1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Двојазичност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 15 ноември 2011.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    @Chantal , овде мене ми препорачаа уште од старт исклучиво мајчиниот јазик да му го зборуваме дома. Дури и да научиме некогаш шведски течно да зборуваме, со малиот само на македонски да комуницираме. Првенствено за да го научи добро јазикот, но исто потенцираа дека би било неприродно за детето мајката да му зборува на другиот јазик. Ова важи нормално до одредена возраст, додека не ги научи течно двата (во твојот случај трите) јазици. Не се плаши, ќе биде на почеток хаос со јазиците, ама ќе си научи се :) Имам другарка со иста ситуација како твојата, таа македонски, сопругот шпански, тие меѓу себе англиски (другарка ми не знае шпански, сопругот не знае македонски, па англиски им беше единствена заедничка точка :D), за истото се мислеа уште пред да се роди. Ама сега трите ги зборува течно, со мајка и само македонски, со татко и само шпански, и кога меѓусебно разговараат и малата збори англиски :)
     
    На PurpleMind, gjoker4e, lovely girl M и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Два јазици користиме дома, македонски и англиски.

    Од почеток користевме англиски со сопругот, кога сакавме да си кажеме нешто, а ќерка ми да не не' разбере.
    Накај 3-4 години, почна да подразбира... и малку по малку, методот ни стана скроз неефективен.:D

    Сега сите зборуваме на кој јазик ќе ни дојде во моментот.
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.699
    Допаѓања:
    42.899
    Пол:
    Женски
    Дома се случува да зборам на англиски или српски со татко ми, од онака.А со мајка ми на влашки кога оговараме или се расправаме а неќам татко ми да разбере.
    Имам другарка која со мајка ѝ збори на босански, а со татко ѝ на англиски или турски.Го владее и македонскиот.Се е до пракса.
     
    На Spidy и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Next

    Next Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    948
    Пол:
    Женски
    Ние дома со децата пола пола збориме. Јас им зборам македонски, татко им руски. Сега се мислам како ќе биде со поголемана, прваче ќе биде во септември. Зашто она повеќе руски збори, и незнам колку ќе се снаоѓа. Ја запишав во градинка за да учи македонски повеќе, ама пак најде русинче едно и со нејзе највеќе се дружи:D
     
    На Tekkyi, cresa-jagoda и gjoker4e им се допаѓа ова.
  5. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Nie si zboruvame doma poveke na makedonski. Vrtime i na gremanski i sega mali znae da kaze nekoe zborce i na germanski i na makedonski. A na godina ipol ke e vo gradinka tamu ke mu bide konstantno germanskiot. Moe mislenje e ubavo da se znaat poveke jazici.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    25.062
    Пол:
    Женски
    дур се мали побрзо ги учат јазиците еве кај мене дома се зборува и мк и турски и децава мои ги знаат двата јазици и немаат проблем се снаојгаат добро
     
    На diskreten32, cresa-jagoda, Abc07 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.981
    Пол:
    Женски
    Ај да ја активирам темава малку.

    Бебла е 16+ месеци, активно слуша 3 јазици, најчесто на 2 и се обраќаме, поретко на 3тиот и ги разбира.
    Работата е што место да изговори било што кога сака да каже нешто, таа вреска. На пример го зема шишето и ми го носи да и го отворам за да пие вода, јас чекам кратко и ја прашувам што сака, ама таа ми го турка во раце и вреска. Исто ако сака да и отворам врата, ме зема за рака и ме носи или не може да дофати нешто повторно ме носи за рака. Извршува команди на 2та јазика, и се имаат испуштено зборчиња, ама тоа не го рачунам, оти се десило еднаш или двапати и не верувам дека било со намера. Сликовници и се омилена ствар од 11 месеци, супер ги врти страните дури и тие со тенки листови, покажува внатре со прстето на сликите проследено со некој бејби џибериш. Каде што има врата низ сликовниците тропнува со рачето, значи прави се како што и покажуваме. Исто почнува да ме имитира како седам или чучнувам било што ќе и се види интересно. Вика мамамамама од некаде 7 месеци можеби, до пред некое време знаеше да вели мама и да ме тегне оти нешто сака да направам, ама веќе некое време го нема тоа. Не знам дали треба да се загрижам поради ова.
    Ќе сака ли некој да сподели искуство, можеби нешто што го практикувате, вежба некоја можеби што била успешна за полесно совладување на јазиците?

