Добри личности

Discussion in 'Кафе-муабети' started by Црна Ружа, Sep 19, 2017.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Male
    Веста за скорешната смрт на Станислав Петров, ликот кој спречил трета светска во 1983 а кој староста ја дочекал крајно сиромав, осамен, анонимен и заборавен - ме инспирира да ја отворам темава со надеж дека ќе се развие дискусија и за добри особи, оние кои имаат направени добри дела без разлика дали се левел Александер Флеминг (пеницилин), Оскар Шиндлер или рандом тип или типка од Прилеп, Драчево или Зајас кои направиле нешто добро на локален план.
    Имав потегнато слична тема некогаш на друго место но таа помина незабележано.

    Гледам има теми за славни и познати особи, јавни и не толку јавни фаци од медиумите, филм, спорт, музика, криминал, социјални мрежи, мода, политика :puke: и што све не...но време е и за тема од светот на алтруизмот, за оние невидливите, медиумски непостоечките, заборавените, можеби оние на работ на меморијата.

    Преку онаквото веќе со глорифицирање на психопати и социопати, политичари и остали отпад па и фудбалери (попуписмени џукели милионери како Нејмар и Руни пример кои би добиле мигрена ако состават една реченица) или нарцизоидни гомца како глумци и глумици од Холивуд.

    Како многу емпатична особа си викам дека е добро да се дознае за добри дела и за ствари кои го промениле животот на многу луѓе на подобро, го подобриле квалитетот на живот, донеле нови перцепции.

    Ќе започнам со три особи, прво, пред извесно време некаде по нет имаше вест за некаков старец од Софија со име Добри Добрев (appropriate name :)) кој бил питач, наполнил 100 години а парите кои ги собирал со питање служеле за да помага раја, сираци, лица на работ и слично...

    http://www.9jabook.com/forum/topics...-beggar-single-handedly-raises-40-000-euros-i

    Ова е од 2013 што значи денес има 102 години.:party:

    Од историските особи морам да го споменам Џон Харингтон, англиски писател и иноватор кој во 1596 го измислил модерниот тоалет а.к.а шоља поврзана со казанче и пуштање вода за одведување на фекалиите :devil:
    На тој начин Џон спасил милиони животи до ден денес бидејќи мешањето на фекалиите со водата за пиење и готвење била една од најголемите причини за смрт во минатото, колерата и останатите болештини коселе наголемо.

    Наместо секое одење во ВЦ да претставува траума, зимно време во полски ќенеф на -25 и извршување нужда во дупка, летно време муви касаат за гениталии бљак...денес имаме удобно и хигиенско одење на тоа место.
    Во секој случај, Џон Харингтон е поважен отколку сите политичари низ историјата а никој не чул за него иако со неговиот изум се користиме сите секојдневно :inlove:

    https://www.thevintagenews.com/2016...nvented-the-flush-toilet-in-the-16th-century/

    Трет е наведениот Станислав Петров кој ја прозрел грешката на советскиот систем за брза реакција при напад со нуклеарни боеви глави во 1983 и не дозволил гличот да прерасне во глобален нуклеарен холокауст, или во превод, немаше денес да постоиме :x

    Повелете, добри особи од вашето најблиско опркужување или добри дела од понорите на историјата, бујрум.:)
     
    elimkd likes this.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Male
    :worried:Кутра тема си остана сираче, ниту еден пост, Нема интерес за особи кои праат добрини било кај нас, било по светов, интересот останува монополизиран од политичари, манијаци, психопати, фудбалери и старлети...

    Пред два дена во Малта била убиена извесна блогерка Дафне Галициа која што била една од оние кои на светот ги донеле Panama papers, милиони ликнати документи за оф-шор ситуацијата во светот односно за местата каде што завршуваат нашите пари.

    Оф шор фирмите се регистрирани во земји т.н. даночни раеви со специфични закони каде што не поставуваат прашања за потекло на имот и не даваат инфо на даночни ограни од други земји.
    Во некои такви како Белиз, Кајмански острови и Кипар завршуваат и парите од овдешните врби од 250.000, спајалици од 99 евра евра и оградички од 2 милиони евра отуѓени од страна на разни накази како пастирот и неговото друштво.
    И не само тоа, не само политичари кои на буџетски пари гледаат како на свои него наркодилери, трговија со деца, органи, оружје, секакви кримингоени активности - на сите нив им треба оф-шор фирма.

