Па добро ти кажува не знам зошто се контриш, кој сакаш адвокат земи го ништо не можеш освен да ги вратиш парите со се сите дополнителни давачки.
На почетокот кога отворија во градот имаше само една ваква за ваков кредит. Си реков супер, човек што нема во моментот за здравје, за лекови, за да не се срамува од други и да чека од банка месец дена ова е супер опција. Од еден станаа 10 во мал град и како што слушам барем кај нас ги земаат за банални работи како коцкање, купување работи без кои се може и се луксуз. Најмалку одат луѓе што навистина им требаат. Страшно и лошо. Лошо пред се за младите излегуваш кладилница, правиш два чекора па продавница за брз кредит, и така на секоја улица на секој ќош. А најлошо од се што се злоупотребуваат податоци на стари изнемоштени лица, лица кои не се способни месецот да го преживеат а не брз кредит да се враќа. Срамота за ова безредие во државата, кладилници, брзи кредити тоа се под клуч нека оди. Глупост до глупост, пропаст до пропаст.
Ауф Тоа шо треба да се осудува и критикува, ќе се осуди! Не глуматајте мнг либерални. Да земеме ајде да ги поддржиме, како нив така и коцкање, дрогирање, пијанчење, курвање и сите други негативни општествени појави. Не нормализирајте штетни појави! Нема потреба од тапшање, баш треба да се биде груб со такви, да земат и да се запрашаат што прават.
А која си па ти да си зимаш за право некој да осудуваш. Никој не рече тапшање, еве @Zaljubena26 многу убаво мислење напиша. Многу си дозволувате да го ставате носот онаму кај што не му е местото. На темава, имам неколку пати напишано, или треба да се забранат или да бидат контролирани од НБРМ.
Забораив дека само на форумов сте вака лабавки за све, не коментирате и немате мислење Надвор од форумов ме удира реалноста у глава сепак, па друга песна се пее
Извини што вака ќе се убацам, немам ништо лично против тебе, ама приметувам дека у последно време имаш ептен јаки осудувања, препукувања, мислења. Мислам дека порано не беше таква. Малку смањи страсти, најдобронамерен совет
Аххххх Знаеш зашто е тоа така? Затоа што ми се отвориле очите, не го глеам светот во розово За жал...
И јас, до пред година, две носев розеви очила, веќе не.... ама сепак мора малку контрола и разбирање да се покаже. Поздрав
Форумот е јавен секој што има профил може да коментира ако некој се плаши од осуда нека не пишува. Исто така и ти осудуваш со твоите коментари не глуми светица
За осуда се сите кои земаат бидејќи кога не враќаат, создаваат проблем и за себе и за своите семејства. Што дека овие се легални кога се однесуваат како типични лихвари. Досаѓаат на телефони и дома, дури и се закануваат небаре се дел од мафија. Потоа останатите од семејствата мора да се закануваат со викање полиција или стварно да побараат помош од неа. Никој не е должен да страда поради туѓа алчност да зема пари и неспособност да ги врати.
А што тебе ти е гајле какви проблеми си создаваат на себе и своите семејства? Тебе некако ти влијаат? За се си вака гласна? Што превземаш по ова прашање?
Очигледно не знаеш да правиш разлика помеѓу пишување коментари и осудување. Во кој мој коментар виде осуда? Ако тоа си го сфаќаш лично тогаш добро би било да се запрашаш зошто.
Зборувам затоа што мој близок и жена му земаа кредити и сите од потесното семејство киневме нерви поради ненормалните од М-Кеш и Тиго.
Законски си чиста и ништо не ти можат. Дури и да им се заканиш со пријава за малтретирање одма ќе избегаат а не пак стварно да ги пријавиш. Еден што земал брз кредит и снима разговор со вработена и и кажува дека го снима разговорот и она одма му исклучува. И сами знаат дека незаконски постапуваат ама ретко кој недолжен има нерви за да се оправа со нив. А тие што земаат поголемиот дел и што не врааќат не се замараат.
Не сме загрижени само сме реални , ама очигледно на вас што сте земале кредити и очекувавте да не ги враќате не ви се допаѓаат коментарите. Инаку воопшто не ми е гајле и не ме засега што некои неспособни зимаат кредити за се и свашта и после у шок кога ќе им бапнат камата па уште адвокати ?? Каков адвокат бе друже ти немаш за рата од кредит а па не за адвокат
Искрено не сум знаел ни јас дека имало такви слепци оф, светци де Што земале брзи кредити па коа треба да ги вратат бараат помош по форуми како да се спасат Ма каква нобелова награда тоа треба одма да им се даде признание за трајни човечки вредности
Јас ич ги нејќам овие работи. Единствено може некоја недајбоже ситуација да ме натера да подигнам, од мака, од безизлез. Потпишуваш договор и нормално враќаш редовно како што си потпишал у договорот, не разбирам како може некој да земе одредена сума и да бега да не плаќа рати... Не знам, несфатливо ми е
Како да им се помогне? Дај да им го вратиме ако не. Не сте попаметни ни вие кои всушност изигравате светци. Утепана ствар се кредитиве, за утепани работи ги подигаат ко примерот на членката со ајфонот и тоа е тоа. Бар другите да не се заебуваат и да наебуваат, затоа и се збори. Треба крај да се стаи више на ова. Ко шо рече Стајли, цела фамилија страда ради неразумност нечија.
Значи не судете секогаш за тие што не можат да ги вратат! Роднини мои зимаа за лекување во фамилија и на крај и без пари и без човек. Еве уште мака мачат да ги вратат. За таквите збор не кажувам, ама за тие што зимаат за коцка, луксуз не коментирам само се чудам кој на таквите воопшто им дава кредит.
Аууу како ме нападна ти , го знаеш мојот случај? Го имам кажано на форумов? Не! Од каде вакво дрско однесување и лажно обвинување , што ти знаеш за мене па вака да се однесуваш притоа да фантазираш како било што било а ти уствари појма немаш што е работата