1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вистинска крв (True blood)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LivingGlam, 23 ноември 2010.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.029
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што True Blood е постара серија од The Vampire Diaries, значи дека вториве се копија, не обратно. :)
     
  2. PinkHope

    PinkHope Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Шо ти е слично на Вампирски дневници жити се? :^) И плус во прва втора сезона нема ништо ама баш ништо слично...
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    дали сум јас единствената што сака Бил и Суки да завршат на крај заедно? до 4 сезона сум можеби и ќе се предомислам до крајот
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.869
    Пол:
    Женски
    Јас денес почнав да ја гледам и изгледав 2 епизоди, ама некако не ми остава кој знае каков впечаток :worried: Некако дури и ми се смешни со тоа забите, ептен апла се познава дека се вештачки, мислам сите знаеме дека не постојат реално, ама можеле да се потрудат околу тоа.Инаку главните актери ми се крш.Онаа Суки ми брка во џигер, мислам дека само поради неа не ме привлече.Јас оваа актерка не ја сакам општо, каде што глумела и во други филмови ми се повраќало од неа и кога ја видов овде се ѕвездосав.Вампирот со кој ќе бидат пар ми нема никаква харизма некако...што знам.Ќе и дадам шанса уште некоја епизода па ќе видиме.
     
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Јас би ти препорачала да си продолжиш. И јас кога ја почнував, а тоа беше многу одамна, уште ан самиот почеток на серијава, ми беше малку смотана, глупава, нелогична и слично. Но како што се движат епизодите и сезоните, станува се подобра и подобра.
    Инаку јас ја изгледав и новата епизода, уште кога излезе, ама заборавив да пишам во темава, немам навика :D
    Малку чудно ми почна епизодава и во глобала чудна епизода. Никакво обајснување шо како, одма борба, крвишта и слично.
    Тара колку и да ме нервираше криво ми беше шо умре. Луѓево исто ме нервираа, и тие самите не знаат шо сакаат :D
    Ерик ми го немаше, ама ја дадоа Пем кај шо го бара во Мароко, па се надевам дека во наредната епизода ќе го има и него.
    Се на се малку сум подразочарана од стартот на сезонава, крајот со Суки во црквата ми беше непотребен.
    А да, зар сум ја единствената шо мисли дека Алсид не е ич згоден и дека е некако вишок во серијава? :D
    Како и да е едвај чекам нова епизода.
     
  6. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе успеат да го спасат Ерик. Конечно ги спасија Арлин и вереницата на Сам Мерлот.Прекрасна епизода