1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вистина или суеверие за бременоста и пораѓањето

Дискусија во 'Бременост' започната од OGNOMET, 30 март 2012.

  1. OGNOMET

    OGNOMET Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Ме интересира муабетот од типот АКО ИМАШ ЛЕСНА БРЕМЕНОСТ ,ЌЕ ИМАШ ТЕЖОК ПОРАЃАЈ И ТЕШКО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ДЕТЕТО И ОБРАТНО.Па ако сакате да ги споделите и вие вашите искуства ,пишувајте сите .Ако ја има темава се знае!
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    ВИСТИНА ИЛИ СУЕВЕРИЕ

    Јас прв пат слушам за ваква споредба ,но за жал кај мене и за двете бремености се потврди ова. И со двете дечиња имав нормални односно лесни бремености(единствено со втората имав цветна бременост во првите 3-4 месеци и породување во 36та недела). Во текот на двете бремености функционирав нормално,бев доста подвижна и ги живеев нормално,но затоа и двете породувања ми беа многу тешки (првото повеќе) и на крај и двете беа со царски. И на сето тоа капак и двете деца ми се со грчеви и тоа првото до 4 месеци,а второво за некој ден ќе прави 4 месеци и се надевам дека ќе поминат.
    Е сега спротивно од мене,мојата другарка исто така имаше многу лесна и нормална бременост,се породи без никаков проблем ,брзо и лесно по нормален пат ,а бебето и е од мирно,помирно по цел ден спие и се буди само за цицање и никогаш не плаче .
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ВИСТИНА ИЛИ СУЕВЕРИЕ

    Јас за ова прв пат слушам и мислам дека е суеверие (иако јас се пронајдов). Јес да имав лесна бременост и куќа правев и се средував али пораѓај беше :x цели 48 часа со инфузија и инекции.
    Одгледувањето на детето ми беше исто така тешко зашто бев сама (мм беше во др. држава на работа) а и беше плачко невиден до 1 год. а од 1-ва год. до ден денес е жив темперамент.
    Јатрва ми од прв братучед на мм е жива супротност, се породи за 5 мин и со двете деца малтене на скали во количка во болница а никаква мака не виде во одгледување. Толку мирни деца немам видено до сега или моето беше многу страшно па се остало ми е чудно. Еве ги сега на училиште одат.
    Јас само ги паметам зборовите на една женичка која беше со мене во соба по пораѓај кога ми кажа ,,штом прв ден ти плаче многу бебето таков ќе е плачко,, :lol: па ни во тоа не верував иако беше нависитна плачко :lol:
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    ВИСТИНА ИЛИ СУЕВЕРИЕ

    Другарка ми ја имаше најлесната бременост и најлесното породување што може да постои, така да јас не верувам во вакви работи.
    Активна беше 24/7 дури и викавме, аман одмори трудна си, а таа 300 на саат. Пред да се породи беше на свадба, се изнаиграла и пукнал водењакот, од свадба на пораѓај, за многу кратко време била готова. Нит болки, нит мачење, исто вика како на кафе да си отидов, а бебето како некој да ми го донесе.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    ВИСТИНА ИЛИ СУЕВЕРИЕ

    Имав тешка бременост и тежок пораѓај.
    Така да ова е чиста глупост!
    Исто моја другарка имаше прелесна бременост, воопшто не осеќаше ни мачнини, ни тешкотии и се породи за 5 мин.Полесно здравје!
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.817
    Допаѓања:
    102.654
    Пол:
    Женски
    ВИСТИНА ИЛИ СУЕВЕРИЕ

    Глупости! Јас имав супер лесна бременост и лесен пораѓај. 2 пати патував по 500 км. во 7 - ми месец , секоја сабота одев по клубови , турбо ми помина , а се породив мн. брзо во 6 часот ми пукна водењакот а во 11 се породив. 8)
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    ВИСТИНА ИЛИ СУЕВЕРИЕ

    Феминки прашањето е всушност споредба меѓу бременоста и породувањето со тоа какво е понатаму бебето (мирно-немирно,плачливо,спие-не спие....)
     
    На OGNOMET му/ѝ се допаѓа ова.
  8. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    11
    ИМАВ ЛЕСНА БРЕМЕНОСТ,ЛЕСЕН ПОРАЃАЈ И БЕБЧЕТО СЕЕ ПОГОДИ МИРНИЧКО И СЕ СУПЕР ФАЛА МУ НА БОГА!
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Со првото исто како causevsku777 а сега со второво лесна бременост....па се друго ќе видиме
     
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    е кај мене беше баш ова, ехех лесна бременост ама тежок пораѓај :(
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Јас имав и лесна бременост а и лесно породување. Бев царски , ама супер поминав. Така да, во мојот случај не важи ова :)
    А другарка ми имаше лесна бременост, ама мноогу тежок пораѓај, значи нема правило.