1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се срамите од вашето потекло !?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lovely-girl, 11 мај 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Начинот на кој што се одвива дискусијава на темава...многу убаво кажува кој од каде е,не мора да кажете вие и дали се срамите од истото.
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Гордо можам да кажам дека си го знам потеклото мое уште кога биле племе, од различни краеви, различни споеви и бракови, некои мои прадедовци се историски познати личности.
    Заради склоп на околности сум се родила каде што сум се родила , ама тоа не ме дефинира како граѓанка или селанка.

    А такви квалификации "јас сум скопјанка, ти си од провинција" прават најчесто натурализираните "скопјанки" ( ајде нека не се скопјанки нека се граѓанки ), сами си го забораваат своето потекло и се декларираат како нешто што не се , така си го лечат комплексот на помала вредност, не дека некој ги омаловажува , туку сами си се деградираат.
    Ако сами не си го цените потеклото, никој нема да ви го цени, затоа гордо кажете од каде сте, ќе видите колку подобро ќе бидете прифатени (во било која околина) , отколку ако се однесувате како да имате комплекс поради потеклото.

    И оваа поделба на "граѓанки" и "селанки" не се случува само во Ск, верувам дека секој град има некој стереотип за девојките од околината на градот.
     
    На Dejana.M му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Веројатно во „лудите“ пубертетски години, кога има плачки и за тоа дека едното уво било повисоко од другото (да, сум била сведок на ова :) ), кога се што се прави е мотивирано од потребата да се биде прифатен во средината, и „криењето“ на потеклото е само резултат на таа потреба. Со созревањето мислам дека полека ги снемува тие шаблони на однесување, човекот се дефинира и се прифаќа себеси, а со тоа и своето потекло. Колку е човек повеќе во хармонија со себе, толку помалку му е важно дали по нешто се разликува од околината. А и околината веројатно реагира поинаку. Во мојата работа со тинејџери-средношколци сум била сведок како да кажеме во прва година (средно) се потенцира со потсмев „Професорке, кај него во село не слушнале за тоа“, а веќе да кажеме во трета (за четврта и да не зборувам) три дена на пример се зборува со возбуда за одење на излет кај истиот другар во истото село кое претходно било исмевано. Често пати луѓето така реагираат на непознатото, со потсмев, но често тоа потсмевање служи за да се прикрие несигурноста (затоа што потребата да се биде супериорен е всушност знак на една длабока, невешто скриена несигурност). ;)
     
  4. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Таткоми е од едно село кое се наоѓа помеѓу Битола и Прилеп а мајками е од Битола така да пола пола сум и од село и од град и секако дека не се срамам од моето потекло,а и мислам дека никојчовек не треба да се срами од тоа што е :)
     
  5. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Татко ми е од едно село во Дебрца, а мајка ми е од Куманово. А живееме во Охрид :inlove:
    Мене ич не ми е срам да кажам дека на некој начин потекнувам од село. И бидејќи живеам во населба на крајот на градот, често ми викаат дека живеам во село. :^) Но јас не ги фермам, стварно е без врска.
     
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    НЕ ! гордо велешанче сум си јас ;)
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Воопшто!
    Напротив, јас се гордеам со своето потекло :)
     
  8. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Нема да кажам точно од каде потекнувам затоа што веднаш ќе сватите дури и асоцијација да дадам.
    Но да преминам јас на главното, не се срамам ни најмалку.Немам потреба од тоа.И двајцата родители се од село,кои се преселиле во градов во потрага по парче среќа.И двајцата имаат завршено средно а постигнаа многу повеќе од некои со факултет во градов.Горда сум кога ќе нагласам од каде сум,имам доста специфично презиме карактеристично за мојот роден крај и воопшто не се страмам од него и си го нагласувам кога некој ќе го згреши.Воопшто не се срамам што не ми завршува презимето на ски.
     
