Јас и на раце знам да исперам градник, особено преку лето кога нема доволно алишта за цела машина. Ги перам со најобичен сапун, dove, teo, небитно и светнуваат. Нема никаква финта, просто цел градник го поминувам со сапун, тријам и после неколку пати поминувам низ вода. Можеш пред перење да го ставиш во вода и шампон да се накисне, после тоа сапун и тоа е тоа. Е сега, еден од NBB малку смени форма горе на работ, веројатно дека пуш-ап, ама го вратив во нормала. Овие што се обични без никаков пуш-ап немаат гајле.
Јас пижами и пењоар имам од таму,супер се покажаа,есента ги земав и до сега со редовно носење,одлични.
Гледам тука дискутирате и за костими за капење, па може е најсоодветно да прашам тука (ако не, модераторите нека го преместат мислењево) Каде да најдам едноделен костим за капење со поголеми корпи (Е)? Лиска нема тоа што ми одговара Јас носам 40, 42, со Е корпа Они немаат, имаат Е корпа, ама 44, 46. Пливам во нив. Некоја друга продавница? Ќе си пукнам.
Носам обични, без пушап и без корпи или потпунки, најчесто од пазар купени, најмногу до 200-300. До скоро гледав поефтини да се, бидејќи ми растеа градите и на кратко време мењав големина. Сега веќе некое време 85Д ми останаа, изгледа вака ќе биде океј е задоволна сум. Имам бели, црни и кремасти. Не бирам изглед, сакам најобични, битно да вршат работа Неам пробано пушап, планирам со корпи да зеам некој чисто да сменам, ама и онака некако големи ми се, па не би сакала додатно да привлекувам толку внимание.
Каде ги има оние градниците како лепенки (без трака на грбот), со „штосните“ врвки за пуш-ап ефект? Се нарачуваат од сајтови или веќе ги има и низ продавниците за долен веш? Посочете ми некои за да разгледам, купив топ со провидна чипка позади на грбот, па многу ми е безврска да ставам градник со силиконска трака и да се гледа. Не ми се допаѓа како стои.
Ги продаваат рандом онлајн продавници по цена од 350-700 денари. Дефинитивно ги нарачуваат од алиекспрес, таму по $2-$3 долари мислам беа.
Значи подобро да си барам силиконски. Многу ми се несигурни силиконските, сум носела и имав чувство дека „ќе ми избегаат“. Немам многу големи гради, корпата ми беше океј ама овие силиконскиве ми прават некое wiggly чувство. Овие ми изгледаа посигурно дека најверојатно се некаков сунгераст материјал, па затоа се заинтересирав. Ако не се лажам, @tincemajmunce мислам дека купи ваков градник. Се извинувам доколку грешам, ама во спротивно - се моли да се јави на рапорт.
Таа сум. Се јавувам на рапорт. Се извинувам што каснам сега се приклучувам. Јас имам од тие градници со врвки го нарачав од алиекспрес за дури 2,5 евра. Скептична бев бидејки имам солидни гради и не се чуствувам комотно ако ми е лабаво и мислам дека ке ми испадне нешто од некаде.Вака прв впечаток задоволна ги отворам врвките до мах ги лепам на гради и затегам ништо не паѓа,не излегува....држи цврсто. Ги нарачав една корпа поголеми да ми га опфати цела града. Иначе ги имам видено по фб ги нудат најефтино што сум видела 350 најскапо 1200
За тоа ми е најмногу, да ги држи градите сигурно. Не ми треба пуш ап ефект, само сакам да немам чувство дека ќе се лизне. Силиконските корпи имам чувство дека ми попуштаат кога се потам, па шубе ми е ептен. Фала ти многу @tincemajmunce, ќе разгледам низ Алиекспрес, ми одговара да почекам дури стаса.
Јас секогаш сум имала проблем со наоѓање на добар градник бидејќи имам мал обем, а големи гради. Најчесто сум купувала од Лиска, задоволна сум со квалитетот но се малку соленки цените на тие поубавите градници. Презадоволна бев од Голден Поинт, имам купено градници од таму (додека имаше продавница во City mall) и еве веќе 2 години ги носам и се одлични. Скоро купив од New Yorker, решив да им дадам шанса и на тие бидејќи ми изгледаа квалитетно, па ќе видиме дали сум згрешила.
Од Голден поинт колку пари се? Досега освен Лиска, друго не сум купила, токму поради проблемот обем-величина на корпи. Можеш ли слика или линк да ми пратиш од тоа од Голден поинт што си купила?
@referentka Јас ги начекав на некаков попуст тогаш и ми искочија околу 1000 денари за еден. Нешто слично на овие два се Spoiler: слики За жал, мислам дека во Мк веќе немаат продавници, нека ме поправи некој ако грешам, а онлине не сум нарачувала а и не би се осмелила бидејќи морам да пробам прво јас, проблематична сум малку
@referentka Тоа и јас зборувам цело време. Ако има некој така поубав на изглед е над 2000-3000.А толку некако не ми се даваат искрено, барем не сега, додека не се изнервирам тоа Туку оди до New Yorker, и таму одат така бројчињата, посебно обем и посебно корпи а и не се скапи, сега и попусти имаше од некои моделчиња што се останати само неколку, може ќе ти фати око нешто. Исто така имам купено и од Sara Fashion, ама после неколку перења ми се шират во обем и треба да ги шијам за да можам да продолжам да ги носам.