Бројаници

Discussion in 'Религија' started by rossonerka, Jul 28, 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,291
    Често на рацете на христијаните можеме да зебележиме бројаници. Дали и вие носите?
    Знаете што значат?
    Ви даваат сигурност?
    Родителите ви ја подариле па едноставно сте ја ставиле на вашата рака?
    Од каде ви е купена црква, тезга, манастир ... ?
    Подарена ви е или сами ја купивте?
    Или спротивно не носите и зашто не сакате да носите?
    Дури има и луѓе кои не се верници а носат бројаница, како да е тренд тоа.
    Некои велат дека се само за збогатување на црквата и луѓето кои од нив прават бизнис.
    Плус има и неколку видови бројаници од плетени, до пластични на ластиче што се, дрвени, а и во секакви бои.
    Има и многу верувања како дека треба да се подари, да се носи 1 година, други велат штом се скине да се носи во црква итн.

    Еве што е всушност бројаницата :)

    Најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец (суитаж). Црната боја ја носи симболиката на покајанието. Но, денес бројаниците можат да се сретнат во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1000 јазли.
    Преданието говори дека некаде околу четвртиот век по Христа, на еден монах од пустината ангел Господов му ја открил вештината на плетењето бројаници, откако тој усрдно се молел. Имено демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило. Тогаш ангелот го научил да прави сложени топчиња на бројаницата, така што секое топче е составено од седум крстовидни внатрешни мали јазли, кои демонот не можел повеќе да ги разврзе.
    Со помош на бројаницата се кажува Исусовата молитва која се состои од следните зборови: Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот (грешната)!
    На секое топче од бројаницата оваа молитва се изговара посебно. Целта на молитвата е да го соедини човекот со Бога и да го исполни човековото срце со светлината на божествената благодат.
    [​IMG]

    И мутациите на бројаницата
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,845
    Gender:
    Female
    Да носам на десната имам сива и ја носам неколку години.Чувствувам дека ми носи среќа, си ја купив за Св.Богородица од црква. Викаат дека ако ти се скини ќе ти се исполни желбата што си ја замислил кога си ја ставил, а јас заборавив што желба беше :D
     
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Joined:
    Feb 5, 2011
    Messages:
    2,069
    Likes Received:
    8,098
    Gender:
    Female
    Носев и јас една црна пред неколку години па ми се скина.
    После си купив една бела, ја носев, па ја извадив (оваа сигурно немаше да се скине) и си ја чувам сега. :)
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2010
    Messages:
    2,087
    Likes Received:
    1,649
    Имав две црни една поклон од мајка ми една од маж ми, купени од црква. Ми се скинаа и двете сега треба некој да ми подари. Секогаш пред некој настан или некоја желба кога ќе ја помислев ги бакнував.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,810
    Gender:
    Female
    Имам една црна, подарок од мм. Кога ја носам чувствувам некоја необјаснива безбедност, сигурност, дека иако одам сама по патот, сепак има некој до мене кој ме води. :) Навистина сум му благодарна на мм за тој подарок.
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,824
    Носам една обична, класична црна не од религиозни побуди колку од некое внатрешно чуство дека ми носи среќа и ми дава сила. Се чуствувам безбедно и смирено.
    А некој да ми ја примети и црвената врвка против уроци и мартинката веднаш до бројаницата, ќе си помисли - ајде нека се реши оваа, кабала или христијанство :D

    Инаку подарок ми е од мојот најдобар другар од Соборен храм, подарена за Велигден и многу ми значи.
    И на мајка ми и купив иста таква од Св. Димитрија, црквичето на влез на старата скопска чаршија, симболично токму од местото каде што е крстен татко ми, за да ја чува и да и даде сила - и ја носи, иако е католик.

