Се роди 3550гр на 15 октомври ја меривме 5300гр беше, на 25ти овој месец ја меривме околу 6030гр беше. На 09 ноември 4 месеци ќе прави.
Супер си е, не и се сеќирај, следи ја само во пелената да не има портокалови траги, само тоа ти е репер за тоа дали е гладна и жедна, ако мочка и кака редовно, додуша бебиња кои се доени и да не какаат една недела не е страшно, немаш грижи.
Дечки, моето бебе направи 9 мес, времето лета. Мислев дека до сега ќе намали со цицање, ама он уште поише цица, има доручек, ручек и обично банана за вечера и пак станува на 3 саата навечер да цица. Башка што има 4 запчиња па ми прави рани што не можат да заздрават. Дома сум, од дома работам па не е проблем ни да цица подолго. Ама како да знам колку му е доста кога ем цица ем јаде ем станува се потежок. Сакам да прашам како ги откажавте вашите од цицање, барем навечер?
Јас ќерка ми на таа возраст ја одвикнав од ноќно будење со тоа што кога стануваше почнав да и нудам шише со вода место да цица. За една недела престана да се буди и си ја преспиваше цела вечер. Е сега нас не фати лето па дали тоа има врска не би можела да кажам
Почни со разредување на млекото со вода за на крај да стигнеш до вода, тоа ко да прочитав негде. И во вечерата вметни и житарка за да го држи повеќе сито.
Житарка да, оние готовите кашички беа со житарки, уште не сум дала од тие. Инаку, цица, нема со што да разредам. Сега прочитав дека може и без цице да презаспива ама да си поплаче, а тоа не може бидејќи татко му ќе стане и ќе вика зашто плаче. Еве сега заспа порано, во 8 место во 9, па да видам дали и тоа има влијание. Иначе, ми е жал да не цица, сакам ама некако срце не ми дава. Ај уште малку ќе издржам. Иако, и матичниот ми рече кога го прашав дека на 9 мес најубаво е да престане да цица бебе. Мислам од утре да бројам колку пати цица па да намалувам постепено.
Можда најлесно е на 9 да престане, а дека најубаво.. дискутабилно некако . Знам дека доиш мислев мајчино или ад да му разредуваш пошто не ти сака вода. Да не го учиш на чај кога реално нема потреба ни бенефит од него во моментот. Ама ти ако сакаш да доиш не го откажувај уште ноќниот подој. Бар до година или дур не се разјаде саглам јас не планирам, ама ако тоа е решение за после година да се разјаде и да не станувам на 3ч ич не му ја мислам. А ти на маж ти кажи дека плаче пошто он не го успива .
Кој е тој матичен што рекол до 9м доење најубаво да си скине диплома одма! Минимум до 1г е препорачливо, а не до 9м.
Кога го откажав цицањето за заспивање, магично презаспиваше само ако ме осети да ја погалам. Немав мака, беше година и 2 месеци тогаш. Една ноќ заспа без цицање, и веќе не побара. А до таа вечер и ноќе цицаше кога ќе се разбудеше (дека мене така полесно ми беше) Коа се решив дека е крај, не ни побара веќе. Е сеа ова е лесното сценаријо од многуте можни.
Моево се буди намерно да цица. Еве денес цицаше кога стана во 7 после јадеше доручек и пак цицаше за да може маж да го прошета и да заспие. После цицаше во 12,сега во 3, иако јадеше ручек, ама цица за да заспие. А што ставате на градите за ранички, претпоставувам од долго цицање? Пуреланот ми заврши, дали да купам уште еден, ова не проаѓа.
Здраво мајки, Некаде прочитав низ темава но не можам да најдам, во врска со таа некоја криза cо доење околу третиот месец. Моето бебе има 3 месеци и од пред една недела некако се смени начинот на доење. Едната града почна да ја одбива, сака само на другата, во принцип дење не ни сака многу да цица само ја лиже брадавицата, а ноќе затоа, цица добро како што треба и надокнадува веројатно за тоа што денски скоро и да не сака да цица. И исто, времетраењето мнооогу се скрати, цицаше по 15тина минути најмалце, а сега едвај 5 мин. Страв ми е млекото да не ми се намали....некој совет или чаре?
И моето бебе така прави не дава ниту да ја легнам за цицаце кога почнува да плаче едвај ја смирувам или цица како што викаш за 5 минути. Само ноќе цица повеќе. Се ја друго интересира кога ја легнувам, гледа наоколу ама да цица нема шанси. Јас пробувам во тишина да ја дојам и ја затемнувам собата и така некогаш ни успева. Кога ја носев на педијатар така ми кажа да правам и дека било привремено ова. Ме нервира многу вака што прави ако не и понудам да цица цел ден нема да побара па и кога и понудувам и тогаш се буни.
Мора да има причина за раните. Доколку не сте ја откриле, менувај положба, фат на бебето, многу време е 9 месеци да си со рани.
Мене многу ми помогнаа едни како лепенки се со маст на нив, пробај во мк да ги најдеш. Еве и слика ќе ти пуштам.