    @Chantal тебе ќе те тагнам оти прочитав дека си во слична ситуација како мене, и ние дома на различен јазик и збориме, а твоето е малку поголемко, па ако сакаш да споделиш до каде сте сега со јазиците.
     
    На Esterina и Chantal им се допаѓа ова.
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.255
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Сличен беше и синко, се случуваше да има некое зборче па да го изгуби, да ме тегне за да ми покаже што сака зошто не збореше и сеуште се случува зошто не збори доволно за возраста според мене. Ама не сум загрижена зошто скоро бевме на прегледот за развој на 3 години што е и докторката рече дека е во ред со оглед на тоа што расте и се развива во со три јазици.

    На две години имаше отприлика 30 -40 зборчиња. Имитираше звуци на животни и разбираше македонски и хрватски. Германскиот најголем напредок има оваа година од 2 до 3, ама претходно и ретко го среќаваше. Сака многу книги и обавезно листаме пред спиење ама не сакаше да му читам туку да покажува со прстето и јас му кажував што е што, а подолго време веќе сам кажува и полека почнува да бара да му читам( вака усвои многу зборчиња).
    Сега ќе полни 3 години знае да брои до десет на македонски ( хрватски исто е скоро)и на германски, боите и формите исто така ( И на англиски некои ги знае). Врзува 3 поретко и 4 зборчиња, ама не секогаш некогаш кога е возбуден само нафрла игралиште, деце, шета. Се повеќе го разбира германскиот приметив дека веќе знае да разликува дека со комшиите треба на германски да се обраќа. Меша различни зборови "Гросе камен", и граматички несправи реченици како на пример " мама ( името негово) појео вода " - за што педијатарот рече дека ќе си дојде на место постепено сега е важно да разбира и врзува основни реченици. Да напоменам не оди во градинка, треба да почне во јануари сега ако не продолжат локдаун, што сметам дека е многу важен дел за развој на говорот.

    На моменти сум била загрижена ама сите деца се различни и му верувам на педијатарот. Играме игри за развој на моторика ама и не му форсирам ништо ако не е заинтересиран, сега повеќе е заинтересиран за игри со улоги како продавница, мајстор со што си го вежба самиот говорот. Гледа и цртани ама само на телевизор и нормално ограничено време. Книгите ни се ритуал пред спиење и отприлика тоа е тоа што ми текнува.
     
    На Ava.84, Milkiway и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.981
    Пол:
    Женски
    @Chantal фала ти многу на споделеното искуство. :f:
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Како треба да се постапува дали со 1 јазик или од старт со повеќе?
    Јас со роднините зборам на хрватски на скајп, читам и слушам хрватски. Дома секако македонски а често ни се пуштени дизни цртаните.
    Дали е лошо од старт ако му го воведувам хрватскиот да го учи или прво македонскиот да го совлада?
     
  11. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    25.062
    Пол:
    Женски
    Збори ги и двата јазици дете дур е мало се учи. Моите двете и мк и тр перфект зборуваат зошто од мали им ги зборувам двата јазици. Кога одиме на гости кај мојте со ним без проблем си зборуваат мк а пак кај свекрва ми тр. И трет јазик да се зборуваше и него ке го совладаа како празни машинчиња се се збираат :)
     
    На Billy Idol, Ava.84, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Esterina

    Esterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво
    @Yowannty и ние сме во иста ситуација дома се зборуваат два јазика. Син ми е 34 месеци почна да зборува после 25 месеци пред тоа само мама, баба, Тата. Извршува команди на двата јазика. Претходно се бунеше мешаше по нешто ама сега гледам дека кога зборам јас на македонски знае дека е некој друг јазик. Инаку повеќе зборува грчки ако сака нешто да каже и ако го препрашам на македонски тогаш нешто ќе ми потфрли. Се случува многу често јас да го прашам на македонски а тој да одговори на грчки Педијатарот ми кажа дека штом разбира што зборувам добро е кога тогаш ќе ги совлада исто. Твоето е малечко уште нормално е да се нервира и да ти покажува до рака што сака и мојот беше така. Поздрав
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.981
    Пол:
    Женски
    @Esterina здраво :)
    Не знаев дека имаме уште една гркиња на форум. Убаво што пиша да споделиме искуства. :)
    Ме интересира дали сега прави разлика меѓу нашето НЕ и грчкото НЕ кое уствари значи Да?
    Читав дека до 3 односно до 4 години кај некои деца, веќе постои јасна граница кај јазиците, па ме интересира дали и во пракса е така.

    @koritsaki како стоите вие за сега?
    Дали прават разлика меѓу грчко баба и наше баба?