    Знам дека основната намена на бројаницата е да се бројат молитвите, но јас верувам во некоја моја логика и сила на бројаницата како еден вид на амулет, а и мислам дека во голем дел на случаи нашата психа има поголема сила отколку предметот на кој потсвесно му придаваме значење и надземска моќ.
     
    thelittle17 likes this.
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Joined:
    Dec 20, 2009
    Messages:
    4,220
    Likes Received:
    3,856
    Gender:
    Female
    Си носам, сега на себе имам црвена, мама ми ја подари, од Св. Јован Бигорски :)
    Ми дава чувство на смиреност, потсвесно ми стои дека ако ништо повеќе, барем оптимизмот и верата ќе ми ги држи блиску до мене :)
    Оваа ми е трета, првата ја носев пред мноооогу години, кога ми се скина, си ја оставив да си стои во несесерот со бижутиерии, втората ми исполна една желба, можда и случајност беше, ама битно и за оваа си замислив желба ставајќи ја. :)
     
  8. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Joined:
    Jan 10, 2010
    Messages:
    841
    Likes Received:
    404
    Јас не замислувам желба, незнам зошто заборавам, оваа ми е втора, едната ја извадив, многу беше како за пред распаѓање, сега имам сребрена а претходната ми беше црна, Оваа ми е од манастирот на Тоше од Крушево и ми е многу драга и на дечко ми баш му купив и тој ја носи... Многу убаво се чувствувам додека ја носам, се чувствувам баш смирено и како Господ да е со мене, многу сум побожна што да правам...

    Само имам еден проблем, многу мирисаат лошо после одредено време, вие како се справувате со овој мирис? Или не се бањате со нив, едни велат не е убаво да се вади па не ја вадам вистина незнам... :)
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,277
    Мила, поубаво е да ја вадиш кога ќе се бањаш. Нема никаква врска тоа дека треба да се носи секогаш и никогаш да не се симнува од рака.
    Бројаницата е само помошно средство во молитвата, како што напоменаа и погоре за броење на Исусовата молитва, во текот на молитвата.
     
    Page likes this.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,277
    Бројаницата е само едно помошно средство во молитвата, нашиот мобилен телефон кој не поврзува со Бога.
    Со нејзина помиш најчесто се кажува најкратката, а во суштина најдлабока молитва. Таа молитва е Исусовата молитва, Господи Исусе Христе помилувај ме мене грешниот/та.
    Длабочината на Исусовата молитва се состои во тоа што со помош на Името Господово го чистиме срцето од страстите, а воедно го соединуваме со Бога, односно Бог ни ја подарува својата благодат и се твори срдечната молитва.
    Всушност тоа и целта која треба да се постигне со оваа молитва. Чиста, смирена и најважно неприкината молитва која веќе не ја извршува устата и умот, туку срцето. Во секој момент било да се работи, јаде и спие, срцето на човекот постојано се моли. Оваа молитва многу ретко може некој човек да ја постигне, еден на милиони...
    Кога во човек се всели Божјата благодат и човекот се удостои со срдечната молитва, неговото срце постојано го призива Бога. Тоа е едно чувство на топлина, мир, смирение и најважно љубов кон секое создание Божјо, било да е човек, животно... Таа благодатна состојба која може да се постигне со оваа молитва ја имаат само светителите.
    Додека пак бројаницата е помошното средство во молитвата.
    За почеток и кога човекот сака да се моли неговиот духовник му дава молитвено правило од одреден број на молитви. Со текот на времето и како тој човек напредува во молитвата тој број се зголемува. Фактички тоа е и суштината на бројаницата да се бројат молитвите. За да не настане вознемреност или очајание, бидејќи во текот на молитвата најголеми се нападите на нечестивиот преку самите помисли, затоа е дадена бројаницата. Човекот да не се фокусира и да ги брои молитвите, а со тоа да му бега и умот настрана, туку постојано да се моли. Затоа е и различен бројот на јазлите на бројаницата.
    Најчесто ние ја носиме бројаницата со 33 јазли која ги означува годините на Господ Исус Христос, како што и погоре напоменаа некои има бројаници од по 50, 100, 300 и повеќе јазли.

