На почетокот додека да се среди лактацијата градите се тврди, но потоа се меки еве ја дојам 3 месеци скоро 4 градите ми се меки. И мене бабицата ме советуваше доење на 3 часа и да цица од двете гради. Не ја послушав бебе плаче се зајдува, ја доев на 1,5-2 часа од една града, бидејки од две и е многу. Сега цица строго на 2 часа од една града. Бебе цица колку сака и кога сака. Но не секогаш кога плаче бара да цица. Може пелената е полна , му се спие , бара утеха, го боле меше. Ќе те советувам за грчеви да даваш капки, масажи , вежби на меше, пробиотик. Ти да пиеш чај од анасон. Има и за бебиња чаеви на хип за грчеви твој избор е дали ќе дадеш или не. Јас еднаш и понудив се смири. Потоа само спремав кога излегувавме но кога се враќавме го фрлав. Ако приметиш дека од некоја храна се грчи повеќе, плака нема да го јадеш тоа.Некои бебиња имаат повеќе грчеви некои помалку тоа е процес кој треба да се мине. И да бебе е тоа ќе плаче. Неможе да каже што му е па се жачи со плач. Води се според бебе а не според баби , ти си мајка не тие. Кога се смее сите велат еј види ми се смее , гука. А кога плака соте викат зошто плака. На следниот подој се нуди последната града на која цицало доколку цицало само малку од таа града.
Изгледа ќе мора да се измолзувам и така да давам. Смотко мој кога е подзаспан/заспан му текнува како се цица, а кога е буден брадавицата ја влече како да е лажливка. Го ставам нон стоп и само се нервираме и двајцата. Е сега ме интересира кога се измолзувате? После цицање? Во што го замрзнувате вишокот млеко? Ајде хелп малку. Имам млеко, ама страв ми е да не ми прекине зашто не ми влече убаво од гради.
здраво, бебе е две недели. Не цицаше туку претежно беше на мајчино млеко измолзено, ретко давав ад до вчера. Вчера почна да го враќа моето млеко, да плаче додека пие и она што го испила во рок од еден час го повраќа. И пак плаче дека е гладна. АД Бебелан го прифати добро и пие без мака, од тоа само блуцка, не повраќа. Искуства? Не сум пиела кафе, ниту газирано, повеќе лесна храна внимавам да консумирам, а имам млеко па жал ми е да го фрлам, а не можам да ја сфатам причината зошто повраќа. Во болница првите два дена поврќаше зашто имаше голтнато плодова вода, но дома се стабилизиравме
Да, све продужив како у трудноќа. Пренатални, за железо, вит Ц и магнезиум понекад кога ме боли кичма.
Се измолзував после цицање. Млекото го замрзнував во кесички за млеко на dr. Brown’s, имаш на разни брендови. Продолжив да ги пијам тие што ги пиев во бременост.
Еднаш во ден ги празнам убаво на средина од две доења. Најчесто сабајле зашто не ги празни убаво дека у сон цица преку нок, а и повеќе млеко има отколку што јаде. После сум раат цел ден. Ги складирам во замрзивач во кеси за молзено млеко. Не и давам од тоа млеко уште и само така го чувам, за суви дани.
И моето синче тешко фаќа да цица,во болница ми покажаа како да ја фаќам брадавката и да му ја нудам да фати,ми рекоа пошто е мал а градите се полнат нема шанси сам да фати ако не му помагам,и плус одмолзувам по неколку капки колку да омекне пред цицање,побарај помош од патронажна сестра,или од некој кој доел да ти покаже како да му помогнеш да фати полесно.Треба со 2 прста да ја фатиш брадавицата и да ја повлечеш така да ја лапне,незнам како посликовито да ти објаснам.Пробувај почесто,нуди повеќе града за да не се мачиш со измолзување,напорно е ама на долг рок се исплати,како расне ке биде све полесно.Ептен ако не бива да е многу гладен дај шише инаку не,јас за ова синче шише воопшто и не купив, на почеток цицаше многу малку,спиеше на града,го будев да цица ама гледам пд ден на ден е подобро.На првата контрола имаше напреднато околу 120 грами за 10 дена,докторката рече битно напредува не треба дохрана само почесто да цица, утре сме пак на контрола па ке видиме резултат.
Јас почнав да пијам сега оти ко зомби сум, како на норма сме со доењето овие дена, а и ноќи богами. Пијам и електролити, многу сум дехидрирана. Сакав и за имунитет да почнам, ама не можам да најдам информација дали е дозволено бета глукани за време на доење.
Јас многу лекови пиев во бременост и сега некако веќе не ми се пијат,да одморам малку,а исцрпена сум од тоа што цело време сме со бебе на града,посебно ноќе,на секој саат станувам како зомби сум,веќе незнам ден ли е ноќ ли е.Можда треба да ги пијам ке ми дадат можеби енергија плус.Со синчето пиев премама додека доев.
Еден период и мене вака ми правеше. Совет од педијатар беше да ја дојам кога е полузаспана и во затемнета просторија. Да не ја интересираат околу себе предметите. Имаше ефект пробај. Ама мислам дека е период и дека ќе помине.
И јас за време на бременост се отрув од витамини и 300 глупости и ко се породив фрлив се. После месец дена неможев на нозе да стојам, железото 5,9 моиве по дома ми викаа дека личам на зомби и така си почнав пак да си пијам све и свашта
Мајки совет ве молам …Синко има 3 месеци од почеток сме на доење само и никогаш до сега не го оставив на чување …еее сега имам свадба и некако чувствувам дека треба да одам ми треба малку измена психички и да го оставам да ми го чуваат планирам да се измолзам за еднаш да пие дали би било проблем ако му се даде вечерта и формула место мајчино бар 60 мл или да си седам дома најпаметно не знам
Какво седење дома. Спреми си две дози молзено за свадбата. Ама гледај до тогаш барем еднаш да дадеш од шише. Може да не сака адаптирано, син ми не сакаше да помириса ад. На 3 м доста разбираат.