Пред да преминам на главното прашање да напоменам дека овде не станува збор за оние парови кои се без деца од здравствени причини (неплодност), туку за оние брачни парови кои одлучиле да немаат деца по сопствен избор. Наместо да бидат 24/7 околу децата и парите потрошени на нив, одлучиле да живеат само за себе и да патуваат каде ќе посакаат. Многу пати до сега сум влегол во дускусија за овој начин на живот и речиси сите ги осудуваат, па дури има и коментари од типот: „Зошто се венчале кога не сакаат да имаат деца“? Јас воопшто не ги осудувам. Секој си има право да си го живее животот како што сака. Што мислите Вие за овој начин на живот? Дали би живееле ваков начин на живот и дали веќе познавате вакви парови?
Вакви јас лично не знам, ама моја колешка имаше такви пријатели каде жената не сакаше да раѓа и мажот го прифатил тоа без проблем. Јас не ги осудувам, тоа е нивни живот и мене не ме засега. Ако мислат дека не им требаат деца ок. Се си има предности и недостатоци. Нема да менуваат пелени ама утре имотот ќе го остават на некој близок или на туѓинец. Но, од друга страна има и посветени родители кои само срамови доживеале од децата.