    Мораме да разграничиме некои работи.
    Бројаницата не е амајлија за желби, не е нараквица, украс, не треба само некој да ти ја подари или да ја подариш (зашто некои мислат дека треба само некој да ја подари, но не и сам да си ја купи), најдобро е да не се бања со неа, кога е стара, употребувана, скината не треба да се остава во црква, односно треба да се чува или да се закопа на некое чисто место.
    Најважното што многумина го забораваат за бројаницата е дека во секоја прилика на немоќ, добро, пред спиење како молитвено правило, наутро, во секој миг, човек треба да се моли на неа. А не само да ја чува на својата рака како украс.
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,291
    Се израдував денес.
    Со мајка ми бевме во црква во Св.Петка и мајка ми ме праша дали сакам да ми подари нова бројаница. И одговорив потврдно. А имам 2 стари од кои едната веќе долг период се држеше на едно конче. И како замислувам желба и ја ставам новата бројаница старата во истиот момент ми се скина во дворот на црквата без да ја закачам без ништо, едноставно си падна. И си ја оставив на икона на Св.Петка. Се надевам ќе ми ја исполни желбата, а на бројаницата која ми се скина не ни помнам дали си замислив желба.
    Ми даваат бројанициве голема самодоверба, молитва не кажувам, но не можам да си ја замислам раката без бројаница, тоа крстче ми значи многу.
     
    rose60, thelittle17 and Dulceee like this.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Joined:
    Apr 25, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    720
    Мене ми подари дечко ми, не знам од каде точно ја купи мислам од некој манастир кога беше на екскурзија. Црна е, обична. Долго време се мислев дали да си купам и ете кога ми ја подари баш се израдував и ја ставив. И јас искрено не се осеќав некако убаво. Ми сметаше едноставно и ја извадив. И ја носев со мене, во џеб, ташна, меѓутоа на рака ете не се осеќав баш убаво кога ја носев.
     
  13. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    189
    Likes Received:
    40
    Бројаници од тезги никако не купувам ! Само од црква :) .. ако треба некој денар + ке дадам барем да знам дека е сигурно од црква и е пеена .. ако не еднаш еден ни се нудеше да ни продал од црква ги зел 100 денара ..
     
  14. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    177
    Likes Received:
    43
    Не сум знаела дека желба се замислувало. Ако сум си замислела ќе ми се исполнела. Инаку розовата ми се сќина, па пекав дома за црна, оти ми рекоа дека не се купувало сам, па уште ја имам таа, и уште една црна само со пластични кругчиња... не ги носам оти крфчето кога спијам ми се свруе на внатрешната страна на раката, онаа мазната, и ми прави брунчиња оти сум алергична на бижутерија..
     
  15. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2011
    Messages:
    934
    Likes Received:
    2,331
    Gender:
    Female
    Носам една црна бројаница на раката што ми ја подари другарка ми. До пред извесно време носев уште една иста таква (не знам дали е во ред, ми рекоја дека не е убаво две бројаници да се носат) и ја извадив.
     
  16. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    767
    Likes Received:
    627
    Да носам бројаница црна баба ми ми ја купи од црква и ја носев 1 или пак 2 год не знам точно но ми се скина па сега сакам да си купам розова или црвена и мислам дека секоја боја има посебно значење ;)
     
  17. macysh

    macysh Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2010
    Messages:
    1,133
    Likes Received:
    909
    И јас носам бројаница,ама искрено појма немав првиот пат кога си купив дека се замислувало желба. :$ Пред 5 години тато ми ја подари првата,црна,и ја носев дури 4 години...дур не ми се скина.Воопшто не ја вадев,воопшто.Вчера ми купи мама од црквата Богородица,пак црна,не сакам други бои.Е за оваа си замислив желба,а инаку првата кога ми се скина ја однесов в црква,барем така ми велеа дека требало.Ги носам од верба,ми даваат сигурност.Искрено не ги сфаќам оние кои ќе се наредат со 5-6 по рацете како со белегзии |(
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Joined:
    Aug 31, 2010
    Messages:
    3,749
    Likes Received:
    8,673
    Gender:
    Female
    Јас носев до пред некое време.. сега веќе не милиони ми стојат во кутија не сум навикната да имам нешто на рака,одамна не сум ги носела..
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    5,248
    Likes Received:
    49,399
    Gender:
    Female
    Имав порано во сите бои сребрени,златни,сини,црни и сите брзо ми се кинеа, но оваа што ја имам сега ми трае цели 4 години :o купена е од новата црква кај судска,баш мислам тој период и се отвори кога мајка ми ми ја купи :) не дека ми смета ама понекогаш сакам да ја извадам, но некако шујбет ми е :doh:
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Joined:
    May 28, 2011
    Messages:
    590
    Likes Received:
    120
    Шо значат поим немам,а носам една црна,и така... ;)