Па последно пред 3 недели се беше океј,затоа сеа незнам што да правам,а преку обично мокрача може да се види бактерија доколку има?
Можно е и од детергент за перење или омекнувач да ти се случува.Мене пред месец дена така ми се случува престанав да ставам омекнувач и на следното перење прекина пецкањето и чешањето
Измиј се и измочај се во тегла, знаеш како за уринокултура, прв млаз фрлаш, продолжуваш во теглата, ако е бистра мокрачата, не е уринарна инфекција. Ако не помине од маста денес, утре, види и кандидата може да даде такво чувство на пецкање при мокрење, а речиси сите бремени ја имаат и ќе се договараш со гинекологот за терапија. Јас мачкав Канестен. Или тоа што ти вика @Dance27, ќе пратиш, ќе видиш.
Па сега ми текна дека користев ариел капсули веќе година дена можеби,но пред некој ден кога купував немаше и земав ленор,можеби и тоа е да ,сега се сетив
Во која недела е најдобро да се направи вториот скрининг? Во план сум да го направам и во Систина и во гак па да си ги испланирам прегледите. Матичната ми кажа од 20 до 22 недела,а на страната на систина пишува од 18 - 22 недела.
На 18 март на син ми му е роденден и сакав да закажам ама ке бидам 19 + 5. Мислев ,, роденденски,, да го видиме бебето и да ни кажат пол, ама гледам повеќето правите после 20 та па ќе почекаме за секој случај.
Јас правев 18-19та, така ми рече докторката зашто не правев Приска, па да видиме на време ако има нешто. Се си беше супер, органчињата си беа развиени, срце, мозоче, се убаво си се гледаше. Полот го знаев уште во 11та недела, па само ми потврди.
Јас правев 20+4, Димчев ми рече се гледаме во 28ма до 30та за трет скрининг. А нели има уште еден измеѓу за срце?
Како што ми кажа мене матичниот, во 22ра недела е најдобро бидејќи тогаш и бубрежињата веќе биле развиени и може да се видат и тие како работат покрај другите органи. @Butterfly1107 феталната ехокардиографија не е задолжителна да се прави како скрининзите, но ако си во можност убаво би било, тоа се прави околу 22-24та недела.
Ајдеее, мене не ми спомна Димчев трет скрининг. Ми рече те чекам нареден обавезно. И толку. Може дека Ана ме води па тој Ана ќе си го прави. Они некако соработуваат ептен двајца. П.с. @Butterfly1107 Драшко прави скрининг на срце ама ја не дозволив. Кога се роди Константин тогаш дадов апрувал.
Имам друго прашање, само што си дојдов дома и си ги погледнав стапалата отечени ми се Незз дали дека ми биле тесни чорапите или можеби дека скоро цел ден на столче го поминав... Може и од порано да ми биле отечени а да не сум приметила Дали укажува на некој проблем ова? Рацете ми се Ок, сеуште си ги носам прстените... 21+6 сум
Ако ти виселе нозете додека си седела, подолго ако си стоела... и мене ми отекуваат така... кога отекуваш загрижувачки се гледа навистина, посебно на раце
И јас натекувам, ми рекоа да исфрлам сол од исхраната и повеќе движење. Исто така ми препорача докторката секој ден да мерам притисок за секој случај...