1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го предизвикав, ме удри. Сега...?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Victorya, 12 октомври 2010.

  1. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Со дечко ми сме заедно 4 години. Го сакам премногу, но сум многу љубоморна и не му верувам колку што би требало да имам доверба во олку долга врска.
    Сношти бевме излезени в кафич со друштво. Се беше прекрасно. Се однесуваше со мене како кон принцеза. На одење заминавме кај него дома. Имавме односи и потоа си лежевме и се галевме. Разговаравме за глупости кога одеднаш почнав да зборувам дека сум сигурна дека има направено нешто со една негова пријателка (која е ку*ва, со извинување). Прво ми велеше да престанам, но јас упорно продолжував. Почна да ме навредува. Станав, се облеков и заминав. Тргна по мене. Ми фрли пари за да си одам со такси, а јас ги зедов парите и му ги фрлив в лице и му реков да ги чува за кога ќе ги е*а курвите да му плати. Во брзањето го остави неговиот мобилен дома и ми го бараше мојот за да се јави во такси. Упорно водев инает и не му го давав мобилниот и го провоцирав. Почна да ме растргува за да ми го земе мобилниот, а јас давајќи отпор паднав на земја. Наместо да ми помогне да станам, тој ја искористи ситуацијата за да ми ја земи чантата и во неа да го бара мобилниот. Кога не го пронајде (бидејќи ми беше во џебот) почна да ме „молкни“ за да ми го извади од џебот. Ме стана и ме турна и повротно се најдов на земја. Видов дека мојот инает не води никаде, освен да ги разбудиме соседите и му го дадов мобилниот. Се јави во такси и в раце ме крена за да ме носи до такси. По пат го навредував и плачев. Едно време застана и почна да плачи. Ме гушкаше и ме молеше да му простам. Но, јас по мое, наместо да ја смирам ситуацијата, продолжував да го провоцирам со некои болни филмови. Се навреди и ме пушти. Дојде такси. Пробав да го бакнам, но се тргна и ми рече да го оставам на мира.
    Си заминав дома. Кога стигнав му се јавив за да му кажам дека сум стигната дома, да не се грижи. Тој плачеше и ме молеше да му простам и да му верувам. Му кажав дека ме повреди тоа што ме удри, а тој ми рече дека него го повредувало тоа што не сум му верувала и не сум го ценела тоа што тој го правел за нас. Му посакав добра ноќ и спуштив.
    Попладнево повторно се слушнавме. Јас му се јавив. Но, го немаше синоќешното каење. Од зборовите: остави ме на мира, не слушнав ништо повеќе.
    Потоа ми се јави за да се приклучам на фб да си пишуваме. Ми враќаше после 5 минути и тоа нешто без врска (како сакаш, како ќе речиш, ок ако ти така велиш... :@ ) и кога му реков дека ќе се одјавам, ми рече не оди, но веќе заминав. Покасно пак се слушнавме (јас пак прва го побарав) и ми рече дека си оди накај дома и кога ќе биде дома дека ќе ми се јави. Одтогаш поминаа 3 часа, а него го нема. Не е достапен...

    Се прашувам што да правам. Ако разговараме, заклучокот води дека јас сум виновна што сум го предизвикувала. Но, ако продолжам со него, ќе си ја погазам гордоста. А, го сакам...
     
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Victorya, не е толку страшно. Кога некој ке испровоцираш, треба и тоа да се очекува. Знаеш дека на нервоза ретко кој знае да се контролира. И ние женскиве за никаде сме да ти кажам право, од ништо на 300 филмови мислиме, и во момент кога тие мислат дека се е добро нас ни текнува од нигде никаде на некоја глупост да се расправаме, и тие не знаат како да реагират, не се подготвени и се може да се случи.Тоа е во врска со ударот. А мене најмногу ме нервира кога ги сменува машкиве, и наместо да се тука да се среди ситуацијата треба да ги бараш, па не се достапни, и се останато. Мој совет олади неколку дена, oткако ке се појави, дај му до знаење дека не смее така да реагира. Не е толку страшно ако се случило само еднаш, и ако добро го познаваш и знаеш дека не е насилен, во нервоза во фрки тоа според мене го направил. Поздрав
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Викторија, имаше ваква тема.

