Пред еден месец го најдов другар ми што ко мали бевме ко брат и сестра. Идевме заедно у градинка, потоа се сретнавме неколку пати у дојран и така почна тоа наше пријателство (и по малце детска љубов xD ). Сега се допишуваме на ФБ, се знаеме у живо и такви ствари. Едноставно многу го засакав и се ми се промени. Кога искачам надвор со друштво многу чудно се однесувам и сите ми го викаат тоа, али јас знам дека тоа е поради што сум ПРЕМНОГУ заљубена. Неможам да им признаам нив, бидејќи ми е срам, а неможам ни него да му признаам дека толку многу го сакам што незнам главата кај ми е. Кога игравме вистина или предизвик морав да го излажам дека сакам некој си Кико (што не ни постои) бидејќи ми беше срам. Имам храброст да му кажам, али имам и срам. Неможам да поверувам дека волку многу го сакам. Може ли некој да ми каже што да направам ? ;D
не те разбирам како можеш да сакаш некој а притоа да ти е срам да кажеш.во сакањето нема ништо срамно.има многу случаи каде што од другарство се преминува во вистинска љубов, така да најдобро е да му кажеш што чувствуваш, па ќе одлучите дали ќе бидете другари или нешто фазла.
Зошто да ти е страм ?!!?!? Излезете,одете на кафе потоа на некое помирно место,признај му што чувствуваш спрема него ! Немој да се двоумиш ако вистински го сакаш,бори се ! не дозволувај срамот да ти биде пред се !
Емче да не ме разбереш погрешно, ама мене овој твојот проблем баш ми е симпатичен. Душо убаво ти кажа кате пред мене, нема зошто да ти е срам. Најубавите љубови се случуваат од пријателства. Отвори си ја душичката и кажи си што ти лежи на неа беза да се мислиш ич. Мене овде од далеку ми мириса љубов. Ете ако ти е полесно можеш да почнеш преку фб или нешто слично не мора веднаш директно. Барем денес е лесно да почнеш да се чепкаш.
Да се вљубиш во другар е најлошото нешто затоа што ти е тешко да му кажеш затоа што ако признаеш може да го изгубиш. Сум била во оваа ситуација и верувај ми беше многу тешко додека го кажам тоа но тој тоа го дозна ми кажа дека и тој тоа го чуствува истото. идевме 1 година се разделивме и сега уште сме пријатели. Мој совет е да му ги кажеш твоите чуства затоа што никогаш не се знае што може да се случи.
Ви благодарам на сите. Камо ли вас да ве имав за пријателки. :// Кај мене е најлошото тоа што ја неам самодовербата. Ќе почнам да си ја навратувам но неможам. Сепак детето ме покани да излеземе да се видиме. Иначе бидејки сега нивното школо (Петар Поп Арсов) се реновира они доаѓаат кај нас во школо. И бидејќи имам другарки во неговото одд одам да се поздравам и ја само го гледам и он мене али и на двајцата ни е срам. Али детето се гледа дека е поопуштено од мене. Нема толку срам. Али верувајте толку го сакам што не гледам ништо пред себе освен него. ПРЕМНОГУ. Ако му признаам и ако ми каже: Јас сакам друга. Знаете колку ќе патам после. Верувајте, ништо не гледам пред себе освен него. НИШТО БАШ НИШТО. Можете ли да замислите колку сум заљубена во него ? )): Сепак многу ми помогнаа вашите совети и некој ден од неделава се договоривме да излеземе. Потоа ќе ви кажам што сум направила. И ви благодарам многу на сите. ^^
Same shit, different packaging. Не му кажувај те сакам како гром од ведро небо, туку затерај ја работата кон нешто кое би довело кон кажување на тоа.
