Врска без секс

Discussion in 'Секс' started by bubicko, Feb 1, 2011.

  1. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Joined:
    Sep 12, 2014
    Messages:
    171
    Likes Received:
    880
    Таа мисли дека после АМИН од поп, или кој и да и е духовен лидер, ќе има Божја дозвола да се секса за да има деца. Чисто во репродуктивна функција. Страста ја гнаси љубовта, тоа и е догмата.

    А можеби и ја подучуваат дека со брак, партнерите веќе се поседуваат еден со друг, со намера во животот да се жртвуваат еден за друг, и за среќата на другиот нели. И кога ти ќе го поседуваш, ќе му се заколнеш пред поп како и он тебе, тогаш ваљда би било помалку себично и гнасно да се сексаш.

    Пошто попот вика, океј деца, ви дозволувам да се соблечете голи, и првпат после години да си ги видите телата, тогаш со таа дозвола, ваљда е ок, ќе бидат помалку себични и нема никој да се осеќа злоупотребен. Попот е клучен во случајов значи, во негови раце е све, со негов амин никој нема да може да се осеќа искористено.
    Али и во тој случај, сепак мислам дека ќе дадат се од себе за да не уживаат премногу. Пошто телесно уживање = ја гнаси љубовта како и да е.
     
    Last edited: Oct 1, 2017
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Joined:
    Jun 5, 2012
    Messages:
    1,544
    Likes Received:
    11,928
    Gender:
    Female
    А мене ме интересира на него од што му се дигнал и тебе од што ти се навлажнила ако не од страст?
    Чим страста ја валка љубовта, сори ама и твојата е извалкана иако се трудиш да не убедиш дека немате страст.
    Дај барем плеснете се и олеснете си и на себе и на нас овде на форумов. :sweat: :whew:
     
  3. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Joined:
    Sep 23, 2017
    Messages:
    308
    Likes Received:
    2,905
    Gender:
    Female
    Ве читам од време на време и еве и јас да искоментирам.
    Врска без секс разбирам ако девојката е сеуште мала, невина неискусна, ако врската е во почетна фаза, ако сеуште не се чувствувате доволно блиски со партнерот за да го направите тоа.
    Но ако врската е долга, стабилна, исполнета со љубов, почит, разбирање, сигурност...не гледам зошто би ја потиснале страста и не би ја направиле врската уште поубава.
    Кога гледаш личноста до тебе колку многу вложува во врската, колку те сака, те цени...како можеш да помислиш дека те искористува или ќе те искористува само за секс.
    Ако некому доволно му веруваш ќе му се предадеш со цела душа и тело.
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,245
    Likes Received:
    181,360
    Gender:
    Female
    А после го напиша ова:
    Значи ние сме горди будали, сме слепци, неразумни, нерационални животни и незадоволни зошто сето тоа го праи сексот?! И љубовта со секс е лага пошто ти знаеш апсолутно се за секоја од нас како посебна индивидуа каква е, а не дека уствари недостасувал љубов претходно. Ел Оу Ел

    После го пиша ова
    Ар ју фкнг кидинг ми?! Како ти би можела да знаеш дали мене или на некоја друга овде чувствата ни извираат од срцето или од гаќичките? И ако тебе некогаш чувствата ти извирале од гаќички зошто мора да е исто и за секоја од нас?! Така ти одговара да се тешиш или што?!

    Па го пиша ова:
    Сериозна си? Значи од ова сфативме дека единствено ако немаш секс во врска, значи дека навистина се сакате. Иначе пиши пропало. Пошто само љубовта без секс познава искреност.

    Боже те прости.

    Не знам од кај го ископа правото да дефинираш вака ниско туѓи животи. Во библијата сигурно не.
     
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2016
    Messages:
    3,549
    Likes Received:
    19,468
    Квази вредности?
    Што се според тебе “вистински“ вредности Тања?
    Оние карактеристчни за средновековието кога се каменувале луѓе и казнувале за секакви глупости, за такви вредности зборуваме? Посочи еден пример кога човештвото фурало “вистински“ вредности, па ќе дискутираме на таа тема.

