Бевме на контрола денес,за 9 дена бебе качило 380г само од цицање,јас баш се израдував уште ми се чини малечок многу.Тешко е доењето ама за вакви моменти вреди.
Како се справувате со болки во кичма и грб од доење. Каде доите? Јас на кревет со перници потпрена, ама некако ме убива кичмата. Имам и перница, но не е од некоја помош. Дали смеам некоја маст да користам?
И моето бебе е 2 + и исто така и мене ми дојде менс после 40 дена ама еве имам уште млеко ,немам проблем никаков така да можно е и немој да се нервираш ич
Пробај во легната позиција настрана да доиш. Каква маст? Против болки за кичмата? Може некоја што е бруфен по состав.
Една недела сме ... вчера 6тиот ден било СКОК во развој. Цело време сака бебе само да цица, мислам дека 20 часа од 24 поминавме на града. Дали е тоа нормално? патрожната вели да му давам ако не е задоволно и ад (имам купено хипп комбиотик) но немам еве уште употребено. Млеко имам, но бебе никако да се нацица и заспие, туку 2 мин на града и заспива-стави го во гнездото одма плаче недојадено (тој редот што ми го кажуваа од болница по 20мин на града доење, на секоу 2 сати сега на крајов од неделава не функционира више.. Ќе полудам...дали е нормално? И да , цицаме со силиконска Медела...дали се тие штетни силиконските без разлика која фирма се,како што читам по форумиве и муабетиве или се смислени со добра цел? Бидејќи без неа не влече убаво, мало му е муцето а мене мали брадавиците а со неа па ми е супер и бебе нацицано...
Добро утро Мами деснава града ме боли како да сум се удрила, ама ме боли ме корне. Пред некој ден ко да ми беше и малце тврда и дури тт качив, ама најверојатно имаше некој затнат канал па бебе повеќе цицаше таму, јас малце се одмолзував и осетив како си проби. Сега убаво си цица на градата, ја цеди убаво ама мене ме боли ме пече незнам како да објаснам. Ставам листови од зелка ама моментално само ми ја смирува болката и толку Искуство слично? Незнам ни кај кој доктор да се обратам за помош?
Зошто да не чинат? Има мајки кои немаат брадавици, како да дојат, шише да користат? Па и тоа е силиконско. Не читај се. За цицањето ќе го будиш кога ќе подзаспие, скокоткај, скубнувај на косичето нежно, штипни на обравче, мрдни обравче... Да цица активно бар 15мин. И пак, не читај многу, води се по педијатар, мерење и бебе, полни пелени, задоволно бебе. Нормално е додека да се воспостави убаво лактацијата на таа града, но цело време пази да не направи пак грутче. После доење не е лошо да измолзиш да видиш тече ли уште и да си зачуваш млекце нели, не мора со пумпа, со рака, ем така ако има нешто ќе разбиеш. Зелка и топли шишиња, ќе се среди. Ако осетиш болка и црвенило околу, тврдо топче, јави се на Јасна, многу е добра.
@kristina.k јас ова го користам, презадоволна сум а кошта некои 60ден. Туку јас да прашам, што користите за болки во грло додека доите. Имам спреј од прополис ама не ми помага многу. Смее Септолете или други пастили за грло?
Зошто може некогаш бебето при доење да се тегне и плаче на града? А воедно голем цицач и многу добро се снајде од сам старт со влечење и цицање. Бебе е 44 дена старо.
Само овие ми рекоа дека смеам да ги користам. Искрено јас не видов некоја корист од нив. Повеќе чаеви, овошје, лимони и тоа. https://zegin.com.mk/mk/galenika-pantenol-vitamin-c-20-pastili
Жени здраво имам бебенце 50 дена, почна оваа недела да ми јаде 15 мин активно без предтан од една града далинтоа е нормално индоволно после ја затвора устата цврсто заспива го будам но не сака да цица па си мислам да не му е малко порано јадеше подолго