    Имам читано и на друго место мислења од тебе дека немаш никаква доверба во него и дека си опсесивно љубоморна личност. Треба да научиш да бидеш по толерантна и да си го контролираш темпераментот. Неможе тебе некој да те трпи да му се качуваш на глава за нешта кои (можеби) не ги ни направил. Или поработи си на твојата самодоверба. Неможеш ти да тврдиш некои работи кои се базираат стриктно на сомнеж, а докази немаш. Најди докази, па понашај му се. Греота е да те трпи. Секогаш нешто правиш и потоа доаѓаш да бараш совети.

    Не ме сфаќај погрешно со ова што ти го реков, но така е. Имам забележано како повеќе пати бараш совети. Нешто не ти штима во врската, искрено јас незнам како можеш да си со човек во кој немаш доверба ич. И кога нешто не штима и кавгите се честа појава треба да се потрудиш повеќе во твојата врска, а не да додаваш сол на раната уште толку. Или смени си го однесувањето, имај самоконтрола и не го гуши дечко ти, или раскинете. Не гледам причина да останеш во врска со некој на кого не му веруваш.
     
  4. natasaltd

    natasaltd Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    48
    па тој не те удрил,те турнал,извини ама јас би те удрила и тоа убаво за да не ти текне друг пат да тресеш глупости...си кажав
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.516
    Па извини девојко ама...секој има свои граници...ти очигледно си претерала и не било прв пат.
    Некој ќе рече никој нема право да те удри,точно е тоа,ама во афект и жути минути се случува.Јас верувам дека дечково не е некој насилник и дека нема навика да се изживува на тебе,туку ти си таа што цело време применува психичко насилство врз него.
    Насилници со најголема осуда,ама реков,типов не е таков...
    Ништо не ти останува освен да чекаш и да не мољакаш зошто јасно е дека си ги средува мислите и донесува одлуки.Никој не сака да биде гњавен.Мислам,ако ти си ваква кога се е најубаво,а тек како е кога поминувате низ кризи...не сакам да знам.
    Не навалувај и чекај...тоа е,нема друго.
    Ти си згрешила,тој избувнал и се извинил...а ти...молчиш.Ти треба да се промениш.Или имај доверба во него и бидете заедно или воопшто не се труди околу врската и не го гњави,најди си некој на кој што ќе му веруваш.Иако мислам дека никогаш не би нашла таков,зошто во суштина (според мислењата тука) ти си недоверлива,љубоморна,а често и несигурна.
     
    На RainBow и sesilija им се допаѓа ова.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Мене ова не ми се допадна
    Ќе си ја погазиш гордоста? Немој така да размислуваш, се работи за твојата среќа. Гордоста е особина која не е секогаш убава. Знае да ни донесе последици, за кои ќе се каеме.
    Незнам како ви се одвива врската, но според ова што го прочитав ти си повеќе крива. Навистина се препознав и јас малку во твојот пост, многу често знам да водам инает и да не попуштам иако знам дека не сум во право, но од тоа добивам само плачки, нервози и главоболки.
    Мој совет, пиши му да се најдите и разговарајте ВО ЖИВО. Кажи му дека ти е жал и дека знаеш каде згреши. Види каде ќе води разговорот, ако е во ред обавезно покажи му ја и грешката негова и каде тој те повредил. Зашто најчесто машкиве кога ќе им признаеш дека си крив знаат и носот да си го кренат малку. Објасни му и зошто си се посомневала на девојката. Разговарајте и за иднината на врската, променете нешто ако треба, и најдобронамерно ти велам да се преиспиташ малку себеси, и помалку љубомора и инает.
     
