата :)
     
    crazylady, julie77, teddybear and 6 others like this.
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2011
    Messages:
    697
    Likes Received:
    1,288
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Евридеј ис ма ма мамај деј :)
    Добро утро! Не вдишавме снег, но помирисавме божиќен мирис. Најубавиот празник си го чекам под мојата елка. Јас сум си подарок сама на себе :rofl: После ќе се почастам дека со арно со убаво си ја почнав годинава, и може вечерта да си ја залиеме, онака традиционално како секоја година. Ако се седи дома за Бадник, за Божиќ се оди надвор, се гледа на небото и се замислува желба. Мој адет.
    Нека биде со арно со убаво цела година.
    Насмевки секој ден.
    Ви посакувам најубав провод на најубавиот празник, мили феминки. И да, Христос се роди! :)
     
    BeYourself likes this.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Joined:
    Jun 6, 2011
    Messages:
    2,765
    Likes Received:
    3,559
    [СДК] Сакам да кажам...

    Среќен божиќ на сите,Христос се роди.

    Се надевам дека убаво си ги поминувате Божиќните празници.Не знам што да кажам друго а многу работи сакам.Некако зборовите не сакат да излезат од мене.Греота е на оваков ден да си тажен па колку и да ми е тешко ќе стиснам заби.Денес барем нема до толку да се секирам за некои работи ;)

    Паричката не се падна во мене а малку се понадевав морам да признаам но тоа е,не ме сака среќата :) се шегувам.Си реков нема на овој ден да тагувам :) .И така ве поздравувам сите а сега ќе се опуштам малку со добра музика.
     
    Hiii and starbucks like this.
  11. PinkPanterka

    PinkPanterka Истакнат член

    Joined:
    May 14, 2010
    Messages:
    503
    Likes Received:
    155
    [СДК] Сакам да кажам...

    СДК Ви посакувам мир со него се започнува...
    Љубов, бидејќи му дава смисла на животот...
    Пријателства - остануваат и кога друго нема...
    Многу смеа - ги лечи сите болести...
    Безброј ситни задоволства, во нив се крие среќата
    и многу соништа, бидејќи можат да се исполнат...
    Честит Божиќ-ХРИСТОС СЕ РОДИ
     
  12. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2011
    Messages:
    622
    Likes Received:
    2,368
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Како сум се најала кај баба ми и кај тетка ми сабајлево, за цел ден.
    Убаво ми е кога сум кај неа, баба ми. Во тој стан скоро и го помивав цело детство со братучед ми.
    Најблиското семејство, седнати на маса, музика, пријатни разговори, смеа и богата трпеза.

    Ама неможе денот да помине без јас да направам нешто... Нели фразичките што се разменуваат идат у стил Хрисот се роди-навистина се роди.. Си влегувам јас кај баба ми, ја гушкам жената и и` велам- Се родив бабо и мртва ладна си продолжувам. Кога почнаа да се смеат сите сфатив каква глупост сум кажала, дури си помислив - Немој после и кај тета да си кажала глупост, женска главо.
    Ама џабе, на тетка ми пак и велам Крстот воскресна.
    Е, ај сеа.. :^)


    Ајде џенцки, се надевам дека нема и сега да погрешам..
    -Христот се роди! Нека ви е среќен празникот на сите :)
     
    atala and eli25 like this.
  13. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    328
    Likes Received:
    316
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Христос Се Роди!
    [​IMG]
    Среќни Празници!

    Многу е глупо кога на празници се чувствуваш тажно а мора да се преправаш дека си среќен/на.
    Ама па, никој не ме праша два пати како сум. Сигурно на вториот пат ќе попуштев и ќе речев: Не сум добро, за никаде сум, но ќе помине..
    Ајде уште само седум дена хепи фејс, па ќе се врати се по старо :)
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2010
    Messages:
    4,832
    Likes Received:
    10,128
    Gender:
    Female
    Еден од најубавите верски празници, според мене.
    На денов одам во црква задолжително, можеби е единствен ден кога со мерак и самоиницијативно имам желба да запалам свеќа за мене и целото семејство.


    Христос се роди!
    Многу здравје, среќа, бериќет и љубов нека ни донесе овој Божиќ!
     
  15. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Joined:
    Dec 8, 2009
    Messages:
    387
    Likes Received:
    234
    Христос се роди! Неговото раѓање нека ви ја огрее душата,нека внесе љубов во вашето срце,која ќе ве води низ патот полн со успех. Честит Божик!!!
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Joined:
    May 1, 2011
    Messages:
    1,508
    Likes Received:
    3,880
    [СДК] Сакам да кажам...

    Ме дрма празнично расположение...
    Синоќешниот почеток беше мн добар... Вино, скара (после полноќ), ора, песни, огнови. Го сакам Бадник, мој ден е тоа...
    Денес дома собрани сите си муабетиме, се веселиме...
    Ги сакам овие празници...

    Ајде
    Среќен Божиќ! Христос се роди!

    :* :hug: :* :hug:
     
    crazylady likes this.
  17. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    321
    Likes Received:
    217
    [СДК] Сакам да кажам...

    Христос се роди!
    Среќни празници феминки...
    Оваа година воопшто не ме фати таа предновогодишна еуфорија, исто како секој ден ми беше. Ама денес го сакам денов пошто можам да го слушам името Христос, Христос, Христос...
    Доообро. :D Се напнав, нема врска, сепак убаво ми е.

    Едваи си чекам утре дома да отидам, ќе ми фали скопјево ама сепак 24 часа седење на вибер не ми е досадно во никој случај.

    Да, и паричката не ми се падна мене, ама ни тоа не ме убеди дека мене годинава нема да ми биде убава :)

    Јас лично ќе се погрижам да биде најубава до сега, и тоа што го чекам 3 ипол години, со раце ќе го фатам и ќе си го довлечкам во Белград, епа нема више трте мрте секој ден се поише го сакам, тенкс ту Вибееер ]:) :)
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,007
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Празничната семејна атмосфера ми делува подобро од било која анти-стрес терапија.
    Со секој залак вкусувам се повеќе среќа и ми се чини дека никогаш не сум била толку насмеана, од срце.
    А атмосферата е уште поубава со гласот на Френк Синатра.
    http://www.youtube.com/watch?v=nZ6yQgBvuoI
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    4,639
    Likes Received:
    23,872
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Убав ден, весел :) За многу години празникот, да бидеме живи, здрави и посреќни оваа година :)
    Само што се вратив од гости. Цел ден кај едната баба, па кај другата, па кај вујко ми, кај тетка ми, мх мх :D Се најадов, се напив, се сликав, си поминав преубаво. Плус, и со некој денар повеќе си дојдов дома :D
     
    Divinebutterfly likes this.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,525
    Likes Received:
    92,156
    Gender:
    Female
    [СДК] Сакам да кажам...

    Христос се роди!

    Велат каде и да си за Божиќ дома да си. Но, дома и со гости е уште поубаво. Годинава тргна одлично, луѓе кои донесоа многу позитивна енергија, смеа и радости по дома. Црвено вино уз ручек или вечера и чинии полни со печени костени. Убав е животот!

    Него го фаќа криза, очекува секој момент да му се јават. Јас го молам Бог никогаш да не му се јават :wasntme: :$


    Не знам зошто велите дека нема празнична атмосфера. Луѓето што се моја околина се позитивни и постојано насмеани.

    Имајте убава вечер, а јас одам да уживам во кафенце и портокали.