Еммие па нема ти да одиш и директно да му кажеш ТЕ САКАМ, прави го тоа постепено, пишувај му повеќе на фб, објавувај повеќе љубовни песни, некој љубовни статуси објавувај си на ѕидот и едноставно покани го на кафе во град. Така со муабет ќе дознаеш кои се неговите чувства кон тебе, дали има друга и слично. Едноставно покажи интерес за него. Поздравче и со среќа
Од болдираните зборови во твојот пост се добива Брат и сестра, детска љубов, ПРЕМНОГУ заљубена, толку многу го сакам што незнам главата кај ми е Имаш среќа што го прочитав цел пост, инаку ќе беше инцест два СО мали работи покажувај му, женски финти, допири, насмевки, нема да му речеш, еј абе... јас те сакам Полека, полека, па ќе видиш каква е неговата реакција на тебе.
се сложувам со сите напишани мислења горе, дека треба полека да му пријдеш и пред се да се осигураш дека тој нема девојка. лесно е кога знаеме ние што сакаме но што сакаат другите е тоа е тешко. Мислам дека ако со некој гестови му покажеш дека ти се допаѓа ќе свати. Но од друга страна мислам дека ако тој те гледа како сестра како најдобра другарка, може и да не сака да се фатите поради прашањето што ако раскинете. Сигурно не би се гледале со истите очи и би завршило вашето пријателство. Но сепак мислам дека треба да се обидеш од една страна што може би и тој сака со тебе но од иста причина како тебе несака да ризикува. па си добила и прашање нели ... на кое да би била на твое место отсечно би одговорила те сакам тебе ок но не се работи за мене а јас сум таква луда и сакам ризици така да понекогаш научи се и ти да ги прифаќаш
Ако го сакаш не го криј тоа зошто никогаш нема да знаеш и тој како се чувствува... ако не можеш во лице кажи му на фб хаха тоа секогаш успева. Со среќа се надевам ќе бидите пар
Оваа ситуација може да биде и покомплицирана од очекуваното. Никогаш неможеш да знаеш како тој ќе реагира, дали го чувствува истото за тебе или не, дали ќе биде шокиран ако му признаеш... Затоа, пополека испитувај го теренот и немој веднаш да му признаеш. Пробај преку говорот на телото да му покажеш какви ти се намерите, следи ги и неговите реакции.
Почнав да се гледам со едно дете (2год поголем ). Имавме преубав почеток, се слушавме, по цел на телефон се гледавме, ми даваше знаци дека сака нешто по сериозно со мене, имавме редовно секс... и одеднаш по месец и пол се ми се смени. Односите ни се заладија, се одалечивме.. Започнав разговор дека сакам нешто озбилно со него а не само мување, дека ми е стало до него, како ми пречи неговото однесување во одредени ситуации... а тој на се ова почна да ми менва тема, да ми кажува како сум за после 12 ...и така натаму Исто така прашува за мене, ме бара да се видиме - а после пак исчеснувва не ми се јавува.... И јас ..сакам да продолжам со него, го сакам, но несакам да ми се одвиват нештата по старо. Совет???
Сакаш да продолжиш со него иако ти рекол дека само за секс те сака (за после 12 на тоа ми асоцира)? Очигледно и предходно само за тоа те сакал. Ај да не бидам до толку, можеби му се смениле чуствата не те гледа како порано. Кажи му или ќе бидеш со мене, нема да исчезнуваш или готово е со нас нема ич да се гледаме, со тоа ќе заклучиш, дали тој го сака истото како тебе и ќе видиш што мисли за тебе, како те гледа
Јас можам само да погодувам што може да биде, а за сигурно да ти кажам што му е, секако не можам. Ти треба да бидеш упорна со разговорот. И кога ја менува темата цркни малку, кажи му дека сакаш да разговараш и точка! Па ако пак не сака да разговара со тебе, дефинитивно не сака ништо сериозно. Можеби бил добар со тебе додека не го добие тоа што го сака, сега кога го има, нема потреба да биде добар.
Он тебе те гледа како fuck friend или fuck buddy или како што сам ти кажал-за после 12.Ако сакаш така да продолжиш со него,слободно!