Вероника реши да умре е роман од Паоло Коелјо. Ја раскажува приказната за 24 годишната Вероника, се чини дека се во животот оди по неа, но решава да се убие. Оваа книга е базирана на искуството на Паоло Коељо во различни ментални институции. Таа се заснова врз предметот на лудило. Главното обележје е дека “колективното лудило се нарекува разум”. Спојлер Вероника реши да умре беше адаптирана за театар веќе неколку пати и исто така беше користена во други уметнички референци. Вероника е млада, убава жена од Љубљана, Словенија која има совршен живот, но сепак одлучува да изврши самоубиство со земање на преголема доза апчиња за спиење. Додека таа чека да умре, одлучува да чита списание. Откако здогледува една статија во списанието која духовито прашува “Каде во Словенија?”, таа одлучува да напише писмо до магизинот за да го оправда нејзиното самоубиство, идејата за да направи дека се самоубила затоа што луѓето не ни знаат каде е Словенија. Нејзиниот план пропаѓа и таа се буди во ментална болница во Словенија, каде што и кажуваат дека има уште една недела за да живее. Нејзиното присуство таму влијае на сите пациенти во болницата, особена на Зедка кој е има клиничка депресија, Мари која страда од напади на аника и Едуард кој има шизофренија, во кој Вероника се заљубува. За време на нејзината интернација во Вилете таа сфаќа дека нема што да загуби и сака, без разлика што другите пациенти мислат за неа како ментален пациенр, малку е веројатно таа да биде критикувана. Од новонајдената слобода Вероника ги искусива сите работи кои досега никогаш не и биле дозволени, вклучувајки ја омразата, љубовта и сексуалното будење. Во меѓувеме, шефот пцихијатар во болницата, д-р Игор, се обидува со еден фасцинантен, но провокативен експеримент ........... Се надевам ке сакате да ја прочитате книгата ....
„На единаесетти ноември илјада деветстотини деведесет и седмата година Вероника – конечно! – реши дека чукнал часот да се самоубие.“ Вака Пауло Коелјо го започнува, како што многу критичари би го нарекле, неговиот најзрел и најосмислен роман. „Вероника реши да умре“ е книга која кај вас ќе предизвика желба да ја прочитате неколку пати. Не затоа што ќе ја заборавите или нема да ја разберете, туку затоа што секое повторно читање во вас ќе буди желба да ја спознаете смислата на животот. Во ликот на Вероника, Коелјо ја отсликува душата на многу млади луѓе во денешницата, кои чувствуваат дека нивното талкање низ животот е бесцелно. Потоната во длабочините на монотонијата, таа го живее секој ден како да е некоја излитена фраза заглавена во нејзините мисли, која ја повторува од навика. Како што студот во ноемвриските вечери се зголемува, така нејзината волја за живот се намалува, а таа се уште не може да најде мотив за да живее. Нешто кое би внело свежина во нејзиниот живот кој веќе мириса на застојан воздух во нечија визба. Често помислувајќи за самоубиство, таа се решава за тој чекор мислејќи дека тоа ќе биде крај на нејзината борба со внатрешните мисли и стравови. Но, нејзината борба штотуку започнува – борбата за живот. А што се случува кога ќе и погледнеме на смртта во очи? Кога ќе се соочиме со најголемиот противник и ќе ја имаме најтешката борба? Тогаш почнуваме да ги согледуваме сите благодети кои ни ги нудел животот и стануваме жедни за барем уште еден вдишан здив. Бидејќи како што вели и самиот Коелјо – „Сознанието за смртта не потикнува на живот“. ^Нешто што одамна го напишав додека бев под импресии од книгава. Беше прва книга која ја прочитав од Коелјо и беше доволно добра за да продолжам понатаму да го читам.
Имам веке споменато дека Коелјо ми е омилен писател. Кога ја прочитав оваа книга бев многу погодена. Вистина е дека често забораваме што значи животот и колку големо богатство е. Најголемиот подарок што човекот го добива. Е сега , треба да се гледаат неговите убави страни , без црни мисли. Искрено кога завршив со читањето срам ми беше што некогас сум помислила дека не сакам да сум жива.