  9. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    Не се страмам од своето потекло,гордо ке го казам мајка ми е од прилепско Мариово,а татко ми е од Попадија близу Велес и Кавадарци.Нивните корени водат од таму но теи се родени во Прилеп,цел зивот се тука исто така и дедо ми.Сепак корените си се корени и понекош треба да се посетат тие краеви!До сега имам појдено повеќе патаи и во двете села убаво ми е се чуствувам пријатно и топло бидејќи знам дека и таму имам нешто што било мое!Нема врска град село.какви граѓани има па немаат немаат никаква култура ни однос и се прави простаци,а па какви „селани“има кои се отмени поотмени и од гратските!Нема потреба да се страмат тие девојки и момци.Како учевме порано во 3 4 одд
    ГРАДОТ НЕ МОЖЕ БЕЗ СЕЛОТО И СЕЛОТО НЕ МОЖЕ БЕЗ ГРАДОТ!!! ви текнува
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Не сум од село, но моите родители израснале во село. И што им фали? - Ништо! Мајка ми често знае и да се шегува на сопствена сметка, а и горда е од тоа каде пораснала. Па и јас немам ништо против да кажам од каде ми се родителите. Ако биле од село тоа не ги прави поразлични од другите.
    Може да биде сељак и оној кој живее во град! :)
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Родена сум во град, живеам во град. Но, моите дедо и баба се од село од србија, па јас сум израсната таму. Значи буквално селски живот. Но, не се срамам од своето потекло. Иако роднинита од страната на тато не се во контакт со нас, откако тој почина, но, не можам да се срамам од сопствениот татко кој ми оставил кров над глава, од оној кој ме створил од љубов, кој ја сакал мојата мајка без условно. А од страната на мајка ми исто...Неможам да се срамам од оние кои ме донеле на свет.
     
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Не знам зошто луѓето би се срамеле од своето потекло, па не можеме сите да бидеме од Центарот на Скопје :^) , да се носиме марка или да имаме се од најнова технологија.

    Јас сум од една населба од Скопје, често имаат лоши предрасуди за неа, но јас не се срамам да кажам од каде сум, затоа што се гордеам што сум израснала во ваква средина, мирна средина и без препукувања, или пак да ми е страв да се вратам вечерта од излегување.

    Битно е како си воспитан и образуван, а не од каква фамилија си или од која ‘провинција‘ произлегуваш!
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Воопшто не се срамам од моето потекло, бидејќи нема од што да се срамам. Го знам моето потекло и го сакам, горда сум на него. Да имав од што да се срамам, не знам, можеби би се срамела и не би сакала да кажувам од каде потекнувам.
     
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ако се срамам од моето потекло, значи дека се срамам и од моето семејство. Ниеден човек не смее тоа да си го дозволи, благодарна сум за секое јадење на трпезата, за кровот над мојата глава и топлата љубов од мама и баба.

    Горда сум што сум скопјанка, ама 50% од луѓето со кои се дружам се од другите градови, па ги обожавам, и не лечам комплекс на супериорност.

    Во земја со големина на зрно грашок, смешно е да се зборува за провинции, ама поделби секаде ќе има, дури и во микроскопски места како нашево. Немојте да мислите дека и самите скопјани не се поделени! Само тука врз база на населба, ко тоа да има врска со карактерот на некоја личност.