    На smile.for.life му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Секогаш простувам и прва го барам. Затоа пишав дека ќе си ја погазам гордоста. Дали можете да замислите како изгледавме во таа ситуација-јас легната на земја, а тој над мене?
    Инаку, со девојката нема ништо. Не ни разговараат неколку месеци. Пишав, се почна од глупав, бесцелен разгвор и заврши овде.
    Крива сум што го предизвикав, но... што ако се повтори тоа што ме удри? Се плашам да не има нареден пат...
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.516
    Ајдееее...сценарија...и алкохоличар може да стане,што знаеш...
    Мала доза аналитичност и ќе сфатиш.
    Не си ти во позиција да простуваш,разбираш?!
    Ти треба да се извиниш и да поработиш малку на твојата самодоверба!
    Значи сега си докажа дека немал ништо со таа девојка,ама па сега затоа имаш друг сомнеж,дека пак ќе те удри!Ти никогаш нема да бидеш мирна и да го оставиш него на мира.

    Ја замислив ситуацијата,ама ја замислив и ситуацијата која претходела и уште двеста такви претходно...и не е страшно и како прво,не те удрил,туку сте се збуткале ти си паднала и не ти помогнал да стнаеш.

    Ако си толку полна сомнежи,раскини.Ние не можеме да спречиме тој да те изневери или да те удри.Можеш само да претпоставуваш.
    И не се обидувај да не разубедиш дека тој е виновен.Јас се чудам како можеш да живееш во таква драма...па уште и по улици да му покажуваш извесно лошо однесување...
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Епа простуваш и прва го бараш. Ако се однесуваш вака како што си се однесувала сега нормално, крива си ќе го побараш! Искрено несакам да ми се налутиш, мене некој да ми се изживува така како што ти му се изживуваш на дечко ти за работи во кои не си сигурна туку само претпоставуваш, ќе те исшамарам домаќински додека не ме молиш да престанам. Сериозна сум. Глупаво е машко да удира девојче, ама на машките нервите не се коњски.
     
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Во ред. Се „преиспитав“. Јас сум виновна. Но, само извинување нема да помини. Барем не овој пат. :doh:
     
  11. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32
    најмалку е битно кој е крив во ситуацијава , веќе биднало

    место да си снимаш филмови РАЗГОВАРАЈ
    ако нешто те мачи кажи му , прашај го ... а не одма да го осудуваш и напаѓаш ( не 24/7 и за ситници де, од тоа маживе се гушат, им се крати драгоцената слобода и т н, и т н , у кратки ракави - не му го прави тоа што не сакаш да ти го прави )

    повеќе самодоверба во себе , повеќе толеранција, повеќе оптимизам ... и ќе биде се во ред :*
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Не се самосожалувај кога веќе сама си виновна за тоа што се случило. Машко ако не го испровоцираш и не му набиеш тензија нема да те нападне освен ако е некој проблематичен тип без памет во главата.Убаво ти кажаа сите пред мене...биди посигурна во себе имај самодоверба и сомнежите ќе престанат.Меѓутоа јас имам некое чувство дека може ти си ја имаш мувата на капата па сега се натегаш со него и ствараш проблеми кај што нема.Како и да е, остави го ден, два да му помине нервозата не го барај.И ти да се смириш и да размислиш убаво дали вреди да си ја расипуваш врската со вакви нездрави провокации.Е после побарај го да се видите и најсмирено и најнормално ќе си го кажеш проблемот твој.Ако те сака искрено ќе те разбере и ќе прифати.Во иднина повеќе самоконтрола и сигурност во себе и верувај ќе биде се во ред. :)
     
