Дали некој има поскоро искуство со Дерма Нова и каква е докторката? Колку чини прегледот? Собирам повеќе искуства, се работи за дечко ми што има акни и никако да се исчистат па ми треба некој што нема да биде само зинат за пари туку вистина ќе помогне со проблемот. Ги разгледуваме Ивана Панговска од Промедика и Дерма Нова, за нив највеќе препораки имам.
Јас планирам да одам во Дерма нова почеток на август исто за пигментација, ако одиш пред мене те молам пиши како си поминала.
Лично не сум била во Дерма Нова, другарка беше за преглед на бенки, рече дека докторката била фина и убаво објаснувала. Но тоа е друга проблематика. Јас имав проблем со акни пред неколку години, за време на пубертет воопшто немав, и ми се појавија adult acne на 25-6 години. Тогаш бев кај повеќе дерматолози, меѓу кои и кај д-р Старова (многу познат во тоа време), но никој не ми помогна, ниту ми посвети доволно внимание. Акните конечно ги излечив кај д-р Камберова, која е воедно и мојата препорака. Докторката е малку олдскул, но си ја знае работата, фина е и ќе те сослуша. Се сеќавам дека тогаш многу ми помогна козметиката на Biotrade, а правев и третмани на лице кај неа. Сега лицето ми е кристал, како никогаш да сум немала акни, а имав баш суви и болни акни на образите. На цените не се сеќавам, ова беше пред 6-7 години, сигурно се сменети, но не беше прескапо. Мора да отидете и да пробате на повеќе места за да најдете решение, акни тешко се лекуваат, треба многу трпение и упорност. Со лесно
Здраво, во темава видов дека пред неколку години сте пишувале за spironolactone, па ве замолувам некој што ги има пиено да ми пише
Здраво Би сакала препорака за добар дерматолог во Скопје кој има искуство со долготрајни акни. Mоментално сум во 20-тите и се борам со акни уште од 12–13 години. Не се тешки (немам големи поткожни акни и не ми оставаат лузни), но постојано ми се појавуваат,претпоставка поради хормонски фактор. Би ми значело ако споделите лично искуство – кој дерматолог навистина ви помогнал со ваков тип акни и кој е внимателен со дијагнозата и терапијата. Ви благодарам многу
Пиши слободно, ги пијам неколку месеци, ако ти е за акни. Гледам доста разлика, акните се многу смирени и немам активни веќе. До сега највеќе ми имаат помогнато од се друго што сум пиела, а акни имам цел живот. Роакутан исто ми предложија но одбив. Само да знаеш дека може циклусот да го пореметат, тоа секако ми го кажа др. Јас почнав почесто да добивам, а и моја другарка исто. Први резултати видов оторилика после 2 месеци, така да ако почнеш не се откажувај одма. И исто за време на бременост не смее да се пијат.
Здраво. Има ли некој да сподели искуство со др. Старова? Имам 19 години и пред две години имав страшни акни по лицето. Сега главно имам лузни од тие акни, но сепак нови акни ми се појавуваат. Лицето ми е многу подобро за разлика од пред две години, но не сакам веќе лузни ниту пак нови акни. Ве молам некој да сподели искуство зашто би сакала да го посетам. <3
Дали има ажурен дерматолог на државна што всушност ќе те прегледа и ќе ти посвети малку повеќе внимание, да не е од на нога "прегледот"? (акни е проблемот) Едит: Ако немс таков на државна, препорачајте било кој и ако знаете цени за преглед
Пробај кај дерматолог Зорица Милошевска во поликлиниката Букурешт. Скоро бев, искрено доста добро ме прегледа (не бев конкретно за акни, ако сакаш ќе ти пишам лична порака).