    Коса ми се крева кога ќе кажам дека сум од Чаир, и ќе ме прашаат: „Леле како не ти е страв да живееш таму, опасно е“. Па жива и здрава сум и стојам пред тебе, чукни у тоа тиквата.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Јас сум од село но живеам во град.. и секако не се срамам од моето потекло...мислам дека не трњба да се срамиме од потеклото... често се имаат зафркавано со мене поради тоа а јас само ги игнорирам и престануваат зошто се осеќаат како будали зошто не им обрнувам внимание и изгледаат како сами да си зборуваат :D
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    Не го употребувај тој збор, ПРОВИНЦИЈА. Со тој збор се засилува идејата и сликата дека главното селце е центар на се шо вреди во оваа имитација од држава а се други е само random територија шо се погодила така околу неговите граници. Скопјани пијат вино од Тиквешијата, јадат зеленчук од Струмица, одат на летување во Охрид, Дојран и на зимување на Шапка. Има паметни, добро образувани и добродушни луѓе и во другите места во државата. Скопјани со самото тоа што се родиле и исраснале во главното селце не се ништо повредни од луѓето од другите места (не се ни помалку вредни), само сакам да кажам дека со самото тоа што пораснале во урбана средина, меѓу згради и булевари, во место со повеќе кафичи и дискотеки, не значи дека се понапредни во нешто значајно. Јас, најискрено сеуште чекам да ме импресионира Скопјанец/Скопјанка моја генерација. На факултет на такви загубени глувци им ги пишував семинарските бе. Јас пишував по 4 неделно, додека претставници од високото Скопско Граѓанско општество не можеа ни својата да ја напишат и ми се јавуваа секој втор викенд да ги спасувам. Добри клиенти се, тоа признавам

    Нема што да се срамиш. Верувај во себе и никогаш не заборавај колку вредиш.
     
    На Mila04 и Theodora им се допаѓа ова.
  17. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Не се срамам.. баш се гордеам :inlove:
     
  18. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Воопшто! Ако би ја споредила Македонија со другите земји, оставајќи ја финансиската страна, би споредила фабрики, трговски центри, хотели и загаден воздух кај другите земји, а планини, свеж воздух и природна убавина кај Македонија. Се гордеам со неа.
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Тоа каде живеам не ме прави тоа што сум, моите се дојдени од село во Србија и живеат во Радишани не во населбата и го обожавам местото, тој душевен мир што го имам таму нигде не го добивам, а тоа не ме прави ниту малку по (не)способна од останатите, или по (не) интелегента, тоа е само локација каде е мојот дом и никој не судам од каде е, мислам дека тоа беше пред некои си 10 години може и повеќе кога се даваше акцент на тоа кој од каде е, има уште заостанати умови кои знаат да истрескаат онаа сељанкана, провинцијалкана што ме вади од такт и автомастки сакам да ги фатам за гениталии и да ги развртам на сред улица. Нема потреба од срам, тоа ти е само потеклото а ти си ја градиш понатаму иднината.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас сум оригинал селанка од источна Македонија и немам никој од град. Кога за прв пат не измешале градски и сеслки деца во средно, деца како деца, кога некоја 15 годишна која се плаши и бега од јаре ми се има правено супериорна оти е од град, сум се чувствувала мала, нападната, понижувана и во една ситуација сум се бранила од таква со ќотек. Од тоа се срамам.

    Се срамам од државата зашто ги смета своите граѓани од село за луѓе од втор ред, кои и после години и години избори и ветувања не се вредни да добијат едноставни работи како функционална водоводна мрежа, канализација и пат. Се срамам од менталитетот и арогантноста на некои луѓе, кои мислат дека географијата автоматски ги прави нив паметни а сите други прости, глупи или со низок коефициент на интелегенција.

    Како дете од село, макар од поновите генерации ама сум тренирана селска домаќинка и знам да расукам зелник, да месам и размесам 6 леба и да ја качам даската со нив на рамо, да угорам ѕидана фурна, знам да исперам на рака, да плетам, да измолзам крава, да избијам масло, да сварам урда, да заколам кокошка...
    Денес додека живеам во светска метропола, баш убаво ми е што можам да ги спојам двете искуства, тоа што знам да си садам лукче и џинки во шутари, да си варам урда, да си месам бурек... ок, пилешко си купувам :lol: и фала богу овој пат имам канализација :tmi:
     
    На Doozy, AnimeHQ, decko и 5 други им се допаѓа ова.