    Мене искрено со НЕ ми беше доста збунувачки, па сега користам НЕ за ДА во муабет, и со наши кога зборам, скроз неприметно го присвоив. (facepalm)
     
    На Ava.84 и Esterina им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    27.161
    Пол:
    Женски
    Сите јазици од старт. АМа најдобро е да го врзе јазикот со човек. Значи секој родител со детето збори на својот мајчин јазик. Така најбрзо ќе ги усвои јазиците. Потоа ќе го користи соодветниот јазик за комуникација со соодветниот родител. Цртаните може да го збунат, ама не мора да значи.
     
    На Billy Idol и Milkiway им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Маж ми секако хрватскиот не го знае епа добро ќе тераме така убаво би било да знае повеќе ми беше страц да не го збунам па ништо да не знае
    Фала на совети
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.671
    Пол:
    Женски

    Јованти , моево сега вика не не за кога нешто ќе ја прашаме, и сега сите се буниме не знаеме на кој јазик вика, ама излезе дека на македонски викала не :D кога и менуваме пелена дека сака да стане и не не остава и она се дере нееее неее со плачење и главата лево десно ја мрда :D со тек на време ќе го научи "не" и на двете јазици, на почеток или на едниот или на другиот ќе го вика само :D мислам три години имаше кога почна да ги кажува зборовите на двата јазика.
    А баба кога вика кога е мм во близина сите мислиме за него дека збори , а ја имам приметено кога ми го зима мобилниот вика пак баба , тогаш викаме дека баба и ја бара :D а кога сум јас тука ме гледа и покажува спрема него и вика тата. Не знаат уште членот да го ставаат на последното А од баба да испадне тато
    :Dсмешки :D
     
    На Ava.84, Yowannty и Chantal им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.981
    Пол:
    Женски
    Мојава уште ништо не вика. За се нешто кога сака или кога не сака вреска само, кенка..
    Ја па тато ич не ја учам. По некоја моја логика тоа, оти нема да и треба на македонски да го изговори за татко и, никој не ме подучил иначе. Може грешам.. Што знам...
    Кога ќе и рече маж ми кај е мама, одма се врти кај мене, и исто кога ја прашувам се врти кај него, ама не не вика сама. Вака имам чувство дека не разбира и двајцата, извршува команди, ама не се пушта. Разбира мое не и негово охи, ама мислам дека тоа е повеќе поради тонот на гласот. :?:
     
    На Ava.84, koritsaki и Chantal им се допаѓа ова.
  18. Esterina

    Esterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    НА почетокот се бунеше и почна да користи за НЕ ОХИ а за ДА само ДА. Сега знае да разграничи и ако некогаш му се обратам на грчки ме гледа чудно и вика да зборувам на мојот јазик Инаку повеќе зборува на грчки мојов најверојатно си влијае и околината. А за баба на македонски кажува баба таа со име. А за татко му бабас Многу се смешни
     
    На Ava.84 и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.671
    Пол:
    Женски

    Да за тоа имам помислено што мора па тата да знае да рече кога на него грчки ќе му зборува, на пример големата не ја ни учев тато да кажува ама после слушајќи ме мрне го научи и тој збор , дека баба е тато. А сега ми текна , големата ќерка дали дека и беше збунка за овој збор бабаа, не сакаше него така да го вика туку го викаше по име Никоо :D

    Ќе се пушти инаку не се грижи, си разбира , се врти накај тебе и сл нема потреба за грижа. Оддеднаш ќе почне да кажува повеќе зборови. Ти важно продолжи си да си збориш на твојот јазик , мт на негов , ќе знае подоцна да разликува на кој како да зборува.
    Денес баш една случка на камера мајка ми ми кажува на брат ми за работа што му ставила и спомна зденка, кога тргна моево накај фрижидерот и вика днкаа, днкаа да отвори да земе :D а ја некогаш и зборам и викам ме зеза ова неоти слуша ама се памтат слушаат :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    27.161
    Пол:
    Женски
    За да не биде збунета ти само македонски со неа зборувај, татко и само Грчки. Така најлесно ќе ја научи разликата меѓу двата јазици.
    А инаку кенка зашто сака да ви каже нешто, а сеуште не и кликнало како тоа да го каже. И треба време прво во главата да си ги разграничи јазиците па да се пушти да зборува.

    Еве и идеи како да и помогнете (ама на англиски е текстот): Multilingual & bilingual children: tips | Raising Children Network
     
    На Esterina и koritsaki им се допаѓа ова.