Моментално ја читам книгава, и сум стигната некаде до средината, кога Вероника стапува во контакт со Братството, едвај чекам да го дочитам крајот
Јас малку контра досегашните коментари ќе кажам дека книгава не ме воодушеви многу. Идејата е одлична, има поука, не велам не, ама како беше изреализирана не ми се допадна. Всушност, јас и Коелјо не се сложуваме многу во последно време Инаку спред книгава има и филм ако некој е заинтересиран
^ Немој. Јас не би ти го препорачала. Екранизацијата на книгава мене воопшто не ми се допадна. Толку ми беше мрачен филмот, што кај мене предизвика контра ефект. Ми наби некое негативно чувство.
Ја имам книгата во домашната библиотека. Ја прочитав и ми остави голем впечаток. Те тера да мислиш дека во животот си пропуштил многу работи и те тера да направиш се за што си се двоумел, затоа што никој не знае кога ќе ни дојде крајот. Се согласувам со Ана дека филмот ти дава сосем спротивен ефект. Како прво глумците беа катастрофални. Во книгата сите ликови ги замислував весели и ведри а во филмот сите се мрачни и „болни“.
Книгава ја имам читано многу одамна, некаде пред 8 години, првата книга прочитана од Пауло Коелјо, иако имав малку тешкотии при читањето затоа што беше со српски превод. Само позитивни зборови имам за книгава и за авторот, се што имам прочитано од него ми се допаѓа ( иако многумина го критикуваат дека пишува за се едни исти теми ), а како врв на неговото творештво ги издвојувам Алхемичарот и Вероника реши да умре.
Секој различно ја сфаќа суштината кај книгата, кас секој различно влијае. мене ми се допаѓа книгава, те тера на размислување,и сфаќање дека животот има вредност, дека треба да се живее додека си жив, а не на прагот пред смртта. Сите книги кои ги имам читано од Пауло Коелјо ми се допаѓаат , и имам намера да ги прочитам сите книги кој тој ги напишал
Најдобро дело од Коелјо, според мене. Моментално ја читам, до средина сум, и многу ми се допаѓа. Иако ми се чини дека во повеќето негови книги пишува за иста или слична тема, во овој роман успеал најзрело да ги искаже своите мисли и чувства. Во ликот на младата Вероника можат да се пронајдат илјадници млади луѓе, меѓу кои лесно и некој од нас, бидејќи многу ретко сме се запрашале која е вистинската цел во животот- да го правиш она што ти го сакаш, не плашејќи се за мислењата на другите. Воедно тоа била причината за обидот за самоубиство на Вероника, која иако навидум има се, не сфати дека всушност во својот живот не постигна ништо за што мечтаела. Затоа нејзиниот живот е досаден, монотон, и со секој изминат ден кај неа се намалува желбата за да го дочека новото утро..
Ја прочитав и не ме воодушеви...изгледа оти јас многу очекував од книгава а не добив толку,па затоа...инаку прва книга која ја имам прочитано од овој писател,и да сфатив некои работи,има работи кои можат да се научат од оваа книга,како што Вероника открила премногу работи додека била во лудницата...најинтересен дел ми беше откако со овој шизофреничаров се заљубија,кога му свиреше на пијано. И има една реченица која многу ми се бендиса,не е сега до мене книгата,но утре ќе ја напишам
Се што имам прочитано до сега од Пауло ми се допаднало и тоа многу многу многу!Ја немам оваа книга а во библиотеката не верувам да а има, па се надевам ќе можам да ја добиам од една другарка, бидејќи едвај чекам да ја прочитам.
Леле оваа книга и јас сакам да ја прочитам пред месец дена ја видов во тугедер и беше 199 денари и нз зошто не си ја купив, скоро влегов во продавницата и видов дека веке ја нема многу ми е мака...
Мојата професорка по Македонски јазик и литература во средно ни велеше- Содржината на книгите со време се заборава, отанува само чувството и поуката што сте ја научиле. Така е и со оваа книга на П.К. Имам прочитано неколку книги од него но единствено од оваа останало чувство дека треба да се цени животот и да се бориме за него. Некои работи се дар од Бога но во се треба да вложиме голем дел од себе и да работиме на себе.
Си ја купив оваа книга и си ја имам дома... Ми се допадна навистина. Филмот не ни сакам да го гледам, ептен ретко бендисувам филм напраен по книга, ми ги менуваат тотално и ликови и се. Иначе според мене ова е една од најдобрите книги на Коелјо
И јас мислам дека е една од најдобрите на Коељо.Убава книга,планирам да ја препрочитам одамна беше кога ја читав,сакам да се потсетам на некои заборавени случки од книгата.