Јас имам млеко и нон стоп скоро е на града. Ама имаше денови кога беше нервозна одбиваше да цица. И нон стоп на памет ми е да не не напредува доволно. Се плашам, прво ми е. И дека го дојам се осеќам одговорна у случај ако не напредува добро јас ќе се осеќам крива пошто не е на ад туку јас го дојам. Знам дека и до бебето е колку сака тоа толку не можеш со сила. Ама ете ќе речам пак прво дете и се паничиш Фала ви на поддршка
Замрзнато молзено после одмрзнување во фрижидер, колку време може да стои на собна температура поточно да го носам со себе за да го дадам на бебе кога сме надвор?
А ако молзам тазе и само го оладам, ќе може подолго да стои надвор? Или некоја друга варијанта? 1-2 сата не ми вршат ама ич работа.
Не. Молзено само и да стои може 4 часа. Нема улога дали ќе биди оладено претходно. За повеќе од 4 часа, ад
Уште ова и не замарам веќе. Ако го ставам претходно во фрижидер (за да не сум у трчање) 5-6 часа и после исто може 4 часа надвор?
Да, ама не го правиш од дома, туку си носиш ладна вода, термос со топла и измерени дозерки и го спремаш на лице место.
Ад ќе си припремиш надвор, со термос со топла вода и млеко и имаш свеж готов оброк. Не. Најдобра варијанта ти е свежо молзено (пред излегување) и ќе стои 4 ч без проблем.
Или ја земаш замрзнатата кесичка млеко со тебе. Дури се одмрзне ќе поминат 2 саата. Ќе побараш ако имаш услов жешка вода и ќе го стоплиш/доодмрзнеш. Бевме на ручек летото, носев замрзнато кесе, значи нарачавме, дознеа со нарачка, ручавме хаха поминаа 2 саати, млекото уште имаше парчиња мраз. Во кола ми стоеше млекото, замисли летно време, сеа на крајов на летово, не на пеколот. Или во термос си носиш врела вода и го стоплуваш млекото. Се издигав од кревет за утринско молзење.
Што мислите, дали јадењето на здравани нездрава храна влијае на составот на млекото? Нели јас молзам, па по стоење во фрижидер во млекото се одвојува мрсниот, хранливиот дел. Гледам тенка линија е тоа, 2 3 милиметра. А на инста, гледав имаат повеќе масно. Па ми влезе црвот дека не се хранам баш здраво периодов него шо најдам на рака.
Не би кажала од мое искуство. Не се хранев многу здраво, ручек еден ден јадев друг не, чоколади чипсови и имав доста дебел слој масно некои молзења а некогаш 2-3 мм. Зависи кога сум молзела. Сепак точно е дека се што јадеш влегува во млекото, затоа гледај ако за ручек си јадела нездраво да земеш нешто овошје зеленчук. Да има баланс, ама да не ти е опсесија.
Тешко дека може да го видиш тоа по млекото што си го измолзила во масниот или не масниот дел . Не верувам, јас јадев најнездраво на свет. И мислам дека имав мешани шишиња еднаш такво еднаш поинакво. Овошје и зеленчук првите 3 месеци дали 3 пати каснав, на леб и маслинки бев, после се опуштив па почнав благо и брза храна да јадам. Телото ти ги зима хранливите материи за во млеко, како и во бременост се што си зима бебе и сега е така со доењето.
Мамички да прашам тие што доите со силиконски ,како ги миете ги дезинфицирате ,јас само со жешка вода па ме фаќа паника да не треба со некакви средства да ги мијам ?