Деца на сонцето

Discussion in 'Филмови' started by Lovely93, Oct 3, 2014.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2013
    Messages:
    2,637
    Likes Received:
    2,021
    Gender:
    Female
    Мислам дека ваква тема нема сеуште, сега излезе филмов... Бев вчера го гледав, воопшто не ми се допадна. Никаква тематика, тажен и бесмислен крај... Ништо поучно не видов во него, што е најважно. Изгубено и време и пари. Но добро, барем погледнав што направиле нашиве пак. :D Убаво е да се погледне дека е наш, искуство плус е, но ако некој се двоуми, јас да си кажам дека не го препорачувам и дека толку не ми остави впечаток што денес да ме прашаш што беше темата нема да знам да ти одговорам. Ако има ваква тема се извинувам... :)
     
    SparkyAngel likes this.
  2. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Joined:
    Oct 25, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    1,298
    Gender:
    Female
    И јас бев во кино и го гледав, филмот или не е добар и нема никаква тематика или јас неможев да го разберам во целост... :?: :?: :?: Не си единствената :|
     
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    1,758
    Likes Received:
    3,685
    Gender:
    Female
    Баш сакам да го гледам затоа што е снимен на моја територија :) , местото кое го сметам за свое прибежиште па затоа сакам да видам како е претставено. Насловот на филмов ми звучи ептен примамлив и во најскоро време планирам да го гледам макар и залудно потрошени пари 8)
     
  4. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    1,040
    Likes Received:
    2,274
    Gender:
    Female
    Кога на пресот пред премерата на „Браќа Манаки“ го прашавме Митриќески која е пораката на филмот, се сеќавам дека рече: „Насловот на филмот ја кажува самата порака.“ Несебично да даваме љубов, како сонцето што дава светлина не барајќи ништо за возврат. Да бидеме луѓе.
    Филмот иако навидум едноставен, обработува комплексна социјална тема. Ова не е најдобриот филм на Антонио (за мене тоа секогаш ќе биде „Преку езерото“ со Ристановски), ама е најтоплиот. Ја обожавам сцената во изгорениот хотел Европа, во Отешево; мислам дека после ова уште повеќе ја засакав Преспа. Ми се допадна и изборот на актери, за браќата Јовановски и Милица е излишно да се зборува. Ивана ја знаев од студентските филмови на ФДУ, откако го изгледав филмот ми прирасна за срце. Чеврески е едноставно создаден за вакви улоги. Малку ми ја утнаа со Кире, во живо е премногу харизматичен и лепотан, ама некако не ми е за на платно.
    Едвај се воздржував пред сите гости, да го гледав дома веројатно ќе завршев со неколку паломи покрај мене. Има душа. Тоа е тоа што напишав дека ми недоставува кај „До Балчак“.
     
  5. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Joined:
    Apr 20, 2013
    Messages:
    766
    Likes Received:
    6,115
    Gender:
    Female
    Само што го гледав филмот има некое реемитување во милениум и ми се допадна добри се актерите. Гласот на Мето Јовановски разбуди некоја носталгија во мене. Скоро во секој македонски филм се обидувам да го најдам убавото.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    5,356
    Likes Received:
    10,527
    Gender:
    Female
    Јас го гледав Деца на сонцето и не беше лош како што го критикуваа, сижето е баш типично филмско и ако се изземат некои детали, приказната не е ништо полоша од просечна современа американска драма. Мое мислење е дека доби толку негативни реакции веројатно поради претенциозниот наслов, туку-речи, партиски мотивирани негодувања.

    Преку езерото од истиов режисер пак, е крајно тмурен филм со наводно врвна кинематографија (мене не ме воодушевија неколку ретро кадри од Охрид и Албанија).