1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.317
    Не верувам дека има родител кој нема дилеми во врска со воспитување на своето дете, па оваа тема може да послужи за размена на искуства и совети. Со совети и прашања може да придонесат и оние кои не се родители но имаат браќа, сестри, внуци, студираат факултет на кој ова е опфатено, или едноставно ги интересира воспитувањето на децата.

    Мене деновиве ме мачи една таква дилема (ме мачат повеќе, ама ќе почнам од оваа што ми се јави последна). Не знам дали да ја воспитувам ќерка ми кога некој ќе направи нешто лошо - дали да ми каже мене, на учителките, кој и да е, или ако не е нешто што неа ја засега, да не се меша.

    Од една страна, не сакам да ја доживуваат како тужибаба. Сега има 7 години и уште нема последици, ама за некое време може да биде отфрлена од друштвото. Од друга страна, преку глава ми е од немешање, особено од последиците кои ги носи. Така се стимулира неодговорност, а од неодговорност државава ни е отидена по ѓаволите, и верувам дека само со одговорност може да се оправиме. Веројатно ми влијае и тоа што често сум со странци, или наши кои живееле во странство, и кај нив нема преќутување - кој направил глупост треба да сноси одговорност.

    И на ќерка ми не и е лесно, милион пати сум и дала различни сигнали. Од една страна, супер е што ми кажува за бељите на брат и, затоа што нон-стоп прави нешто, а ако не ми каже таа - нема како да дознаам. Од друга страна некогаш кога ќе почне да ми кажува ми е криво што ја стимулирам да биде тужибаба, и ја сечам во сред муабет, и кажувам да не се меша.

    А до некаде и јас сум крива, кога беа помали арав да ми кажува се што прави малиот, да внимава на него, и веројатно така почна се. И во училиште кажувала на учителките кога некој се тепа. И кога ќе ми текне колку ги презирав тужибабите кога бев дете, многу ми е мака.
     
  2. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Не сум родител, но мислам дека можам да кажам мислење, во однос на тоа како мене ме воспитувале.

    Најдобро е детето да се учи се да кажува на родителот, во родителот да гледа човек во кој ќе има најголема доверба. Така ќе кажува и кога нешто ја мачи, кога е во неволја и кога друг е во неволја.

    Мислам дека не треба да кажува на учителката или на другарките, така ќе испадне тужибаба, ама затоа ако се ти кажува тебе Ариел, тогаш ти ќе одлучиш дали тоа е нешто сериозно или не. Потоа ќе можеш да зборуваш со учителката или родителот доколку се работи за нешто што мора да се каже. Така нема да биде одфрлана од друштво, а ти ќе бидеш со некаде спокојна дека знаеш што ти прави детето и што му се случува.

    Во однос за издавање меѓу браќа и сестри, секогаш го има кога се помали, но понатака ќе соработуваат и ќе се кријат еден со друг :) И доколку се воспитани да му веруваат на родителот повеќе од сите, ќе кажат ако се работи за нешто што може да наштети на некој од нив.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    се надевам дека овде може да пишуваат и оние кои немаат деца но се дел од вопитувањето на своите внуци или други деца кои им се блиски.

    испирирана од темата за форсирањето на децата решив да прашам овде. внук ми има 5 години и догодина ќе оди во школо. иако не се гледаме многу често сепај поминуваме многу време заедно и забележувам дека јас имам големо влијание кај него и сакам да го научам на убави работи.

    е сега незнам дали е во ред но тој сеуште незнае да пишува освен неговото име и неколку букви. кога брои прескокнува цифри итн, родителите го воспитуваат на свој начин кој јас го почитувам но сметам дека не му обрнуваат доволно внимание на детето и не го учат многу, нема кој да му покаже.

    дали е време да почне сериозно да учи и да брои или има сеуште време? не сакам да го форсирам малиот мене ми е одвртна идејата 5 годишно дете да го носам на англиски или слично сметам дека треба да учи но најмногу да ужива во детството, време за учење има... од наредната година па натаму ќе учи секој ден. мене ме форсирале на 4 години да знам да пишувам потоа никој не седнал со мене да учи јас цел живот сама учев и сама си бирав што ќе учам па фала богу далеку поуспешна сум од моите родители. што мислите вие како да постапам?
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.317
    Го променив малку воведот бидејќи делуваше како темава да е наменета само за родители, верувам дека сега е ок.

    Јас не сум за учење на децата било што пред време, што после ќе го учат во училиште. Има кога да научат да пишуваат. За броењето - не знам на која возраст би требало детето да знае да брои, и зависи кои се тие што ги прскокнува, дали од 1 до 10, или поголемите броеви. Малиот мој брои до 10, а после ги меша, исто така има 5 години, ама мислам дека е ок за неговата возраст. И ова го има сам научено, т.е. од сестра му.

