Дома дојде да , месец и пол има , мислев дека сама ќе успеам ама тешко ми одеше имав болки ептен на едната града таа што не ја фаќа убаво и морав да се консултирам со некого.
Мене за блистерот ми рече со крпа со физиолошки да тријам , предходно со малку затоплено масло за бебе да ја омекнам , ако не сака така со стерилна игличка , јас мислам дека го тргнав ама не сум баш сигурна ќе видам утре , она сакаше да ми помогне ама сама кога чепкам таму по не ми е страв и помалку ме боли
Сакам да пршам, вчера десната дојка ми беше полна со млеко, ја испразнив но денеска чувствувам болка во еден дел, како некоја жлезда да ми е воспалена, што да ставам на града?
Воопшто не е мака верувај. Моето искуство е после утрински подој ги празнам градите вадам околу 150мл и складирам. Пумпам по 10мин бебе продужува да спие и си го дојам после. Ти можеш пред излегување, дој го, спреми се, пумпај и излези си. Ќе видиш дека е многу практично, на почеток може малку непријатно да ти е од пумпата ама после 5-6 пати ќе немаш гајле. Се е рутина. Со лесно.
Да се надоврзам на муабетот , само јас ли пумпам цел саат и вадам само 60- 80 мл? Имам молзено неколку пати навечер кога бебе веќе не цица, преку ден. Бебе цица од една града на подој, кога стиснам рачно има уште млеко но по еден час јас немам веќе трпение за да молзам . Моја другарка полни цело шише за 15 мин. Или има фора со молзењето што јас уште не ја знам .
Многу ти е саат време, идеално е 20 мин евентуално 30. Има различни програми за стимулација, зависи од пумпата. Помага масажа, јас пример додека пумпам притискам градата од различен крај и се празни повеќе млеко. Топли облоги помагаат повеќе да тече. Масажа пред молзење. И исто зависи големината на инката што ја користиш, да не преголема или премала. Сепак 60-80 мл не е воопшто малку. Највејќе сум извадила 180мл од двете заедно, наутро кога не цицал. После цицање вадам 30-50 пд града. А преку ден молзење од двете гради едвај надминувам 100мл, за да пие. Значи наутро прво молзење дава најмногу.
Наутро немам пробано бебе цица на два часа па и мака ми е не сум воопшто утрински човек . Имам на чико рачна и гледав видеа на YouTube и јас ја притискам градата но на едно место. Имам пробано и после топол туш. Може треба пракса, ќе пробам и со стимулација од различни краеви.
Добра е таа, ја имам и јас, ама ппвеќе молзам со електрочна. Стискај од секаде по малце. Молзи 15 мин и доволно ти е. Ден по ден ќе е подобро.
Со рачна не можеш да извадиш којзнае што. А стимулација со компресии ама да стискаш асално од сите страни, тоа обавезно. Саат време молзење за 60мл е малку, ама голема е веројатноста и пумпата да е слаба односно да не право добар вакум. 60мл вадев за 10мин молзење на града со постојани компресии.
Чико рачната ја има, таае21 мм и има силиконски перничика на градата. Ја имам јас, добра е, ствара вакум, ама ако и одговара на градата. Ама шал, рачна е, ако вадам со електрична 120, со рачна 80.
Се зависи колкави гради има. И како молзи, зошто без ритмички пумпање потешко се стимулира и помалку се вади. Јас рачна имам на Томи типи, слична е, и со неа вадев по 100-120, купив електрична и почнав по 150-160 од града па дојдов до 240.
Мајки како е правилно со доењево? Еве денес еднаш измолзено и дадов бевме надвор и после тоа уште два пати усвари два подои од истата града и дадов да цица зошто не ја доцицува а докторката ми рече обв да ја доцица прво едната зошто има течна столица, а напочеток вика е вода повеќе млекото. Другата града во меѓувреме камен ми се напраи и додека да стане да цица дали да ја одмолзувам таа града или да ја чекам на пример она да стане и да ја цица? Си викам дане си напраам беља така или нема гајле
Не е битно дали доцицала или не, менуваш града на секој подој. Градата не е тетрапак да се испразни, она како цица бебе одма лачи млеко.
Неможам никако да ја натерам да цица повеќе, се заситува напочеток и дека има поголем млаз и после прекинува или дреми се успива, ја кревам ја пресоблекувам и пак ја ставам и како цуцла и е после.
Навечер и јас вадам помалку, сабајле мислам околу 9 часот зашто мојата е спанка и нема многу апетит навечер и од зорт морам да пумпам после доење за да си олеснам. Зависи која ти е целта на пумпањето така ќе си темпираш. Инаку за сите што сакате повеќе млеко пиво безалкохолно. Тестирав некој период и дефинитивно има ефект, само не препорачувам ако имате веќе воспоставена лактација да го пиете навечер.