Во право си, освен тоа дека ги нема во развиени земји. Секаде ги има, ВБ, УСА... Кларна ми паѓа на памет, а ги има сигурно многу. Инаку јас имам земено брз кредит во период кога работев со договор на дело и немаше шанса да добијам нормален кредит, иако технички имав пари да го враќам (и го вратив). Само, одбрав да не им ја користам опцијата "пари одма" туку нормално да чекам (околу 1 недела) со што ефективно вратив исто како да сум земала од обична банка. Некои 18 месеци беа во прашање. Како и да е, прв проблем се индустриите кои тотално неетички продаваат, кладилници, казина... воопшто потребата да се има сè и да се има одма сега. Многу е подлабок проблем, живееме во крајно конзумеристичко општество, свет. Едно отворање на соц. мрежи се чини дека сите имаат сè, само јас немам Ама некако тоа ми е како за друга дискусија и тема.
Ќе ги вратат на крај секако, не се опростува долг. Ама тогаш ќе ги вратат 6 кратно повеќе. Тотално беа разочарани тогаш од мојот избор дека нејќам одма пари, на тоа им е исто најголемата добивка во случај да враќаш на време
Целна група не значи дека целта им е да даваат пари кои нема да им се вратат. Насочени се кон луѓе кои имаат итна потреба од пари а банката нема да им одобри. Однапред им е се израчунато дека ќе доцнат со отплата на рата а оттука и заработуваат.
Абе да не дојдете до ситуација да треба да барате брз кредит децата да ги носите морето да го видат или да плачете во банка и на крај да се обратите кај нив за здравствени причини! Си земал/а кредит, враќај го, договори се со нив и да немаш МОЖЕШ да се договориш. Во држава како нашата треба да има такви работи, не секоја банка може да ти заврши работа.
Соработуваат ако си плаќаш и ако си достапен. Јас сум земала, сум вратила во рок. Не сум доцнела ниту ден. Во тој момент кога ми беше стварно висока ратата им се јавив и прашав што може да се направи за да се зголемат бројот на ратите а да се намали месечната рата. Без никаков проблем во истиот момент ми рекоа може и ме прашаа која сума ми одговара.
Епа ако си земала што тогаш зборуваш дека треба да се забранат? Кога си земала ти одговарало а кога требало да се враќаат не ти одговара.
Знам дека се фер и океј и јас имав земено и ми се случи ситуација дур бев во МК да останам без работа и немав од каде да ги враќам. Фино лепо се јавив искрено си кажав, дечките фер и коректни беа ме известија дека минимално ќе ми се зголеми ратата и толку. После 3 месеци го вратив цел. Ако човечки се однесуваш, човечки ќе се однесуваат!
Зошто зимаш ако викаш дека треба да се затворат ? Тоа ми нема логика тоа те прашав не реков ништо за тоа што си враќала или не. Само ме интересирсше затоа што си многу контрадикторна.
Ти напиша ова Како не ми одговарало кога треба да се врати кога сум враќала навреме? Не знам што е контрадикторно во тоа дека треба или да се забранат или да се контролирани од НБРМ. Јас, две членки што пишаа погоре што сме земале и вратиле во рок сме буквално исклучок и малкумина од тие кои земале пари од било кои брзи кредити. Немам намера пак истото да го пишувам што мислам за овие финансиски друштва, ако сакаш прочитај наназад. И стварно повеќе не ти реплицирам на било која тема затоа што многу е очигледно зошто ми реплицираш.
Брзите кредити добија преголема слобода, без никаков вистински надзор и контрола. Буквално газат сѐ пред себе. Од друга страна, чести се коментарите дека никој со сила не те тера да земеш брз кредит. И тоа е точно. Но, тука доаѓаме до неедуцираноста на луѓето. Ретки се оние што земаат пари за навистина итни и оправдани ситуации. Се чини дека најголемиот дел од тие пари заминуваат на коцкање. Сѐ станува јасно кога малку ќе се подразмисли кој стои зад овие компании и кои се нивните сопственици. Повеќето од нив поседуваат и казина. Не е случајно што на една обична улица има две казина и дури четири филијали за брзи кредити. Сѐ е тоа добро осмислен механизам за да те одере до гола кожа. А да не ги спомнувам оние случаи каде што луѓето земаат нов кредит од едно место само за да покријат претходен на друго место. Дури и самиот систем по кој пресметуваат колку пари да му одобрат на некој е многу вешто осмислен. Запрашајте се зошто некој толку лесно би ви дал сериозна сума пари, без да ве види во живо, со само два клика онлајн. Жалосно е што цели семејства страдаат поради овој парадокс. Ни должни ни криви, за земени 20.000 денари враќаат по 60.000. Каматите одат до плафон. Според мене, овие кредити се исто толку опасни колку и самите казина. Всушност, одат рака под рака. А на власта тоа ѝ одговара, бидејќи тие ги поседуваат и тие имаат корист од нив. За сите овие треба да се стави клуч на врата.