    Патем, гледам дека твојата досегашна формулација за зборот проститутка се однесува исклучиво за женскиот пол, може да знам зошто?

    И не се повикувај на Бог додека презентираш сопствени лошо инкорпорирани ставови, лицемерно е. Бог е љубов и Бог простува според сите Религии. Како некој кој припаѓа на некоја Религија треба да го знаеш ова.
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,026
    Likes Received:
    36,091
    Gender:
    Female
    Темава е претворена во фантастична бајка благодарение на залудните убедувања на членката дека реалноста е полна со грешници кои дозволуваат да бидат искористени од партнерите. Животот е прекраток за да се однесуваме цимерски во врската и да се лишиме од взаемното уживање.Ако станува збор за искористување доколку другиот има такви намери тоа може да го направи на други начини.
    Неиздржливи се ставовите за искреност, чиста љубов и грев кога непостојат аргументи со кои може да се објасни нормалното функционирање на врска наспроти детската љубов. А уште повеќе патетични што не станува збор за невиност и апстиненција од телесно задоволство од други причини.
    Несфатливо е млада личност да има толку конзервативни сфаќања за љубовта и страста меѓу партнерите во врската и да пропагира нешто спротивно од она што е својствено за човечкиот род.
     
  7. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Joined:
    Sep 12, 2014
    Messages:
    171
    Likes Received:
    880
    Ако си христијанка и читаш Библија, треба да знаеш дека Исус ја прифати Марија Магдалена(проститутката), и ги спречи луѓето да ја каменуваат. Според тоа, Бог не ја осудил. Туку ти си таа која суди.
    А според некои списи, тие биле и пар, маж и жена.
    Мислам кога више тргнавме, ние обичните луѓе, да ги анализираме и проценуваме Божјите промисли.
    Многу е почесно да кажеме, дека тоа се наши мисли. Наши предрасуди, наши догми. Лични и персонални.
    А Бог исто така рекол ( бар така напишале во Библијата :)), не го изговарај моето име залудно и не збори во мое име. Така да, ти си таа која суди, не зборувај во името на Бог.
     
    Last edited: Oct 1, 2017
  8. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Joined:
    Aug 17, 2017
    Messages:
    103
    Likes Received:
    220
    Gender:
    Male
    Аргументите на девојчето држат многу повеќе вода отколку вашите. Реално. Без или со религија општествата отсекогаш биле патријахални. Освен во некои мали амазонски племиња каде владее матријахат. Во патријахатот на мажите им било дозволувано да женат повеќе жени, но исклучиво девици. Религијата не го произведе патријахатот. Патријахатот постоел многу повеќе и пред појавата на организираните религии. Ние сеуште не знаеме и претпоставуваме како настанал човекот и животот на планетата, дали постои Бог креатор и во каква форма, но со сигурност се знае дека патријахатот постои уште од самиот почеток на човечкиот род. Јас практикувам предбрачен секс и уживам во него, но тоа не значи дека фактите се на моја или твоја страна. Фактите зборуваат сосема трета работа. Ние новите генерации се влечеме во врски коишто траат по 7-8 години, а луѓето во минатото се женеле по брза постапка и сексот го користеле за посејување на своите гени.
     
    Bankarkata and Tanjamm like this.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,935
    @Stargazer каква врска има патријархатот со сексот?
     
  10. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Joined:
    Aug 17, 2017
    Messages:
    103
    Likes Received:
    220
    Gender:
    Male
    Има врска со тоа што тие не практикувале предбрачен секс и не знаеле што е тоа да бидеш во врска со некого, а да не си во брак. Врската и предбраничниот секс се производ на генерациите на твојот и мојот татко. Експеримент за кој ќе судат нашите внуци колку бил позитивен или негативен. Јас се сложувам дека работите коишто се табу по дифолт не значи дека не се уживачки и возбудливи. И хамбургерот е максимално уживачки, но тоа не значи дека е полн со нутриционистички вредности неопходни за нашето здравје.
     