    Не сум за форсирање, но не мислам дека треба да се запостават децата и ништо да не се учат. Јас на пример на малиот му читам приказни и го потпрашувам после, има едни многу убави книги со логички прашања (книга на тестови мислам дека се вика), па тие што се за подготовка за пишување, или едноставно се трудам да го мотивирам да нацрта нешто. Макар и да не го прави како што треба, убаво е да има навика да отвори книга, или да земе лист и да нацрта нешто. Следната година ќе оди во целодневна, ако нема навика ништо да прави - ќе му биде тешко и може негативно да му се одрази на љубовта кон училиштето која нели е многу важна :D .

    Можеби и повеќе обрнувам внимание со него на вакви работи бидејќи според мене премногу е пасивен, додека за сестра му на негова возраст немаше потреба да планирам и да купувам нешто посебно, книги или што и да е, таа сама си наоѓаше занимација цело време.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Се сложувам и не само пред време туку има посебен начин на кој ги учат бројките и буквите да ги пишуваат. Пазат на ракопис т.е краснопис :) . И ден денес ми текнува како учителката ме учеше да се пишува буквата ,,М,, од доле па нагоре, косите линии и надолу права (разбирате :) ), додека ден денес ја пишувам права црта надолу и остатокот - не е битно...
    Пред пишување на букви и бројки прво вежбаат пишување на прави и криви, спојување на точки и сл.
    Како и да е работата е да научат како треба а не са знаат ради реда дека знаат - тоа воопшто не е правило на некоја си напредност на детето.
    А и кога одат на тестирање за во предшколска тестовите се сведени на логика а не на пишување на бројки и букви.
    Имам случаеви кога детето од компјутер начи да пишува латиница (која сега се учи ако не се лажам во второ-трето одд) или пак пишување на буквите одопаку т.е огледално додека братчето или сестричето пишува домашно и едноставно да се смири помалото дете му се дава лист и молив за да пишува како бато или дада :$
    Не сум за преголемо форсирање на детето.
    Обично гледам што работат во градинка па тоа некогаш го занимавам по дома - спојување на точки за да добие некоја слика, боење со дрвени и водени боички, овошје зеленчук...иако и во тоа не сакам да го малтретирам многу затоа што таму 2-3 сата троши на тие задачи и уште јас да го седнам дома (само ако сам изрази желба или му е интересно).
    Често претеруваме и со играчките, земаме нешто што не е соодветно за нивна возраст. Баш сега (има 4 год.) гледам, сам вози кола на даљински управувач, менува батерии...а кога ги добиваше на 2 год возраст ги возев јас а тој ги кршеше :)
    Ес да децата се денес многу напредни затоа што ние самите ги така правиме. Уште од мали нозе ги исфорсираме со све и свашта, тие го изживеат сето тоа, заситат се и после не им е интересно ништо или пак неможеш да му скренеш пажња т.е задржиш концентрација на нешто.
     
    На sweet25 и joelle им се допаѓа ова.
  6. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Ако детето се интересира повеќе има многу такви боенки и играчки, логи игри итн. со кои полесно ке ги запознае бројките, буквите, но и јас се согласувам со Ariel дека не е потребно тоа за кое ќе иде во училиште да го учи многу порано, тоа форсирање не помага понатаму. Јас на пр. ќерка ми до три години многу слабо ги знаеше бројките 1-10, а слушав други врсници нејзини како ги совладале, но не сакав со сила да ја оптоварувам..Кога наполни три сама изрази желба и низ игра и со боенки ги научи, Кога наполни 4 почнав за секое паметно дело што ке го стори во денот да ја наградувам со по една лепенка ( мотивација доби за да слуша :lol: )и постојано ги броеше со мене радосна и така се научи и над триесет да брои, но тоа ништо не значи туку ете детето му било интересно , а малиот има две години и он покрај неа, слушајки ја ме изненади кога го слушнав пред некој месец како брои до десет сам( второто дете обично само си се учи :lol: помалце време сум имала :tmi: ) а за букви ќерка ми иако е скоро пет, ги пишува некогаш точно , некогаш греши. А многу ми се смешни родители кои нешто со сила го учат детето пред време , па го тераат да кажува пред други за да се пофалат :^)...
    :!: Не за џабе од поголема возраст се оди на училиште, а дали една година пред другите ќе чита и брои ништо нема да му значи во животот...
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.317
    Како што пишав погоре, имам повеќе дилеми околу воспитувањето на децата :D

    Син ми има пет години, и уште од пред околу две години многу сака да игра на музика. По цел ден игра на песни од златно славејче, сите кореографии од сите песни од 2004-та навака ги знае на памет. И има осет, талент е, се гледа одма, се двои по движењата од други деца.