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Си ја замислив целата ситуација и да ти кажам ама воопшто не ми се допадна. А, и си замислив случајно да сум ве гледала од страна, би ти дошла и косата би ти ја исчупала. Толку од мене, а ти поработи малку на себе.
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.414
    Пол:
    Женски
    Пред некое време гледав филм во кој жената намерно го испровоцира маж и да ја удри. Претера и го доби тоа што го сакаше, а јас си помислив леле каква кучка. Извини, но си претерала. Сама си свесна дека намерно си го предизвикувала и си продолжила. До кај сакаше да одиш?Сакаше да видиш дали навистина ќе те удри? Тој не те удрил, велиш не ти помогнал да станеш, а тоа што те носел во раце до такси, што е? Јас да сум на негово место не би продолжила со тебе. Сите имаме испади, но твоево било претерано.
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Поо, детски глупости. Второ, жени! Ако не си расипеме во најубав момент нешто, кој? Нема зошто да бараш совет, знаеш дека си крива. Јас да сум ко него и би те оставила 2-3 дена да подразмислиш што си направила. Не можеш да осудуваш некој без некаков доказ. За такви претпоставки можеш нон стоп да му префрлуваш, бидејќи се само претпоставки, значи за се и сешто. И што ке добиеш? Само кавги, и на крај ќе му се скурчи и ќе ти раскине. Пробај да бидиш посмирена, и позрела, ова е стварно безвеза понашање. Како да бараш само нешто колку да се искараш. Али од сопствени грешки се учи, се надевам ќе се средиш.
     
  16. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Тоа што не е достапен, и употребува кратки фрази, значи дека е разочаран и дека му треба време да размисли! Девојките погоре се во право!
    Мора да научиш да ја контролираш љубомората, и не само тоа туку прво мора да научиш како да му веруваш на дечкоти....како што пиша, долго сте заедно! И јас да сум на негово место и јас истото би го сторила..........ако не и полошо, би ти раскинала!
    Затоа поправи се, ако не сакаш да го изгубиш, биди потолерантна, научи да веруваш и самоконтролираш! И најбитно треба да разговараш и да побараш прошка!
    Позззззз душо, и пиши како оди работава! :*
     
    На Broken Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Утрово му се јавив и поразговаравме малку. Засега се е во ред. Само треба да се видиме и да разговараме во четири очи. Морам да ви заблагодарам што ми ги отворивте очите дека грешам. Морам да се поправам ако не сакам да го изгубам, бидејќи јас да сум на негово место не би трпела.
    Ви благодарам на сите.
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Амииииииии извини вака сега...ама рано ти текнало дека да си на негово место не би трпела. А тогаш што изигруваше? Ете во ред, сега знаеш дека го сакаш и не сакаш да го изгубиш, потруди се малку повеќе, ама(не сакам да бидам строга) што ако тој не сака да продолжи? Тогаш? Не си во право, машките се навистина скотови, ама и тие знаат да сакаат и ценат, е до кога, ние налагаме :!: Се надевам дека ќе се среди ситуацијата, ќе бидете во ред. ама ако ти даде друга шанса, гледај да ја оправдаш :!:
     
  19. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Мора да признаеш дека си претерала и дека си ги поминала сите граници. И јас да би била на негово место така би постапила. Мило ми е што сега сте во подобри односи. Ова нека ти биде пука за во иднина немој да бидеш голем инает и буцкало така проблемите не се решаваат тука само се комплицираат. И мило ми е што свати дека и ти ја имаш вината во оваа работа ;) :)
     
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Се сложувам со сите . Сакам да кажам нешто дур не сум заборавила . Ми рекоа дека машките солзи колнеле , кога ќе анализирам некои случки , вистина така испаѓа , мада може само коинциденција е , не знам .. Иначе и мене кога дечко ми ме нервира ми оди не од земја , од 5 спрат да го фрлам . И јас како и некој погоре , би те оставила неколку дена .. би те игнорирала за да сфатиш што си направила . Верувај во него , зошто ако ти направи нешто , утре нема да мислиш што ако ова што ако она . Ќе си знаеш дека си верувала и дека не си крива за неговата глупост . Ќе си кажеш јас бев таа што верував во него а он тој што го злоупотреби тоа . Јас ова од дечко ми го научив , а баш се чудев како толку ми верува . Во право е ,еве ти ја мојата доверба па ако знаеш сочувај ја ;) Другите се ти кажаа , кажи ни ти како се одвиваат работите. :)