    Tanjamm likes this.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,935
    Сакаш да кажеш овие што трубат дека немањето секс пред брак е производ на взаемна почит овде всушност живеат во патријархат?
    Каква почит тогаш? Се изгуби и ти целосно :wasntme:
     
    CameliaMiller and Nigredo Odor like this.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,245
    Likes Received:
    181,360
    Gender:
    Female
    @Stargazer и диносаурусите постоеле некогаш па сега ги нема, исто и социјализмот да бил добар, уште ќе постоел. Прв бил матријархатот ако така. Ама светот не стои во место, константно прогресира и се менува, па според тоа и начинот на живот. Религијата е таа која тврди дека инспирира, а во суштина враќа, наметнува и се обидува да задржи одредени општествени догми од далечно минато.
    Срамота и греота е да живееш во слободен свет каде секој има слобода и право да биде и прави што сака, сам да си наметнеш и да се давиш во предрасуди и стереотипи, па уште и да се лепат секакви етикети и да се оценува човекот според погрешни сопствено искреирани табели. Ај ако не да се вратиме во пештера.
     
  13. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Joined:
    Sep 12, 2014
    Messages:
    171
    Likes Received:
    880
    Види, потегнуваш дискусија која е многу голема, ок е, јас сакам вакви дискусии, ама не е ова таква тема....
    Во кратко, од една страна, луѓето се организирале во патријахални заедници, бидејќи тоа било корисно за развојот на цивилизацијата и општествата. Машката енергија е лидерска, креативна, стварачка. (Тоа сега се мења, али тоа е друга тема). Од друга страна, луѓето отсекогаш верувале во нешто, религиозна форма секогаш постоела. Само организираниве религии сето тоа го ставиле во рамки со догми. Вистинската духовност и религиските догми се две сосема спротивни нешта. А уште пред нив, женската сексуалност секогаш била проблем за мажите. Ама отсекогаш, се плашеле од неа, им претставувала некаква закана. Затоа ловеле вештерки, кои уствари биле привлечни жени. Затоа им ги сецкаат усните на клитот во Африка, некои племиња и ден денес. Затоа муслиманите ја покриваат жената (за да не заведува). Секогаш, имало тенденција да се потисне, контролира, управува, скроти, женската сексуалност. И тоа било машка потреба, уште од времето кога женеле по неколку девици. Затоа постои од дамнешни времиња, митот за женската чистота. За жал, јас сум запрепастена колку е тој мит моќен и денеска, и колку самите жени, го прифаќаат. Резултат на вековни догми.

    Види, едно нешто ќе ти кажам. Порано, за сексот не смеело да се зборува, била забранета тема. За да денес од сексот правиме циркус.
    Тоа се две крајности. Ми пречи кога се предимензионира сексот, кога се е сексуализирано максимално, од јавни фотки на фб до реклами, без граници, во кој случај стварно може човек да изгуби и почит и самопочит.
    Јас крајности не сакам, нема поента во нив. Нема поента денес, да мораш да си во брак за да се сексаш, и нема поента љубовната врска да исклучува секс. Тоа никому за ништо не му служи, освен на егото. А егото им служи на догмите.
     
    Last edited by a moderator: Oct 1, 2017
  14. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Joined:
    Aug 17, 2017
    Messages:
    103
    Likes Received:
    220
    Gender:
    Male
    Ние сеуште користиме азбука, математика, физика, хемија, биологија, литература, музика, сликарство што ја создале древните цивилизации уште пред 2,000 години. Биле многу понапредни од нас. Општествата доживуваат дегресија. Само поради тоа што не ги гледаме ланците не значи дека имаме слобода или дека некој нас нешто не прашува. Што е тоа всушност слобода? Да бидеш слободен не значи дека треба да немаш спиритуална одговорност. Можеби денес сме само робови во некоја похумана верзија. Еве ете тоа ќе го наречам како некој вид плус на новото време.
     
