Преубав крем е за суви раце и преубаво мириса. Околу 120-130 ден. е, но вреди !!! Од бадем е, Афродита.
Mене овaa ми помогна многу, а и преубаво мириса Можеби оваа со уреа е уште подобра за екстремно сува кожа, ама не знам како мириса затоа што не сум ја користела. Цената им е иста, околу 90-100 денари.
Значи да не помислувам на таа опција. Добро девојки, фала ви многу во секој случај. Изгледа ќе ја пробам оваа Биотен, ама ме интересира - нема некои старосни ограничувања, така? Зашто мајка ми си има омилена Биотен крема против брчки која не ја менува за ништо на светов, па се надевам не е ова случај и со претходно спомнатата. Ќе ја ѕирнам наскоро.
Девојки имaте искуство со шaмпоните нa Бaлеa? Користaм Head&Shoulders aмa многу ми јa суши косaтa, презaдоволнa сум од него во однос нa првутот, aмa ете. Ми јa суши и толку многу ми е крутa и сувa што мислaм декa шушти при секој допир Пa зaтоa сaкaв дa пробaм со овие шaмпони, aмa дa не се зезнaм ми е стрaв.
Мишела на оваа што ја имам пишува од 20 до 35 години, всушност на сите нивни креми на кутијата стои ознака од колку до колку години се препорачува.
Претпоставував, но сепак ми одговара и на возраста ако е така. Ќе разгледам и некои други, но ќе ја имам на ум и оваа.
^^^ДМ има 5 маркети во Скопје...Сити Мол,ГТЦ,кај Беко,Бит пазар и Веро трговскиот..мислам и во новиот трговски Капитол ќе има ама не е отворена сеуште
Јас имам користено шампон на Балеа за волумен од оние по 99ден што се и да ти кажам искрено задоволна сум. Волумен нема кој знае колку, но убаво ми ја правеше косата, мазна и сјајна, ке си купам пак кога ке одма накај Скопје. Инаку си зедов и регенератор за оштетена коса на Балеа, во кафеаво пакување исто 99ден. И тој ми се допадна, не би го рангирала со лореал, но сепак ми ја правеше мека и полесна за чешалње. Сега сакам и капките да си ги купам од истата линија што се, ептен убаво ја праеле косата па ке видиме
Сега случајно прочитав , навистина ДМ има и во Сити Мол??? Не сум приметила такво нешто али ако има барем нема да морам да идам до трговски Инаку видов тука дека некои ги фалеа маските па и јас си купив и презадоволна сум. Мислам дека имам најмазна кожа на светот Ако имате уште нешто да препорачате слободно пишете
Јас денес од ДМ во Капитол си земав Мејбилајн Рокет маскара за 175 денари и шампон Афродита против опаѓање, тој со лук, за само 60денари. Шампонот одамна сакам да го пробам, па ми се погоди што е 60ден денес. И да не го бива, да не ми е жал да го дадам на некого. Имаше прашок за перење, тоалет и сл. исто намалени цените за 50% и сите тоа влечеа, ама јас не сум толку домаќински настроена Тоа мајка ми купува
За овие производи важеше само денес и беше 50%. Има попусти на одредени производи што важат до петти, ама тие се помали и за некои други производи.
Морам пак јас да пишам во темава Знае ли некој дали ја има во нашиве ДМ кремава за депилација ? Мене ми ја препорача другарка од Србија, таа ја пробала и е многу задоволна. Плус и доста поефтина е од останатите. Ако некој ја видел нека пише, да не одам до таму за џабе.