1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Во земјата на крвта и медот (In the land of blood and honey)

Дискусија во 'Филмови' започната од ice.woman, 19 февруари 2012.

  1. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Режисерското деби на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли долго време предизвикуваше контроверзи во Босна и Херцеговина. Филмот раскажува приказна за етнички мешана двојка која е растргната од граѓанската војна во таа земја. Во почетокот, организациите на жртвите имаа отпор спрема филмот, но минатата недела Џоли им го претстави во Сараево. Го примија со благодорност и почитување.
    Филмот како филм е силен за оние кои ја преживеаа војната.
    Хатиџе Мехмедовиќ, жена која ги има загубено сопругот и двајцата синови во масакрот во Сребреница.

    Хатиџе Мехмедовиќ која ги има загубено сопругот и двајцата синови во масакрот во Сребреница во 1995 година и која сега е претседател на организацијата Мајките од Сребреница вели дека „Во земјата на крв и мед“ е многу значаен филм:
    Хатиџе Мехмедовиќ
    ​​
    „Филмот како филм е силен за оние кои ја преживеаа војната, за сите жртви и за секој кој преживеа да сведочи за војната и агресијата. Мислам дека сите во Босна и Херцеговина, но и во регионот и светот би требало да го видат.“

    Ова е одговорот што сакаше да го слушне Анџелина Џоли. Во интервју за Гласот на Америка таа вели дека многу и пречи тоа што нема доволно помош за жртвите од војната, особено за жените, што го гледала за време на нејзините патувања во светот како амбасадор на добра волја на Обединетите нации.
    Колку што повеќе учев и читав за тоа, станував се погневна за немањето интервенција и за насилството врз жените.
    Анџелина Џоли, режисер на филмот „Во земјата на крв и мед“.

    „Тоа беше мој длабок гнев и разочарување и тага за сите такви ситуации, Но, во Босна особено, колку што повеќе учев и читав за тоа, станував се погневна за немањето интервенција и за насилството врз жените.“
    Од снимањето на филмот
    ​​
    Снимањето на филмот не одеше лесно. Кон крајот на минатата година босанската влада и ја одзеде на Џоли дозволата за снимање како одговор на забелешките на организациите на жртвите. Тие слушнале дека филмот бил за жена жртва на силување која се заљубила во нејзиниот силувач. Еден од оние што беше против филмот е и Мурат Тахировиќ, преживеан од логорот Омарска.

    „Филмот е многу добар, исклучително добар. Ја погоди суштината на војната во Босна и Херцеговина. Ги прикажа сите главни поенти кои се случуваа тука: логори, тортура, злосторства и најлошто од се насилство врз достоинството на жените.“

    Во филмот всушност станува збор за босанска муслиманка и Србин кои се заљубиле пред војната и кои се сретнуваат за време на конфликтот кога тој е офицер на српската армија, а таа затвореничка.

    „Колку повеќе учев, толку помалку сфаќав како соседи можат да бидат против соседи и како луѓе со таква интелигенција, прекрасни и семејно ориентирани можат да бидат брутални“, вели Анџелина Џоли.

    Таа изразува надеж дека нејзиниот филм ќе придонесе Босна, но и целиот Балкан да се справи со минатото и да изгради подобра иднина.


    Што мислите за филмот? Дали го имате гледано? :)
    Јас лично го немам и планирам да го симнам од некаде, иако е многу критикуван мислам дека има добра содржина... Ќе видиме :)
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      10,4 KB
      Прегледи:
      349
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ella89

    Ella89 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    Многу сакам да го гледам филмот иако знам дека ќе биде многу потресен, сепак сакам да го гледам.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    Јас бев со дечко ми, на 9ти овој месец. Искрено многу пати мижев, уффф, и има многу грди сцени.
    Филмот е добро направен, тука нема што, ама мислам дека србите се покажани во мнооогу лошо издание.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    Србите се покажани во многу лошо издание да,мене лично не ми се бендиса многу филмов.Анџелина во една своја изјава рекла дека многу и е важно како србите ќе го сватат филмот.Порано уште на почетокот на својата кариера била вљубена во некој србин кој ја оставил и као демек сега ради тоа шо ја повредил така ги прикажува србите
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    ^ради постапка на еден човек осудува цел народ :fubar:
    значи,сакајќи да се извади, уште толку поглупа испаднала
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    Филмов треба да се сфати како филм, а не како документарец, вистинска приказна или оцрнување на некој народ. Сите знаеме што и како се случувало тогаш. Секоја војна е таква, секаде има такви невини жртви, малтретирања, силувања итн... тоа е тоа... Штом толку се вреѓаат Србите нека направат филм за тоа како Босанците ги масакрирале нив. Не им се допаѓало, епа ај да плачеме сеа |(
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    Точно дека не е документарец ама не е ниту фикција. Џоли цело време изјавуваше како поминувала време низ Босна и Србија, како запознавала луѓе, нивните прикази и незнам уште што за да добие појасна слика за ситуацијата на Балканот. Сепак е вистинска случка и кој знае како им е на тие што го преживеале тоа.

