И давам по 60мл ад, одприлика на 3 саати и плус цица кога и давам ад а и во меѓувреме ако сетам дека сака да цица пак и давам. Мислам дека супер си напредува, утре имаме контрола во Ремедика. Педијатарот од таму ми рече секои 6ч давај по 60мл а јас на секои 3ч давам и се оптеретувам сега и со помислата шо ќе ми кажат, да не ми речат нешто, сигурно многу давам… ми се плаче ако ми верувате, згора на се и сопругот ми вика гледаш детето е немирно плаче, гладно е, го измачуваш само дај му дохрана дај му, а кога ќе слушнам “дај му дохрана” незнам зошто многу ме револтира (а тоа е скоро на секои 3ч) и на крај поддршка од никој… Фала ви на сите барем за поддршката овде
Најлошо е кога немаш поддршка од најблиски овој период,особено од сопругот. Јас еве со двете деца имам целосно различно искуство. Првото бебе бубалче, баш како од книга пропишано, до 10 месеци само лежеше, глас му немавме слушнато. Првите денови мајка ми доаѓаше, и јас цврсто убедена дека немам млеко, бутни му шише оно мало не знае, нема осет си го пиеше и после обилно повраќаше. Кога ми текна колку е часот, бебе цицаше до 2.5 год. Второво е друго, позахтевно, имаше и грчеви, првата недела може и месец ама буквално 24ч висеше на града. Кога сопругот ќе се прибереше од работа, јас исцрпена ќе му кажам нема млеко цел ден виси на града. И сопругот само ми кажуваша, вас тоа ви е работа, остави се друго дома и посвети се на бебето. И сум му бескрајно благодарна за целосната поддршка.
Нате од доење со љубов во еден лајв кажа дека нејзините обуки кои ги посетува најчесто се состојат од тоа како родители да воспостават лактација со посвоени дечиња/бебиња на поголема возраст. Ама не, нашиве стари, млекото горчело, старо, не чинело.... Тргнете се ве молам од такви луѓе периодов и ти и членкава горе, забранете им пристап, многу се фрустрирам, извинете на негативава ама морам и јас да ви дадам поддршка. Дојте си ги бебињата кога сакате, колку сакате, каде сакате. Ако си прекинала и сега сака пак дај му и ако сакаш пробај со консултации воспостави си пак лактација, ако ти е напорно и така нема да згрешиш. Млекото ви е најубаво, најхранливо, најдобро, уживајте колку и да е, и кратко и долго, малку или многу, не е важно, ама никогаш немојте да се сомневате во себе и своето тело.
И јас дојам така,од една града на еден подој. Цела ја исцицува и побрзо се најадува. Потоа следната на другиот подој. Некогаш знам од двете да дадам ако се успала на пример.
Оф мајки од каде да почнам ... Породена сум царски, поради антибиотска терапија не смеев да дојам првите недела дена, по доаѓање дома започнавме со доење. Бебе вриштеше додека да ми надојде млеко бидејќи многу касно ми дојде, па дадовме АД со паралелно упорно ставање да цица. Второ дете ми е, првото е ексклузивно доено 6 месеци со вкупен доенечки стаж од 20 месеци и душа ме боли што истото не можам да го приуштам и на ова бебе . Исфрливме АД на недела дена и бебе цело време плаче, буквално секогаш кога е будна она плаче до помодрување...цица цело време не гледам на саат, мислам дека дојам 24/7 ама после цицање дремнува 10 минути и пак почнува да плаче . Вчера и дадов АД после доење и дете се смири и заспа и спиеше 3 саати, кога стана беше мирна не се будеше со плачки како претходно. Што да направам за да појачам квалитет на млеко, јадам овесни за доручек, пијам чај за доилки, пијам многу течности, не знам веќе што друго да превземам. Ми се плаче искрено Извинете на долг пост, ама душа ме боли од што не знам што да правам веќе. Ве молам за совет, секој е добредојден
Ја носевме на педијатар на 3 недели старост, имаше качено 800гр од исписна тежина (тој период беше на доење и АД)
Здраво Вака, ние имаме 4 дена, во болница додека бевме бебе многу убаво си фати на града и си влечеше, но јас немав воопшто млеко.. кога дојдовме дома зедовме Аптамил 1 и му давав тоа во комбинација со града, вчера вечерта и денес убаво ми надојде млеко но бебе не сака да фати, со плачки, молења, кенкања едвај да фати.. совет некој? Како да знам дали бебе цица доволно, дали да му давам да цица и да измолзувам плус? Знам дека сигурно се научи дека од шише полесно му тече па нејќе на града сега.. ама многу сакам да дојам, не знам што да правам да си фаќа пак како првите два дена ..
Е како да не бебе од 5 дена се научило Ништо се нема научено. Нека си цица и одмолзувај се, велиш имаш млеко, ад не ти треба.
А зошто да се одмолзува,јас само го дојам бебето не одмолзувам иако не ги исцицува градите,ама цица често, и со првото синче не одмолзував.Млеко имам,некогаш бебето цица 5 мин некогаш 15 мин не гледам веќе на саат. Давај му да цица почесто и не давај ад,ке си најдете ваш ритам.
Оти членката напиша дека бебето не сака да цица, а ако не го вади млекото од градите како би се одржала лактација?
Кога ќе доиш затвори се во соба , да се поврзете со бебето да фатите ред. Тешко е на почетокот тоа плаче незнаеш зошто ти се нервираш па и коментари од страна. На мене на почетокот уште невидено бебе само на камера одма гладно е затоа плаче, викам неможе да е гладно кога напредна 1500 за еден месец и повраќа вишок млеко и цица од една града. Е многу се нервирам од глупи коментари и никако не им останувам рамнодушна.
Пробав вчера да се одмолзам, малку само истече млеко.. се загрижив да не го оставам гладно.. вечерта со маки се доевме и додека беше на едната града, на другата имаше кругче од млеко, не ми остана памет.. не спиеше цела вечер и се мачевме па сабајлето морав да му дадам АД од страв да не го прегладнувам.. не знам дали да продолжам да комбинирам или да се мачиме со доење, но што ако немам доволно млеко и седи гладно..
Мила не се откажувај од молзењето. Мораш на два часа да се молзиш за да има млекце и да создаваш ново. Ако не молзиш, ќе престане
според мене, комбинирај, и града и ад, прво на града па дај по некое време ад (јас така правам, првите денови го пиеше цело шише 30мл на 3 часа, сега намаливме во 3 шишиња дневно)
Здраво мајки, Скоро 2 месеци има бебенцето, цица кога сака и колку сака, на 1 саат, на пола саат, најчесто на саат и пол, и најголемо растојание ни било два и пол часа. Поголемо растојание меѓу подои не сме имале до сега. Добивам коментари од бабиве, мајка, свекрва дека наводно не било тоа добро, не му се варело наводно млекото убаво, затоа имало грчеви, затоа плачело и слично. Сум требала да чекам подолго меѓу подои. Прашањето ми е дали тоа е вистина?! Друго исто сакам да прашам, градите ги осеќам тврди, ми се полнат со млеко и почнува бебе да цица, дали кога ќе омекне градата тоа значи дека исцицало се? Во некои случаеви гледам градата е мека/млитава, а бебе почнува да се нервира и тогаш ја нудам другата и си цица од другата. Значи некогаш цица на двете, а некогаш само на една. И дали на следно доење треба да се нуди последната града на која цицало претходниот пат?