    Last edited: Oct 1, 2017
    Tanjamm likes this.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    6,858
    Likes Received:
    44,969
    Gender:
    Female
    Читам и не ми се верува, океј е да немаш секс ако ти мислиш дека тоа само е возвишена љубов, ама да велиш дека сите живеат во заблуда дека се сакаат и дека уствари се искористуваат едни со други е тотално неправедно и без врска. Сакаш да кажеш дека дм, поточно сега вереник досега 10 години ме искористувал?
    Ние немавме секс 3 години, после тоа почнавме да имаме односи и да милион пати врската ни е подобра. Јас не го гледам сексот како искористување, за мене тоа е тотален чин на интимност и поврзување.
    А ти како сакаш. Мада без навреда ама веројатно на крај љубовта нема да ви испадне толку возвишена оти ќе видиш дека тоа така не функционира.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,398
    Likes Received:
    13,551
    Затоа кажав дека секој си толкува религија како што сака, како му одговара. И предбрачен секс е грев, и живот во заедница без да се венчаш е грев, и неверство, абортус. Ама тука сите се прават верници, а сите ги кршат верските правила и со дела и со зборови.

    Го злоупотребувате и зборот предрасуда. Проститутката си е проститутка, и тоа е факт и нема тука предрасуди. Нема што да судам, јас коментирам и кажувам дека тоа е грев и погрешно, а за тебе тоа е пример и добар човек, твој проблем, кога ќе имаш деца така учи ги, кажи им по твое што е добро, што зло и дека проститутката може да биде хуман човек.

    Квази вредност е твоето тврдење дека проституката ќе донирала и била хумана. Искривена вистина ти е тоа. Со кои пари ќе донира, тие од својот занает што ги заработила?Такви пари на чесни луѓе не им требаат, не треба да донира.
     
    Last edited by a moderator: Oct 1, 2017
    cresa-jagoda likes this.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,245
    Likes Received:
    181,360
    Gender:
    Female
    @Stargazer се тоа што го спомна го користиме, ама не во првична форма. Истото тоа се менувало и прилагодувало зависно од моменталната ера. Не можеме да живееме во 21ти век по правила и принципи на 14ти. Со развојот на науката и технологијата се менува и начинот на живот и менталитетот на глобалната маса. Секако дека немаме слобода да убиваме и силуваме, тоа денеска се кривични дела, иако во одреден животен циклус биле прифатени, напротив муабетот е за стереотипи, предрасуди и табуа од некои минати векови. И место да ги оставиме таму кај што им е местото, денеска упорно самите ги враќаме, та дури и ги воспеваме. Наредно да ги вратиме ако не и телефоните и интернетот и струјата и сите придобивки на новиот век.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,398
    Likes Received:
    13,551
    Во времето на нашите родители имало повеќе вистински вредности отколку денес.
     
    baba Rada likes this.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,935
    @Tanjamm отсекогаш те замислував како возрасна жена, на возраст со мајка ми можеби... па ти ги прочитам мислењата и ми звучиш 'ко да имаш 13 години.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,398
    Likes Received:
    13,551
    Па не лажам, не крадам, не убивам, не изневерувам, и да ти кажам за некои луѓе можеби и сум светица. Има поголеми гревови, ама па да се угледаме на нешто добро, а не на оние луѓе кои се дно. Што сега ќе викаме добро е од дно има и поголемо дно. Ако ти се восхитуваш на такви, твој проблем, јас не се воодушевувам на такви луѓе.

    Не ме навредуваш со ова. Ти може имаш 17 години. Конфузна си и тоа е така во пубертет. Прочитај си ја реченицата. Што сакал авторот да каже? Јас ако имам став го бранам и кажувам зошто така мислам, а вие измислувате фори.
     
    Last edited by a moderator: Oct 1, 2017
    Petra777 likes this.