Трамп вети дека ќе каже за дроновите кога ќе го инагурираат. Еве ја веста што ја даде: Не сум ич изненадена од одговорот Судејќи по коментарите, јавноста не е задоволна со одговорот.
Сосема се согласувам и мислам дека допрва со технолошкиот развој и развојот на вселенските истражувања ќе се најдат докази со кои ќе може да се потврдат тие хипотези. Животот надвор од земјата веќе нема да биде научна фантастика туку научно потврден факт. Не знам дали некој ја забележа веста за резултатите од анализата на астероидот Бену? Битен наод, ама никој не му обрнува внимание. Во 2020 НАСА слета на астероидот Бену додека се движеше, зема примероци од него и ги донесе на Земјата. Вчера видов вест, ги објавија резултатите. Примероците содржат амино киселини кои се градбени единици на живи организми односно на ДНК и РНК. Иако не се најдени ДНК и РНК во примероците од Бену, наодот е многу битен зошто за прв пат се најдени вакви компоненти на орг. материи и органски материи на тело од вселената кое не било во допир со Земјата. Претходно се наоѓале вакви компоненти на метеорити собрани од Земјата, но од нив не може да се изведе со сигурност заклучок дека се од вселената, заради можноста од контаминација при нивниот пад на Земјата.
Барав некоја тема за вселена и универзуми и освен оваа не најдов друга. Не можам да си најдам човек со кој можам да разговарам на темава пошто мене ме воодушевува. Особено јас како што си го имам замислено универзумот. Ние како единствени живи сушсества во нашиот сончев систем сме само ронка од се она што постои. Сончевиот систем е дел од Млечниот Пат, а Млечниот Пат е само една галаксија од милиони и билиони што постојат. Така да дефинитвно не сме сами.
Во која смисла симулација, ако би сакала и доколку не е проблем да објасниш? И каква сметаш дека е таа симулација? Создадена од нас луѓето или некој друг? Не знам дали е истиот астероид кој го споменала Космик Грл погоре, ама во моментот еден астероид се движи во насока кон земјата и доста е чуден во својата форма и конструкција и не личи на класичен астероид. Во поглед на дроновите очекував дека изјавата на Трамп дека ќе открие нешто подетално е само обична мамка за да го смири народот. Дури сметам дека започнуваат отворена борба против оние кои се обидуваат да откријат нешто повеќе за јавноста и обичниот народ. Еден од тие скоро беше ликвидиран, а има многу на кои им се закануваат дека ќе ги снајде истото доколку многу зборуваат и откриваат детали.
Метју Ливелсберг зелена беретка, имаш една страна поназад видео . Направиле да изгледа како самоубиство.
Не постојат никакви вонземјани имам пишувано на оваа тема туку тоа се демони а приказнава со вонземјаниве може добро да биде искористена како последната претстава на ѓаволот да го прелажи цело човештво да го прими неговиот жиг еве една добра емисија околу оваа тема
Има повеќе верзии коj би стоел зад симулација, јас мислам дека умот е симулатор на материјалниот свет. Се е ум, останатото е илузија, слично на сонот.