Ова никогаш не ми било јасно... Хипноза, колку што сваќам, постои, но само под дејство на дроги. Инаку муабетот дека некој ќе му зборува и ќе хипнотизира некого (на суво), мислам дека се глупости... Тоа би било само медитација.
Како шо реков, има причини зошто се избегнува и луѓе кои можат да се нафатат на ова се бројат на рака. Ама сепак, како официјален третман седи, иако, не се користи, до ептен ретко користење. Лично, не сум фан. Зато и реакцијата.
За да ти помогнеме и тебе и неа треба да утврдиме прво...сега страда или не страда од геронтофилија? Или и е за пари?
@Dimi_ Има психолози колку сакаш во државава, ако сака ќе оди и ќе си бара чаре, зошто побогу ти би се среќавал со психолог за да решиш нешто кај друг човек? Значи моментот со психолог не ми е јасен никако, како смее да помисли психологот да издава тајни на клиент? Морално и кривично е погрешно. Тоа што ти чувствуваш "амбиции" да ја спасуваш затоа што си заљубен во нејзе, делува само језиво и нападно. Ако ја сакаш, остави ја да има секс со кого сака.
Дури и да е хипноза, мислам дека кога тогаш ќе си се врати на претходен стадиум. Сака помош но одбива веднаш после првите чекори иако ми дава до знаење дека јас сум ѝ единствена поддршка и мотив да се "нормализира".
Не знам, не сум експерт на темата. Ама тоа се две контрадикторни изјави што ги кажуваш. Геронтофил и sugar baby (тие што идат за пари) се 2 различни работи.
Пензионерите имаат далеку помали приходи од некои млади и лични момци кои ете не ја привлекуваат. Сепак геронтофилија ќе да е.
Сериозно Мурињо го спореди со просечен македонски дедо? И мене Жозе ми е милион пати посекси од Роналдо иначе, али нема шанси да загледам некој ко свекор ми. Абе денеска за секоја постапка ќе си најдете ментал стејт за да ја оправдате. Се додека се работи за полнолетно лице нек се кхм.. дружи со кој сака. Многу драма за ништо.
Малку оф-топик, ама Жозе Мурињо е само четири години постар од Џејсон Стејтам, а е врсник на Бред Пит и Џони Деп Потенцијалната врска ( ) со нив повеќе ми оди накај категорија „разлика во години“, отколку геронтофилија. Дајте друго дете...дедо де
На цела проблематика, пред скоро време ми вика, абе па ти што се секираш, почекај да наполниш 45-50 години ме радува што во ваква ситуација и смисла за хумор има. Нешто во неа како да сака да се „опраи“ и друго нешто, како да не сака :/ мислам дека за ова нема да помогне хипноза или било какви други терапии.
А да ја оставиш на мира. Јас мислам дека во целата ситуација ти имаш присихчки проблеми- зошто мислиш дека ти си спасителот на девата која западанала во невојља? Бог да чува. Ти да си одиш за тебе на психијатар.