Чим полни пелени најадено си е. Си бараат и близина не дека им се цица толку. Моево навечер ќе се нацица и си легнува со обравчето на градата како на перничка и така си спие, ако се тргнам се буди и пак бара да цица.
Стрпи се мајка, ќе помине. Првите 2-3 недели се така. Ако сакаш да доиш и немаш реална потреба од шише и силиконски брадавици не се откажувај нема да зажалиш.
Жени дојам месец и пол со силиконски брадавици океј ми е на бебе е океј, сакам да пробам без нив, некој совет како? Сеуште ми се даска брадсвиците и мали се нервира кога треба да фати
Јас исто користам, меѓутоа поради рани на брадавиците и краток период. Бебе цица на едната града со брадавица, на другата без. Нема некоја разлика. Евентуално да пробаш, неколку пати да испумпаш за да ги извлечеш малку па да дадеш да цица. Меѓутоа кога ќе дадеш да цица, цела ареола ќе ја пикнеш во уста.
Јас во сред цицање му ја вадев и полека почна да фаќа и без неа. Веќе две недели си цица без силиконските брадавици.
Леле кои глупости значи. Ќерка ми е скачка од раѓање еве 3 години. Првиот месец стави 1800гр никој ништо не ми рече. Во генерацијата со ќерка ми имаше крупни бебиња ставаа доста повеќе првите месеци никој ништо не викаше. Бебе не се става на диета, бебето точно знае колку му се јаде толку јаде. Вишокот го бљуцка. Сега син ми првиот месец стави околу 2200 пак никој ништо не рече. Допрва почнуваат да мрдаат повеќе, па ќе пролазат, ќе станат активни, повеќе ќе трошат помалку ќе ставаат, тежината од цицањето не е ништо за загрижување. Бебе се храни на барање и тоа е тоа. Ич да не ве допираат тие муабети. Таман во се бебињата.
Мајки ај хелп. На доење е бебуш од старт еве веќе месец и 5 дена. Лактацијата си беше убаво воспоставена, двете гради меки, бебуш цицаше на саат ипол, два максимум. Овие три четири дена почна да цица на 3 саати отприлика, синоќа дури 4 саати сврза, а мене едната града ми станува камен топка ко да ќе пукне, а другата си е мека. Некогаш цица само од едната и заспива. И сега јас ако дадам само од тврдата ќе ја испразни, ама другата останува недопрена до следен подој што значи може да фати и 5-6 часа нецицана. Ако дадам од меката, тогаш тврдата ќе препукне. Се е во ред кога со кратка пауза ги цица и двете ама навечер е проблем кога и е доста само едната. Како да правам, како да давам, како да домолзувам? Страв ми е тврдата да не створи грутки, а меката да не снема млеко ако ја скокам во подои. Уф хаос било ова доењево, таман мислев ред фативме ете нов проблем.
Јас пумпам после доење сабајле кога више не се издржува така ги празнам двете и после сум раат цел ден. Инаку се исто е и кај мене, само што мене и двете ми стануваат камен и течат како чешма.
дали силконските брадавици направија некој проблем? (гледам дека постот е 2016, сиг детенцето е више големо ) и јас имам мали брадавици, тој мало усте и користиме медела силоконски, но повеќето ми викаат не, немој долго глњдај да го научиш без нив-ќе му се искривеле забите после а бебе без нив, ме фаќа убаво и не е нацицано, си игра само со градата
Ова само кај нас го има од мајки и свекрви што се истовремено и педијатар и стоматолог, стручни во секоја област по потрреба. Не се искривуваат забите, првото дете го доев исклучиво со силиконски од истите причини, 7 години е и нема криви заби.
Фала ти ели малку ми фалеше да се откажам од доење ради вакви муабети. Сега ме фаќа криза зашто мало само сака цица и повраќа се прејадува и ми е страв се да не повраќа па си мислам од силиконскитр да не е. И уште кога ќе ти кажат таков муабет како да не си добра мајка што доиш со силиконски ми се иде да полудам
Еве сега се разбудив и буквално утоп бев на спавача, градата течела дур спијам ама барем и олеснило малце. Ќе видам колку ќе исцица сега, па остатокот ќе го домолзам. Меката града на почеток константно течеше, а сега само малце дур дојам на другата. Белки и оваа ќе се среди според новово време на цицање, јас само се исплашив да не добијам некои грутки и тт од шо се преполнува така.
Што се не ми имаат кажано за првото. Ич не уживав со бебе. Постојано се нервирав за: слабо млеко, горчливо млеко, ако јадеш кромид суво така главици ќе имаш млеко, ако јадеш лукќе ти мириса на лук Ако прерипнеш подој ќе ти скисне млекото... Коа ќе чекаш второ бебе 7 год имаш време да размислиш. Не планирам некој да ми го скрати уживањето во бебешки мириси со недоветноста своја.
Maјка кои заби да се искриват, бебе се раѓа со формирани заби, не се создаваат отпосле. Млечните паѓаат и после борбата е со трајните, но од искуство еве, моето му паднаа млечните доле и трајните растат идентични со моите, иста псотасвеност и иста форма. Башка силиконските се толку многу меки што е невозможно да се искриват забите, башка цица и тргаш брадавица, не му е нон стоп силиконската во уста. Смири се и не слушај други што кажуваат.
Еве мое пресно искуство во поглед на исхраната. Бебе 6 месеци, има еден оброк, се друго е доење. Внимавав на исхраната до трет месец, не јадев грав, грашок,зелка, кафе не пиев, газиранкте сокови скроз ги откажав.. После почнав постепено по малку да внесувам. Ама завчера, имавме тавче гравче и воопшто не ми падна на памет, се изнајадив убаво грав. Леле вечерта бебе вриштеше, пиштеше, крајот не можевме да го најдеме. Буквално цела ноќ плачеше и се стегаше. Кога почна да испушта гасови, сфатив што се случува. Повеќе и грав не јадам