1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Девојка со пореметување (Girl Interrupted) [1999]

Дискусија во 'Филмови' започната од Vikica.cuci, 21 април 2012.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Драма која никој нема да го остави рамнодушен.Потресна приказна за младата Сузан(Њиона Рајдер) која е приморана од своите родители да престојува во ментална институција после нејзиниот обид за самоубиство.Таму таа се спријателува со многу девојки, но најмногу со Лиса(Анџелина Џоли) која е и најпроблематичната девојка од сите.Предобар филм кој има освоено Оскар за најдобра спротивна женска улога(Анџелина Џоли).Какви се вашите импресии од филмов, и дали го иамте гледано?
     

    Прикачени фајлови:

    На boomsleng и SimonLimon им се допаѓа ова.
  2. Salfetka

    Salfetka Нов член

    Се зачлени на:
    8 април 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Девојка со пореметување(Girl Interrupted)[1999]

    Незнам зошто сеуште нема никаков коментар за филмов?Едноставно прекрасен филм кој го изгледав во еден здив.Прекрасна приказна и прекрасна глума.Го препорачувам на сите што го немаат погледнато!!!
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Не го имам гледано, се мислам дали да го гледам. Сакам психолошки филмчиња, ама после некои знам да западнам и во депресија..Толку ли е тежок?
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Филмот е предобар. Тежок е за тежок ама е must-see, една промашена улога нема.
     
    На boomsleng и The.Complicated им се допаѓа ова.
  5. SimonLimon

    SimonLimon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Ауффф филмов ми остави предобар впечаток.Еден од најдобрите филмови кои сум ги гледал.Анџелина треба почесто да игра вакви улоги и лежат едноставно :) и незнам зошто никој не коментира за филмов на никој му нема оставено впечаток како на мене? :?:
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    го имам гледано некој 3,4 пати и би го гледала пак.Анџелика предоБро ја глуми Лиса ,а и добра тематика се обработува мислам дека многу девојки можат да се пронајдат во ликот на Сузан ,после престојот во килиниката и дешавките кои ке ги види и доживее ке научи многу по другачије да гледа на животот ...
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Сум го изгледала филмот и психологијата во него ми остави голем впечаток Двете актерки го донесоа филмот на вистински начин и го доловија неговото дејство.Прекрасен филм исполнет со премногу чувства кои ме натера да се замислам за животот и за тоа дека ние командуваме со него,а не тој со нас
     
    На boomsleng и Cataleya им се допаѓа ова.
  8. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Гледам многу филмови, па ретко кога некој филм ми остава некој посебен впечаток. Така и филмов ми изгледаше помалку интересен, ама ко го изгледав ми остави многу подобар впечаток од колку шо очекував. Прејак филм, еден од најдобрите шо сум ги гледала до сега. :clap:

    [​IMG]

    Препорачувам :up:
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  9. icona.pop

    icona.pop Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Еден од најдобрите филмови на Џоли. Предобра приказна.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Одличен филм,а Анџелина е ѕверка... :clap:
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Многу добар филм.
    Макар што јас го гледав во време кога бев психички на лошо место...
    И иако ме вознемири, сепак после гледањето на филмот поинаку гледав на животот.
    Всушност точно е дека од моментот кога ќе го доприш самото дно, единствениот пат е нагоре!
     

    Прикачени фајлови:

    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Не сум фан на филмов. Како копија на "Лет над кукавичјото гнездо", само смениле тема. Успешен, ама врз неоригинална основа во мои очи. Го оценив со 6.
     
    Последна измена: 14 април 2023
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  13. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    652
    Се согласувам со ставот на @Аргентина * дека можат да се забележат сличности со филмот Лет над кукавичкото гнездо на Милош Форман и тоа во делот на оригиналност на приказната, тука може да се стави некаква забелешка и тоа е тоа. Филмот е солиден во секој поглед, врв е актерската екипа, Анџелина е на свој терен - така добро "плива", "вози во улогата", како улогата да е за нејзе скроена, измислена, создадена, многу лесно и едноставно се претопува во ликот кој го игра. Тоа е тој период на нејзините почетоци во филмската индустрија, тој бунтовнички карактер, таа бунтовничка природа која ја поседува ја вметнува, ја пренесува во ликот кој го глуми, на моменти се добива впечаток како воопшто да не глуми како таа да се поистоветува со ликот кој го игра. Има неверојатен талент за глума, наследство од нејзиниот татко Џон Војт. Заслужен оскар една од нејзините најдобри улоги, заедно со улогата во филмот Changeling (2008) на режисерот Клинт Иствуд.
     
    На elimkd и Аргентина * им се допаѓа ова.
  14. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Филмот е сниман по истоимената биографија на Сузана , не е фикција така да не се споредуваат двата филма меѓу себе , уште помалку дека е копија на Лет на кукавичјото гнездо.
    https://www.goodreads.com/en/book/show/68783
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Сe разбира дека не се споредуваат, One Flew Over the Cuckoo's Nest e во тесна трка за најдобар филм на сите времиња. Eден од моите омилени.

    Самата потенцирав дека темата во двата филма е различна, приказните имаат поинакво значење. Амбиентот ми бодеше очи, копи-пејст и не сум единствената која тоа го забележа.
    Сум гледала повеќе филмови со сцени во психијатриска установа, па ниту еден од нив не ми личи на ofotcn. Само овој.
    Не ми прирасна зa срце, што да правам.
     
    Последна измена: 15 април 2023
    На black-angel и boomsleng им се допаѓа ова.