1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали религијата постои само за да се контролира народот?

Дискусија во 'Религија' започната од anaantonia, 29 септември 2012.

  1. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    723
    И да надоврзам уште нешто, како можеме ние меѓусебно да се сакаме кога многумина од луѓето не го сакаат Господ? И не зборам за верата, верата кој ја почитува ќе знае за што е, но никој не ја почитува, да ја почитуваа немаше да беа сега самоубиства, карање, силување итн. Никој никого денеска не почитува, а не пак религијата или пак Господ, сите мислејќи дека ако одат во црква верници се, не, ти ако си верник немора во црква да одеш да палеш свеќа за Господ, нели Господ беше насекаде? Тогаш верувајте во него и без одење во црква и тие глупости.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    После една дискусија што ја имав каде ме обвинија за се и сешто, веќе не сакам да се убедувам со никој. Да, во право си дека има се помалку вистински верници. Само ќе кажам дека последната реченица не ти е во ред.
     
  3. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    723
    Нема да те окривам за ништо, сепак си го кажуваме нашето мислење, не гледам причина да те окривам но да ме убедиш никој до сега не е можеш и нема, бидејќи оставам на мое мислење, можда сум постапила малце грубо со последната реченица, но сепак најслабо ми е кажување на мисли преку пишување. :)
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Секако, секој си се држи до своето мислење. Има една изрека: Одењето во црква ќе те направи верник колку што седењето во гаража ќе те направи кола. Вистинскиот христијански дух треба да се носи во себе преку цела година, секогаш, а не само за празниците како што кажа ти. Кај нас има неколку врсти на т.н. верници: 1. Одат во црква и празнуваат христијански празници и викаат јас сум верник. 2.Не одат во црква ама прават добри дела, лошо не прават на никој и викаат јас сум верник. 3. Одат во црква, ја прочитале Библијата и знаат што треба и што не треба да прават... и други врсти. И јас мислев сум верник ама откако почнав да ја читам Библијата сфатив колку слаб верник сум била и дека речиси ништо и не сум знаела. Затоа Библијата треба да се прочита и дури тогаш ќе се разберат некои нешта.
     
    На sonuvana, Rama, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Да ја вратиме малце дискусијата на вистинската тема – Дали религијата постои само за да се контролира народот? – би рекол, дефинитивно не.

    Религијата игра многу поважна улога во животот на луѓето, а тоа е одговарањето на најсуштинските прашања – Дали постои живот после смртта? Дали добрината се наградува, а злото се казнува? Постои ли правда на светов? итн. Религијата (позитивно) ги одговара сите овие фундаментални прашања и на луѓето им дава охрабрување, сила и поттик да ги живеат своите животи.

    Е сега, освен оваа улога, религијата дефинитивно служи и за контролирање на народот. Односно, можеби е посоодветно да се рече дека примарно во минатото служела за оваа намена. Што, како што и претходно реков, не значи дека ова е лоша работа – контролирањето на однесувањето на луѓето во заедниците е потреба, а не хир.

    Живеењето во заедници и општества има свои позитивни и негативни страни, но неминовно е дека мора да постои некаков кодекс на однесување на луѓето кои живеат во нив. Без разлика дали сме религиозни и веруваме дека забраните како „Не убивај“, „Не лажи“ и „Не кради“ се Божји заповеди или сметаме дека едноставно се измислени од луѓето, поентата е дека ваквите закони и санкциите за нивното прекршување морал некој да ги измисли (Бог или човекот, сеедно), за да општеството може да функционира нормално.

    Ако религијата во минатото била главна алатка за контролирање на однесувањето на народот, денес таа улога ја имаат законите. Што не значи дека религијата ја изгубила својата контролирачка улога – таа сеуште ја има, но од друг аспект.

    Главната разлика меѓу човековите (т.е., општествените) и Божјите закони е што првиве главно ни кажуваат само што не треба да правиме, односно што не ни е дозволено, додека Божјите закони подеднакво ни кажуваат и што треба да правиме и како да се однесуваме.

    Човек кој себе се смета за вистински верник не може да одрече дека неговата религија му го контролира животот. Повеќето религии се многу детални околу ова и контролата ја наметнуваат до најситните детали, до микроменаџирање со речиси секоја постапка на човекот во текот на секој ден. Кога и колку пати да се моли, на каков начин, што да јаде и кога, кога да работи, а кога да одмара, кога и со кого да има секс, па дури и за тоа какви мисли треба да имаме, а какви не.

    Кај нас дури и машина за перење не се пушта на празник, а има и такви кои не се бањаат. :) Ако ова не е контрола, тогаш не знам што е.

    Некој ќе рече, да, ама верниците ова свесно го прифаќаат и радо го прават – односно, не се присилени на ништо од ова. Така е, се сложувам. Но, свесното прифаќање не го менува фактот дека се работи за контрола, и тоа контрола која навлегува во секој аспект од животот на човекот.
     
    На Someonespecial, Lella, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Ова е интересно прашање. Јас па се прашувам дали фудбалот е исто да се контролира масата... дај му на човекот циркуз и нема да мисли на проблемите. :D
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Апсолутно религијата служи за контрола, и тоа не секогаш значи нешто лошо. Но, во денешно време се работи за застарен метод во напуштање.
     
    Последна измена: 3 април 2022
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Не мислам дека е само за контрола, затоа што на некои луѓе религијата им дава утеха и мир.
     
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    8.187
    Пол:
    Машки
    И да и не.
    Човекот очигледно има потреба да верува во нешто поголемо, повозвишено. Во повисока сила и во повисока цел на постоењето.
    Некои тоа го нарекуваат духовност, или барем дел од духовноста.
    Организираната религија ја искористува оваа човечка потреба за да собере маса на луѓе со слични убедувања и да им даде чувство на заедништво и припадност, во обид да се објасни непознатото.

    Додека пак со текот на времето човештвото научило дека организираната религија може да се користи за да се обликува мислењето на одредена група или одреден број на луѓе преку што се овозможува полесно исполнување на нечија одредена замисла за тоа како треба да изгледа општеството.
    И така тоа е еден бесконечен круг, кој започнал непланирано и наивно а прераснал во општествена структура со мнозинска припадност способна во секој момент да изврши промена во однесувањето кон друга општествена заедница.
     
    На Srckata28 и Dentina им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Да.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    Да
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.