    Оваа блогерката чепнала каде што не треба и под нејзиното Пежо била поставена бомба која што ја подигнала колата заедно со блогерката во неа при старт и ја спуштила 20м настрана.
    Професионален хит без сомнение.

    Во секој случај типката е прав, вистински, реален херој и можеби нејзниното име нема да се заборави како она на Станислав Петров (кој го спаси светот) или барем ќе се памети 10% од она на рандом старлета и певачица или треторазреден играч на рандом клуб.:worried:

    https://www.theguardian.com/world/2017/oct/16/malta-car-bomb-kills-panama-papers-journalist
     
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    5,025
    Likes Received:
    26,376
    Gender:
    Female
    Сум слушнала за Харингтон и Петров , и навистина е убаво она што го направиле за човештвото своевремено .
     
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Male
    Не е само убаво туку е судбоносно, решавачко, дефинирачко :)
     
    CrazyGirl15 likes this.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,367
    Likes Received:
    2,951
    Gender:
    Female
    Добрите личности го држат светот на своите плеќи. Постојат, о да, а воглавном остануваат анонимни, бидејќи често самите бираат да биде така.
    Сите оние кои работат хумани работи го имаат тоа искушение да менуваат човечки судбини. Кога се добри, истите остануваат во срцата на стотици, илјадници.
    Добар учител, добар лекар се памти засекогаш, без разлика да ли истиот станал славен или останал во своето село.
    Лично имам примери за добри личности кои во одреден момент ме оплемениле со својата добрина, а јас сум им била само една во низот.

    Многу убави нешта можат да се изродат од обично пружање на рака. Треба секој од нас повремено да размислува за тоа, а најдобро секојдневно да се труди да го живее.

    Убава тема, не можев да одолеам, иако можеби ја промашив замислата како треба да изгледа.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    5,871
    Likes Received:
    11,391
    Gender:
    Female
    Можи споменатите во позитивен контекст имаат заслуги кои треба да се ценат, ама од кај знаеме колку всушност биле добри? Околностите ги предодредуваат твоите постапки и како другите луѓе ќе те доживуваат. Така што, поадекватно е во насловот да стои заслужни наместо "добри".
     
    eliesaab likes this.
  7. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Joined:
    Jun 28, 2021
    Messages:
    354
    Likes Received:
    1,657
    Херојот од Окинава според мене е една од личностите кои историјата треба да ги запомни како добри личности. Дезмонд Дос успеал без испукан куршум да се врати жив од војната и да спаси многу животи на неговите сонародници и на непријателската војска. Бил ранет неколку пати, но не се откажал и секогаш се враќал на бојното поле за да ги спаси војниците, дури и во моментите кога не бил воопшто заштитен и бил на директен удар на непријателскиот оган.

    Dezmond-Doss.jpg
     
    Црна Ружа and eliesaab like this.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Male
    4,5 години откако сум ја отворил темава и штурци.
    Очигладно добрите луѓе сеуште се крајно потценети, сметани за неснаодливи, смотани, неспособни, наивни, досадни...зошто е тоа така не успеав да дознаам досега а не сум баш најмлад.

    Е па шта речи, палете се на психопати, гледајте серии како Ханибал и Декстер, интересни се нели, троа канибализам, троа сериски убиства, троа крвишта, заклани, расчеречени, искасапени луѓе, особено млади симпатични девојки.

    Теми за серијаши, манијаци, лудаци, или нивни инкарнации на мали и големи екрани имаат по стотици страни и илјадници постови, а оваа......јадна и тужна, сираче thread :(
     
  9. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Joined:
    Jun 28, 2021
    Messages:
    354
    Likes Received:
    1,657
    Полскиот доктор Евгени Лазовски создавајќи лажна пандемија на тифус, успеал да спаси илјадници Евреи да не завршат во концентрационите логори. Покрај тоа на повеќе начини им помагал на Евреите, со што ризикувал да добие смртна казна за тоа од страна на нацистите.

    eugenelazowski.jpg
     
    eliesaab and Црна Ружа like this.