    Колку и да сум се борела против стереотипи и застарени сфаќања, морам да признаам дека имам сама со себе проблем. А муж ми има уште поголем проблем :D
    Просто и едноставно не сакам детето да игра на песнички. Кога ќе го видам ми текнува на балетани, танчери од оние по спотови, главно женствени типови кои отсекогаш ми биле антипатични. Можеби и да игра нема да стане таков, ама не сакам да оставам било каква можност. Од друга страна ми смета тоа што го ограничувам, верувам дека секој треба да си ги негува талентите.
    Јас и не сум страшна, сопругот мој е многу поконзервативен, па не сака да слушне за играње - никаква варијација на тема не доаѓа во обзир, па дури ни „Тешкото“ :D

    Веројатно ќе ми беше многу полесно да ги прифатев стереотипите такви какви што се - ама од мали ги учам дека нема „машки“ и „женски“ играчки, бои, работи, ама во случај на танцување ми се пали некоја сијаличка :D
     
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    ^^^Мое мото е, а така планирам и да ги воспитувам децата е дека не е важно што ке работи човек, важно е да ја сака работата и да е најдобар во неа, да даде 100% од себе. Некој треба да менаџира, некој да лечи, некој да чисти оџаци, некој да ги шиша луѓето, некој да го забавува народот. Наша должност е да ги препознаеме талентите на нашето дете и да му ги покажеме насоките во животот, а тоа самото да избере. Подобро да биде познат балетан и срекен отколку несрекен директор на банка.

    сијаличка, газето да му го ручате :D
     
    На kankus, LivingGlam и Ariel им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.317
    ^ А бе и јас теоретски така сум размислувала отсекогаш, ама сега на пракса паднав :D

    Се фаќам како се трудам да го оттргнам од тоа, ама суптилно.

    Порано мислев дека сум отворена да прифатам се, дури и да се во хомосексуална врска, а паднав на едно обично танцување :D

    Здравје, ќе видиме што ќе излезе.
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Иако моето е малечко, сепак се работи за неговото воспитување, па се решив да побарам совет од вас.
    Секоја вечер се успиваме по 2 саати минимум. Преку ден лесно заспива, навечер два саати го клацкам, лулам, му пеам. Он заспива, ама штом пробам да го оставам одма вааааааа, вреснува. И после оди смирувај го. :devil:
    Сум пробала и покасно да го легнувам исто е. Инаку со се е погоден пред спиење-најаден е, чиста пелена, не е жеден.
    Плус спие со мене, се буди по сто пати да смукне малку цице и да си заспие пак. Е сега не знам дали да го оставам во креветчето да си плаче, дали така ќе се научи на ред, дека треба штом ќе го оставам во креветчето таму да спие, а не по мене да кенка.

    Веќе губам трпение со него, ненаспана сум :yawn: и премногу часови губам само да го заспијам.
    Совет?
     
  11. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Ариел остајте го детето нека си игра,немој само да му забранувате,ќе му остави трајни психички последици,штом има талент,слух,ритам може само придобивки да има,да нема од вас чувство дека лоша работа прави кога игра.а тоа за стереотипите сите порано или подоцна ќе се соочиме со тоа,и јас сега си викам што да избере ќе го подржувам,а којзнае како ќе биде.
    Блонд може не му се спие на бебуш?Убаво е што спие со тебе,и моево неколку недели спиеше со мене кога беше два месеца,исто така се будеше често,од сон ни с немав.сега (4 месеци) спие во негово креветче од 9 до сабајле и двајцата сме наспани.кога го легнуваш на кревет,немој одма со грбот да го легнуваш,туку прво на едната страна,да осети допир со душекот,па полека главата и другата страна,ова кај нас многу помага.пробај некој посебен ритуал да му напавиш,една иста песничка пред спиење,или бањање навечер,бебешка масажа многу помага,не е нешто важна техниката,туку допирот и галењето.а ја не го оставав моево да плаче повеќе од 5 минути,греота е.кога го научив во креветче да спие го легнував,он кенкаше,па ќе го погалам и ќе излезам од собата,пак кенка,па чекав минута-две,пак влези погали го,музика за спиење има секогаш од една играчка и ќе си заспие.Ако ми текне уште нешто ќе пишам,со среќа со обидите!
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Јас не сум мајка, ама од гледање наваму-натаму знам дека ако ги оставите да плачат ќе се научат сами да заспиваат. Ќе плаче првата вечер 20минути, следната помалку и се така. Е сега сигурно не е лесно да се слуша како плаче :|
     
