1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го сакам Холивуд (Линдзи Келк)

Дискусија во 'Книги' започната од Kiara, 19 март 2011.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]
    Па... верувам дека најпрвото прашање кое треба да го поставам е: Дали ја прочитавте Го сакам Њујорк? Ако сте ја прочитале Го сакам Њујорк тоа значи дека веќе сте запознаени со почетокот од авантурата на оваа одлепена девојка. Но не грижете се, дури и ако не сте ја прочитале - Линдзи убаво нè внесува во приказната и ќе се чувствувате како да сте со неа од самиот почеток.

    Па драги мои, приказната продолжува онаку каде што застана, односно Енџи е со преслаткиот, духовит рокер Алекс. Ни самата не може да поверува дека конечно се смирија и дека сега сè е одлично меѓу нив. Да, стравот дека нешто повторно ќе тргне на лошо е сè уште тука, но таа се обидува да не мисли на тоа...

    Но, Анџела не би била Анџела доколку не се најде пред некои нови авантури, нели? Во првиот дел таа одлета од Лондон бидејќи го фати нејзиниот свршеник како ја изневерува, а сега на Анџела ѝ ја доделуваат најважната задача во списанието за кое работи. Токму ТАА треба да оди во Холивуд и да го интервјуира мега познатиот и супер талентираниот Џејмс Џејкобс кој меѓу другото е секс Бог пред кој жените буквално се онесвестуваат. Но чекајте, како, зошто јас, па јас сум само аматер?! Енџи е збунета... но токму затоа и ја бараат неа. Затоа што е аматер кој нема да биде доволно способен да ги извади неговите валкани тајни во списанието. И тоа самиот Џејмс Џејкобс ја бара неа, неговата сограѓанка Британка.

    Збунета, и на два ума Анџела не знае што да направи. Дали да го викне Алекс со неа? А што ако го остави сам, што ако и тој ја изневери? Дали воопшто да оди во Холивуд? А што ако го зезне интервјуто и ја изгуби работата? Ако ја изгуби работата, ја губи и визата за Америка, го губи и Алекс... Но не е дека има некој голем избор, сакалa или не, таа мора да отиде. И што е толку посебен тој Џејмс Џејкобс, зошто би се тресела од него, па таа нема гледано дури ни еден негов филм! Да, така таа се теши, но само до оној момент додека не седне чисто информативно да изгледа еден филм со Џејмс. А тогаш? Тогаш таа престанува да дише и цела ноќ не може да се одвои од телевизорот! Па тој е прекрасен! Темна коса, темно сини очи, идеално тело, совршена насмевка!

    Но чекајте, тоа не е најинтересниот дел... најинтересниот дел почнува кога ќе почне и нивното интервју. Односно кога Џејмс ќе почне да флертува со Анџела. Па ИМАЈ МИЛОСТ ЏЕЈМСЕ - ТАА Е САМО ЧОВЕК! А како може еден обичен човек да одолее на СЕКС БОГ како него? И за да биде уште поинтересно, тука се верните пријатели на Џејмс - папараците. Да, па тие умеат да направат скандал и кога тој не постои па така поради нив Алекс ќе дочека да ја види својата девојка по насловни страни, во хотелот на Џејмс, обелечена само во бањарка.

    Дали ова ќе биде крај меѓу Анџела и Алекс? Почеток меѓу Анџела и Џејмс? Или нешто сосема трето... оставам на вас да откриете, а во меѓувреме да се смеете на глас! Можам само да кажам дека второто продолжение е далеку подобро од првото и дека приказната дефинитивно завршува со ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ!

    преземено од сакам книги
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    баш сакав да отворам тема со оваа книга..сакам да ја прочитам..ама мислам дека ја нема кај мене в библиотека :(
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Хмм, мислев дека единствена тема за овие книги е „Го сакам Њујорк“-Линдзи Келк, но гледам дека имало и за Холивуд тема.
    Измеѓу триологијата „Го сакам...“, Холивуд најмалку ми се допадна. Сето тоа холивудско патешествие за Анџела мислам дека беше смао измачување. Добив впечаток дека таа не ни сакаше да замине. Имаше многу патетики во однос на врската со Алекс, се скарале, се смириле, па Џени малку заега.. :D
    Сепак, никако не велам дека книгата е оша, убава е, лесна, секако дека љубителите на чик литературата ги остава без здив.
    И ако сакате да ја прочитате не заборавајте пред неа да го земете Њујорк, бидејки сепак се поврзани.
     
  4. sofijacasas

    sofijacasas Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    4
    Ја имам книгава:)
    Ги имам сите делови од книгава ( од авторката Линдзи Келк) :D
     
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Женски а многу ли се поврзани сите делови...оти јас сакам да си ја земам Го сакам Париз и сега ќе треба ли да ги прочитам и претходните делови или не се поврзани ?
    Ај ве молам ако знаете кажете ми за да знам дали треба да си ги купам сите три.
     
  6. flowerly

    flowerly Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Да,купи си ги сите,зошто според мене треба да ги имаш прочитано сите за најубаво да сфатиш... :)
     
  7. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Ја имам прочитано,лесна книга за да се утепа време ... :)