    Замисли Џоли направеше филм за конфликтот кај нас во 2001, и гледаме ние филм во кино и во филмот не прикажуваат нас ко ѕверови, а нивните најголеми жртви. И филмот се прикажува низ светот, а само ние тука си знаеме каква беше ситуацјата. Колку и да си свесна дека е само филм, пак боли. А пак неможам ни да си замислам како ги боли тие кои стварно биле во центарот на случувањата
     
    На Tanjamm, theunforgiven, Snow-Queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. thebesta

    thebesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    19
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    анџелина толу се бореше да го оствари филмот за што во сбија 12 да отидат да го гледаа од кои 7 си заминале пред да заврши. сакам слицни вакви филмови но овој воопсто не ми се допадна ниту па го гледав целиот
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    Да им се фатат на Србите...супер си се тие...

    Ja не знам шо друго очекувате од Американциве...како жртви...а во кој филм ги немаат претставено нив како жртви? Да напраиме ние еден филм во кој ќе ги прикажеме индијанците како страшно интелигентна и цивилизирана култура, а каубојците како најголемите пропалици од Европа (затвореници, проститутки и тд.) и да ги претставиме како жртви...а не ко во секој втор хорор што гледам, кутрите страдаат од проклетствата и магиите шо ги праеле староседелските племиња...нема да им се допадне, вистината боли, нели...

    Не само Балканот, цела Европа ја ругаат по филмовине, Италија, Франција, да не зборам за источните делови, Русија, Украина...само Црнците шо ги возвишуваат до небото и назад. Па колку филмови има во кои Господ се појавува како Афроамериканец...

    Доволно е што не викаат Euro trash, а ако разлистаат малце учебникот по историја, ќе сфатат дека тие се тоа.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Земјата на крв и мед (In the land of blood and honey)

    Во право си, но ако истражувала вистински (не Џоли било кој) ќе си дошол до јасни сознанија кој треба да го направи жртва, а кој не. Свесна сум дека боли, ама тоа е тоа што се случувало вистински. И дозволиле да прави филм и ќе прави, можеле и да и забранат па да си снима на друго место и се да и биде измислено. Наместо да се извлече поука од ваквите филмови дека треба да се стави крај на војните ние гледаме кои биле жртви, а кои цвеќиња за мирисање. Башка неможе да се оцрни цел народ заради политиката на одредени генерали. Зар вие го оправдувате геноцидот без разлика за која нација да се работи?
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Го гледав. Навистина не знам што да кажам. Секоја чест на Анџелина.
     
  12. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Odlicen e, povtorno bi go gledala
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Грозоморен е филмот, страшен. Се сложувам дека Србите се прикажани како невидени агресори, демек само тие убиваат, а каде се муслиманите, Хрватите?Србите убивале, но мислам дека е претерано со цел да се оцрнат. Колку што видов муслиманите во неколку сцени седат во логор некој нивни 5 души и муабет само прават. Не верувам дека било баш така. Србите не ги сакаат Американците, и мислам дека е тенденциозен филмот. Но, сепак е една порака.
     
  14. homer simson

    homer simson Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2019
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Машки
    насер орич и ел муџахедин за џоли и компанија се мајка тереза. 20190730_021604.jpg темно зелено хрвати
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Добар филм. Памтам некои сцени, ми оставија впечаток, но целокупно го заборавив.

    Има подобри филмови за војната во Босна, како No Man's Land од 2001 (добитникот на Оскар) или Savior со Денис Квејд (траорен филм). The Peacemaker со Џорџ Клуни и Никол Кидман, говори за човек кој станал терорист и сака да се одмаздува на меѓународната заедница, бидејќи го изгубил семејството во босанската војна.

    И други слични имам гледано, ама ме мрзи да пишам и не се сеќавам на насловите, ќе треба да гуглам.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Мене овој филм ме потресе, па едно три дена се чувствував без врска. Страшен филм, сурова реалност. Имам гледано и еден друг, со еден војник странец како спасува девојче родено како плод на силување, ама не знам како се викаше. И тој ме потресе. Грозни сцени. Убиваења, мачења.