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    И јас го имав истиот проблем со синчето , и спиеше со мене и пак се будеше. Ако го заспиваш во раце или со релаксатор , па се буди кога ќе го ставиш во креветче пробај откако ќе заспие уште 10-15 минути не го преместувај, дур да заспие во поцврст сон , и потоа кога ќе го легнеш он нели може малце да се сврти и со образ ( лице, )да допре на јастукот, и ако го осети малце свеж како што обично е , тоа го расонува, па ти само што ќе го легнеш и го гледаш дека ќе допре со лицето на јастук стави ја таму твојата рака, ќе се опушти и ќе осетиш кога можеш да ја тргнеш . Мене лично ова ми помогна . А ако се буди за да цица, тука му нема смирување, сака на тој начин да се осигура дека си до него.
    А не сум за тоа да се остави да плаче кога не заспива....
    Тоа воспитување ( да не биде разгалено ) се однесува според мене на нешто друго. пр. кога бара нешто што не е за него или претерал во нешто, па кога ќе добие одговор (-не) почнува да вришти посилно и посилно. Е тука ме зезаат понекогаш моите бидејки по некое време ќе попуштат ( ај да не вришти детето) па потоа друг пат е уште поупорен во вриштењето, а јас најладнокрвно го погледнувам, го игнорирам и кога ќе се потсмири му објаснувам ....)
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    И кај мене навечер тешко заспиваше еден период, но видов дека е така бидејќи јас сакам таа да спие кога мене ми одговара а не кога на неа и се спие...менуваат тие, ако до вчера пример се успивала во 9 сега може да се смени па да се успива покасно а денски повеќе да спие...Па ја оставав да се измори добро, се дури не ја видам дека очите и паѓаат, и тогаш само малку ќе ја занишав и готово, успана беше...Е сега некогаш не фаќаше и полноќ ама тоа е, дури беше помала-бебе не ставав ред, како неа и одговара-така :)
    А за легнување на кревет-поооолека како на јајца да газев, со раката на лице во случај да се разбуди па да осети дека сум тука и се дури не видам дека се успала длабоко не се тргав од неа...Напорно е знам, но период е, ќе смени...
    Едит-читав за методи да се остава бебето да поплачува само во соба дури и по 15-20 мин. но јас не можев така, ако мислиш дека можеш-пробај...
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Ќе се вмешам секаде по малку, навистина ме бива со деца, отсекогаш сум била со дечиња околу мене. :$

    1) Околу `прекажувањето`. Детето треба да ја пренесува вистината, само доколку и самото е засегнато во неа, а не како дејство кое се одвивало меѓу други. Пример. Ако некој на девојчето го удри, навреди, нападни со зборови, тогаш е должно да се одбрани и пред авторитетот (мајка, учителка) да ја изнесе вистината. ;)

    2) Околу играњето. Кажете како би било ако гледаме само женски играчи?? :tmi:
    Не постојат машки или женски работи. Ние ја правиме таа поделба, и тоа непотребно. Ако те бива за нешто-те бива! Ако има детето ритам и ужива да игра на музика, зошто да не?
    Најшетани луѓе се музичарите. Без разлика дали е диџеј, тапанар, пеач или играч....
    Јас имам другари кои се со факултет, одат на работа во костуми и вратоврски, ама паралелно се прави денсери и баш се обожавани, никој не ги девалвирал поради тоа. :x

    3) Ако детето е многу понапредно зошто порано да не ја научи азбуката или бројките, ако има желба и е заинтересирано? Ако има желба да црта, пишува, нека го прави тоа. Да не му се прави предвреме со сила, ама ако има интерес, зошто да не?
    Баш тие дечиња кои понапред научиле, многу полесно се вклопуваат во учењето и честопати се тие со највисок просек на училиште. :)

    4) Блонд, детето плаче поради тебе. Ти си му ги дала сите услови за убав сон, ама нему ти му требаш. Покрај мајката се чувствува заштитено, сигурно. Се плаши да не биде оставено само в соба. Сака да те осети тебе, твојот мирис, коса, допи, што и да е....
    Греота е да го оставиш детето да плаче, плаче, да се угуши од плачење, па само да заспие.
    Кој сака така да заспие? Сепак, почекај уште некоја минута, да се увериш дека поцврсто заспало, па кога се тргаш прави го тоа многу тивко... :)
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ви благодарам на одговорите, но кај нас проблемот не е оставањето во креветче.Проблемот е спиење во креветче. Еве по пола час заспивање, конечно заспа. И сега е во креветчето. До кога?Додека да осети дека јас не сум покрај него. И така ќе осети дека ме нема и потоа цела ноќ се буди на 5мин, на пола час, кога како, за да провери дали сум до него. Брееееј што мајкар е син ми...мамино синче уште сега :lol:

    И еве додека го завршив постот, тој се разбуди :@
    ]:) :rofl:
     
  17. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    blond ќе ти кажам нешто од лично искуство сето тоа зависи од тоа ти како ќе го научиш дететоа и од тоа какво е детето ако синчето твое е по природа плачливо тоа ти е неможеш поинаку али ако не е тогаш ти си му створила таков ред. Kога се породив со мм и со син ми правец кај мајка ми(ми требаше помош не др) и мојата баба од милост и радост не го испушташе од раци немаше теоретски шанси она да е во соба а син ми да лежи или друг да го држии сега кога и да ја види цело прета и со раце и со нозе дури и со газето се поткрева за да го крене ако во случај не му обрне внимание плаче вришти мислиш којзнае што му ее сеа покрај тоа истото беше и со успувањето го научија и го нишкаа а коа ќе дојдеше време ја да го успијам истото го правеше со мене ако го оставам вришти го оставив една вечер поплака малку и се помири дека нема да го земам и да го нишам го оставив во креветчето и му ги обесив тоа играчките од релаксаторот да си игра и фино лепо си седнав на страна да не ме гледа така беше неколку вечери и еве го уште така заспива али коа ќе ги види бабите тоа е др приказна пробај да го оставаш малку така нека поплаче ништо не му е ептен ако вишти тогаш крениго инаку гледај да го оставаш повеке само
     
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас го имав истито проблем,лани баш кога наполни една година и купивме креветче,а пред тоа спиеше со нас(голема грешка направивме што така ја научивме) и јас се запнав абе 2 недели се мачев и никако не заспиваше,и ако задрмеше за пола сат се будеше и како врескаше :devil:
    Jа оставив да спие со нас,веке немав сила и преку глава ми беше,и сега има 1 месец се научи сама да спие ^_^
    Kога ке заспиеше со нас ја преместував веднаш креветче,и ке се разбудеше околку 4 и ја земав со нас пак,и полека полека кога ке ја видев дека и се спие,ке ја ставев креветче,шише млеко и ке заминев,сеуште станува околку 5 и ми вика Eла,ела доди и ја земам,ама ми рекоа дека сите деца така прават,важно спие и нема страв повеке од креветчето
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Често гледам како родителите го учат на детето: удри го на чичо, удри го на вујче, удри ја на тета....
    Во игра, кога се задеваат, и онака: ајде удри го....

    Го правите истото? Мене ми пречи кога гледам, затоа што се учи детето на насилство од мали нозе, а второ, еднаш навистина ме акна со кондурчето едно детенце, синица имав цела недела и ме болеше. Сепак не е на игра! :^)
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Не го учам, мајке ми АМАААА...
    Имаше еден период кога го земав од градинка беше лут и го прашував ,,што ти е,, и тој еднаш Дуле го треснал, друг пат Петар го лупнал, трет пат Петре го искубал и му велам ,,а ти што им направи?,, ,, па ништо јас се играв и ми ја зедоа играчката или тие сакаат да трчаме јас сакав да бојам,, и сл некои изговори. Ја прашувам учителката утредента ,,што како малиот,, и таа ,,мирен е, не се задева,,. ОК си мислам.
    Одам дома и му очитувам лекција, ако некој те задева или кажи на учителката или врати му, не молчи. Со тек на време се научивме :) да не се задева прв али ако некој го дира без потреба ќе му врати (гледам како се однесува по дома и на родендени).
    Никогаш не сум му дозволила да удри некој по дома, мене, татко му, баба му...
    Поголемо насилство учат од цртаните филмови и тоа од оние евтини и глупави кои ги даваат на ТВ. Не му пуштам такви цртани - Гормити, Бакуган, Ајрон мен и што ти уште не. Го гледам колку впива од нив, еве на пр. секогаш кога гледа Том и Џери ми бара сиренце да јаде :D (незнае колку кашкавал може да изеде и за тоа се расправаме понекогаш)
    А тоа во игра ,,ајде удри го,, како што пишуваш не е ок според мене. Родителите понекогаш од бес незнаат како да се однесуваат и се сведуваат на помало ниво од нивните деца
     
    На Nine25 и girl.23 им се допаѓа ова.